fbpx
Таг: Ангела Меркел

таг: Ангела Меркел

Фотографија стара 20 години фабрикувана како да прикажува маска со Зеленски на карневалот Виареџио

Не е точно дека маска-фигура која го претставува украинскиот претседател Зеленски онака како на фотографијата од постот што се споделува на Фејсбук, некогаш се појавила на карневалот Виареџио. Станува збор за компјутерски изменета фотографија. Оригиналната фотографија е направна во март 2003 година на карневалот во Диселдорф и на неа се гледа маска која ја прикажува Ангела Меркел како излегува...

Вистиномер: На Фејсбук невистинито се тврди дека Обама и Меркел се внук и ќерка на Хитлер

Првото невистинито тврдење е дека Ангела Меркел е ќерка на Хитлер. Адолф Хитлер почина на 30 април 1945 година. Ангела Меркел е родена на 17 јули 1954 година и е ќерка на Хорст Каснер, пастор во протестантска црква. Оттаму, невозможно е Меркел да биде ќерка на Хитлер, со оглед на тоа што таа е родена девет години по неговата...

Олаф Шолц е новиот канцелар на Германија

Олаф Шолц од Социјалдемократската партија е новиот, деветти канцелар на Германија. Тој ја наследи досегашната канцеларка Ангела Меркел со голема поддршка од членовите на Бундестагот. Шолц доби 395 од 707 дадени гласови, што е многу над потребното мнозинство од 369 гласа во Бундестагот со 736 места. Коалицијата на Социјалдемократската партија (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП), има 416 места во...

Меркел вели треба време за да се постигне договор меѓу С. Македонија и Бугарија

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ со лидерите од Западен Балкан во Словенија, порача дека не можат веднаш да се преземат решенија за надминување на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, поради тоа што во Бугарија допрва треба да се одржат парламентарни и претседателски избори. „Тука стана јасно дека следниот чекор што треба да се преземе...

Вистиномер: Не е точно дека „Заев е исклучен од протоколот (на Меркел) за директна средба“

Не е точно дека Заев бил исфрлен од протоколот на Меркел и дека Македонија е понижена и исклучена од иницијативата „Отворен Балкан“ и од процесот за интеграција во Европска Унија, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што ја пренесуваме во целост:   Објава на Фејсбук еуфорично и бомбастично најавува „скандал“ и (дез)информира дека македонскиот премиер бил исклучен од протоколот на германската канцеларка,...

Средба на Заев со Меркел во Тирана: Северна Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев попладнево оствари билатерална средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана, информираат од владината прес служба. Билатералната средба следи по официјалниот работен ручек којшто канцеларката Меркел, во рамките на својата посета на Западен Балкан, го организираше со лидерите на земјите од регионот на кој главна тема беше регионалната соработка. На билатералната средба со канцеларката...

Самит на Берлинскиот процес: Меркел изненадена од бугарската блокада, ЕУ останува посветена на проширувањето

Дури 64 заклучоци донесе Самитот на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес што се одржа вчера по пат на видеоконференциска врска. Заеднички регионален пазар, економски и инвестициски план, зелена агенда, одговори на ковид-19 пандемијата, безбедност, миграција, мало наоружување и лесно оружје, помирување, исчезнати лица, интеграција на Ромите, младите и политики поврзани со младите, тинк-тенк и граѓанско општество, образование,...

Меркел заминува, Армин Лашет избран за нејзин наследник на чело на ЦДУ

Наследник на Ангела Меркел на чело на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) е Армин Лашет, актуелен премиер на германската покраина Северна Рајна Вестфалија, јавуваат светските медиуми. Изборот на Лашет ќе значи продолжување на прагматичната политика што ја воспостави Ангела Меркел во изминатиот период од 16 години. Лашет победи во вториот круг од гласање на одржаниот он-лајн конгрес, на кој учествуваа 1.001 делегат....

Меркел разговарала со Борисов, очекува во блиска иднина да се реши прашањето за пристапните преговори со ЕУ на земјава

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Бундестагот одговори на прашањето на Претседателот на Комисијата за европски прашања, Гинтер Крихбаум во врска со неуспехот на Германското претседателство со ЕУ да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија до крајот на годинава, како што беше ветено. Крихбаум изјави дека уште еднаш земја-членка на ЕУ ја злоупотребила својата позиција против земја-кандидат со наметнување...

Заев: Вистинско решение со Бугарија е можно само ако двете страни излезат како победници

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев смета дека на Балканот, кога станува збор за билатерални спорови, според неговото лично искуство од преговорите со Грција, вистинско решение постои само ако двете страни излезат како победници. „Односно кога едната внимава на другата страна и обратно“, рече заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со спорот со Бугарија околу македонскиот јазик и заедничката...

Земјите од Западен Балкан во Софија потпишаа декларации за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда

Лидерите од земјите на Западен Балкан на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес денеска ги потпишаа двете декларации за Заеднички регионален пазар и за Зелената агенда. Двата документа се голем успех од заедничкото ко-претседателство на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес, бидејќи ги обединуваат напорите на Западен Балкан за уште поблиско интегрирање кон нормите и...

„Ретката фотографија“ на Адолф Хитлер со ќерка му – мајката на Ангела Меркел, е измислица

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Меркел и Макрон предложија посебен буџетски фонд од 500 милијарди евра за економско заздравување од корона вирусот

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот престедател Емануел Макрон предложија основање на посебен буџетски фонд за заздравување од економските последици од пандемијата со корона вирусот, во износ од 500 милијарди евра. Фондот би бил поврзан со новиот буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година, а парите ќе ги обезбеди Европската комисија со дополнително задолжување на финансиските пазари....

Ангела Меркел во домашна изолација, била во контакт со лекар заразен со корона вирус

Германската канцеларка Ангела Меркел од неделата вечерта се наоѓа во домашен карантин, каде ќе биде најмалку две недели, затоа што во петокот била во контакт со лице заболено од корона вирус. Откако претходно ја одржа конференцијата за мадиумите и и се обрати на нацијата, шефицата на Владата во Берлин синоќа се повлече во изолација. Како што објави портпаролот на Владата,...

Рот – Димитров: Ќе продолжиме со заедничките напори за чекор напред

Ја споделуваме разочараноста заради неможноста Северна Македонија да го направи заслужениот чекор напред. Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома, порача Михаел Рот, државниот министер при Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, надлежен за Европа, на денешната средба во...

Меркел и Пленковиќ со позитивни сигнали за преговорите, но фали Законот за ЈО

Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашната средба во Берлин со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека се надева дека ќе има напредок во отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија со Европска унија на Самитот на 5 и 6 мај во Загреб. – Самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Загреб е многу важна работа поради проблемите...

Започнува Состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон

Во Лондон започна Северноатлантскиот совет (NAC) на шефовите на држави и/или на влади, на кој учествува и премиерот Зоран Заев, министерката Радмила Шекеринска и министрите Бујар Османи и Никола Димитров. Заев, се сретна и разговараше со премиерот на Канада, Џастин Трудо, премиерот на Шпанија, Педро Санчез и канцеларката на Германија, Ангела Меркел. „Лидерите на овие земји сојузници на Македонија изразија целосна...

Француското „не“ ги стопи надежите на македонските граѓани

Француското категорично „НЕ“за проширувањето на ЕУ и недавањето датум за почеток на преговорите за Македонија и Албанија на Самитот на Европската Унија, ја одбележа оваа долга недела на неизвесност. Франција остана докрај доследна на ставот „Прво продлабочување на реформите во Унијата, а потоа проширување“, па и покрај тоа што мнозинството земји-членки го поддржаа отворањето пристапни преговори, нашата држава и...

Меркел: Шансите Франција да се согласи за датум не се големи

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија не се големи, пренесува „Дојче веле“. Во нејзината изјава во германскиот парламент пред денешниот Европски совет во Брисел, Меркел повторно се изјасни во прилог на давање европска перспектива на Северна Македонија и на Албанија. - Ние имаме одговорност...

Грчки медиуми дезинформираат: И Меркел и АДАК употребуваат „Северна Македонија“

И Германија и Ангела Меркел и германскиот автомобилистички клуб АДАК, една од најголемите такви асоцијации во светот, во сите ситуации го користат името Северна Македонија, а не само Македонија, и тврдењето дека тоа не е така е ноторна невистина, пишува грчкиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Еllinika Hoaxes“ во нов напис посветен на дезинформација за...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...