fbpx
Таг: Ангела Меркел

таг: Ангела Меркел

По средбата Меркел – Заев: Во септември одлука на Бундестагот за одобрување на старт на преговорите

Канцеларката Ангела Меркел информирала дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата, соопштуваат од Влада за средбата на делегацијата на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот за европски прашања Бујар Османи и министерот за...

Заев денеска на средба со канцеларката Меркел

Во рамките на дводневната посета на Германија, премиерот Зоран Заев денеска ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел. Заев на средбата ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. На средбата, една од клучните теми ќе биде датумот за старт на преговорите со ЕУ што треба да биде утврден и на...

Заев има потврда за средба со Меркел, но не открива датум и место

Премиерот Зоран Заев денеска најави уште една средба со германската канцеларка Ангела Меркел, за што веќе има потврден термин, но тој не откри кога и каде би се одржала средбата. - Мене ми е драго што е испратена порака за точен термин за состанок со канцеларката Меркел. Овој успех е и на канцеларката Меркел и на земјите членки на ЕУ,...

Еден уапсен признал вина за кражбата на податоци на германски политичари

Уапсениот 20-годишник, кој се сомничи за кражбата на податоци и разговори на стотици политичари во Германија, која беше откриена, ја признал вината, пишува германски „Шпигл“ на својата веб-страница. Истражител од канцеларијата на Федералната криминалистичка полиција (БКА), која се занимава со овој, еден од најголемите досега, хакерски напади во историјата на Германија, рекол дека уапсениот рекол оти не бил свесен за...

Хакери објавија разговори и лични податоци на Меркел и стотици германски политичари

Германија врие од вчера, кога беше откриено протекувањето во јавноста на лични податоци и различни комуникации на германската канцеларка Ангела Меркел и на стотици политичари. Материјалите, објавени на интернет, биле поставувани во изминативе две седмици од Твитер-корисникот ‘G0d’, кој вели дека се наоѓа во Хамбург, а според неговиот блог, станува збор за истражувач на ИКТ-безбедност. Материјалите содржат и лични и партиски...

Меркел се повлекува од партиското претседателство

Германската канцеларка, Ангела Меркел им пренела на првите луѓе во нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) дека нема повторно да се кандидира за претседател на партијата на изборната конференција што ќе се одржи в декември, јавија светските агенции, повикувајќи се на некои германски емдиуми. „Блумберг“ јави дека веднаш по објавувањето на веста во Берлин, бил забележан пад на еврото на берзата. „Билд“ пишува...

Меркел со писмо до Заев: Да се преземат важни чекори за имплементација на Договорот со Грција

Договорот од Преспа нуди историска шанса за Македонија и за зајакнување на добрососедските односи, нагласува германската канцеларка Ангела Меркел во писмото до македонскиот премиер Зоран Заев. „На 30 септември огромно мнозинство од над 90 отсто од оние кои учествуваа на референдумот гласаа „за“ договорот со Грција. Договорот нуди шанса за историски договор и зајакнување на односите меѓу двете земји. Тој...

Германија бара да продолжи спроведувањето на Договорот, цензусот бил премногу висок

Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефан Зајберт изјави дека големата поддршка на референдумот е причина повеќе за продолжување на Договорот, иако излезноста била мала, пренесува „БТА“. Според Зајберт, важно е да се продолжи со поддршката на спроведување на Договорот, кој, како што рече, претставува историска можност за надминување на една пречка во односите на Македонија со НАТО и ЕУ. Портпаролот на...

Во пресрет на референдумот, покрај Меркел неделава доаѓаат Курц и Столтенберг

Премиерот Зоран Заев синоќа најави дека оваа недела ќе дојдат канцеларите на Германија, Ангела Меркел и на Австрија, Себастијан Курц како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На трибината во Берово, тој истакна дека „тоа што тројца светски државници неделава ќе го посетат Скопје е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за Македонија“. - Во среда вечер доаѓа Столтенберг,...

Меркел в сабота ќе ја посети Македонија за да се информира за референдумот

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека германската кацеларка Ангела Меркел в сабота ќе дојде во Скопје, но посочи дека конечната потврда за посетата, според протоколот, треба да ја соопшти германската Влада. - Се надевам дека посетата ќе биде на 8 септември, но конечната потврда треба да ја соопшти Германија - рече Заев одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета...

Заев телефонски ја информирал Меркел за подготовките за референдумот

Во телефонски разговор вчера попладнето, премиерот Зоран Заев зборувал со канцеларката на Германија, Ангела Меркел за напорите за европски и атлантски перспективи на Македонија и за подготовките за референдумот, соопшти македонската влада. Притоа, како што се вели во соопштението, Меркел ја истакнала поддршкта од Германија за Договорот на Македонија и Грција. „Германската канцеларка, Меркел, даде поддршка на напорите на Владата и...

Меркел: Нема промена на границите на Западниот Балкан

Германската канцеларка го повтори ставот дека нејзината земја нема да дозволи промена на границите на Балканот. Во последните неколку месеци од српска и косовска страна стасуваат сè повеќе повици за размена на територии меѓу Косово и Србија. - Територијалниот интегритет на Западниот Балкан е дефиниран и не е тема за преговори - порача германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот од...

„Ројтерс“: Трамп напаѓа на самитот, состанокот продолжи без Авганистан и Грузија

На главниот настан од самитот во седиштето на НАТО денеска, претседателот на САД, Доналд Трамп, одново ги нападна членките на НАТО поради тоа што не ги зголемиле трошењата за одбрана, по што самитот на претседателите на земји и на премиерите продолжи зад затворени врати, а покрај комплетните делегации на Авганистан и Грузија биле замолени да излезат и другите членови...

Заврши самитот во Лондон, Британија ја удвојува финансиската поддршка за Македонија

Премиерот Зоран Заев и владината делегација го завршија учеството на Самитот ЕУ - Западен Балкан (Берлински процес), што се одржа во Лондон, на кој учествуваа лидерите на земјите од регионот, премиерката на земјата-домаќин Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел, високата претставничка за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан. Заев на маргините на Самитот, кратко се...

Австрија ќе ги штити границите, по договорот за мигрантите во германската влада

Австриската влада соопшти дека е подготвена да преземе мерки за заштита на границите, по договорот во германската влада со кој се предвидува рестрикција за влез на мигранти во Германија. „Доколку германската влада го потврди договорот, ќе бидеме приморани да преземеме мерки за да ги спречиме непријатностите на граѓаните во Австрија“, се наведува во соопштението. Во него се додава дека Австрија е подготвена...

Меркел до Заев: Германија силно ќе го поддржи Договорот

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, испратила честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за Договорот со Грција за разрешување на спорот за името и порачала дека Германија силно ќе го поддржи, информираше македонската влада. „Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе...

Ангела Меркел телефонски разговарала со Заев и со Ципрас

Германската канцеларка вчера телефонски разговарала со македонскиот и со грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, потврдиле за „Дојче Веле“ од прес-службата на германската канцеларка. Од Берлин доаѓа само потврда дека канцеларката Ангела Меркел телефонски разговарала и со македонскиот и со грчкиот премиер. Темите и други детали не се соопштуваат, но разговорите се реализираат само два дена откако македонскиот премиер...

Набиена агенда на Заев во Софија, ќе се сретне со Ципрас, Макрон, Меркел, Курц, Руте

Премиерот Зоран Заев на 17 мај ќе учествува на Самитот на Европската унија за Западен Балкан што ќе се одржи во Бугарија, земја претседавач на Европскиот Совет. За време на Самитот, предвидена е и средба со премиерот на Грција, Алексис Ципрас. „Премиерот ќе учествува во работната пленарна сесија на тема „Поврзување“ (Connectivity), а за време на работниот ручек на шефовите на владите...

Германија и Франција ќе го зајакнуваат еврото

Германија и Франција се договорија за заедничка позиција за реформи на еврото најдоцна до јуни, и покрај германската колебливост во врска со поголема монетарна унија. Ваквиот став е договорен при вчерашната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Берлин. Макрон претходно ги прифати идеите на Европската Комисија (ЕК) за создавање заеднички систем за гарантирање на депозитите, ЕУ фонд за...

Граѓаните на Германија ќе добијат законско право на брз интернет

Граѓаните на Германија ќе добијат законско право на брз интернет, според коалицискиот договор на конзервативците на Ангела Меркел и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), вели Хелге Браун, кој е именуван за шеф на кабинетот на германската канцеларка. Во интервју за весникот „Билд“, Браун објаснува дека новата голема владина коалиција ќе создаде правна рамка со која граѓаните ќе добијат право на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...