fbpx
Таг: Андроид

таг: Андроид

Јутјуб ја тестира апликацијата „Smart Downloads“ што ќе овозможува симнување на видеата

Јутјуб платформата деновиве ја тестира апликацијата позната како „Smart Downloads“ што на корисниците ќе им овозможи опција за сминување на 20 видеа неделно кои ќе бидат достапни за проследување без користење на интернет. Aпликацијата ќе биде достапна само за претплатениците на Premium YouTube услугите во Европа и само за уреди што ја имаат последната верзија на Android. Според извештајот што...

Андроид го надмина Виндоус како најкористен оперативен систем при сурфање

Оперативниот систем за паметни телефони и таблети Андроид првпат во својата историја го надмина Виндоус како најкористен оперативен систем при сурфањето на интернет. Според истражувањето на компанијата за веб-аналитика „СтатКаунтер“, во март годинава 37,93 отсто од сето сурфање на интернет што компанијата регистрирала отпаѓале на Андроид, а Виндоус е само малку подолу, со 37,91 отсто. Компанијата напоменува дека станува збор...

Апликациите на „Мајкрософт“ ќе бидат прединсталирани на уредите со „андроид“

Компанијата „Мајкрософт“ објави дека најдоцна до крајот на годинава ќе почне да ја применува практиката за таблетите на „Самсунг“ и на „Дел“ со оперативен систем „андроид“ да доаѓаат со прединсталирани апликации како што се „ворд“ „ексел“, „пауер поинт“, „ван ноут“, „ван драјв“ и „скајп“. Уште во февруари „Мајкрософт“ потврди дека „скајп“ „ван ноут“ и „ван драјв“ доаѓаат прединсталирани на телефоните „samsung...

„Блекбери“ понуди пристап до апликациите „андроид“

Компанијата „Блекбери“ лансираше нова верзија на својот оперативен систем, кој на корисниците на мобилните уреди на овој произведувач ќе им овозможи пристап до апликации „андроид“. Оперативниот систем 10.3.1, исто така, носи и унапредување на постојниот кориснички интерфејс и уште многу нови опции, со кои се надградуваат постојните софтверски решенија. Новиот оперативен систем е достапен за уредите Z30, Z10, Q10, Q5,...

„Гугл“ со „андроид“ ќе ги освојува бизнис-корисниците

Американскиот интернет-пребарувач „Гугл“ лансираше програма која овозможува паметните телефони што користат оперативен систем „андроид“ да бидат прилагодени за професионална употреба. „Гугл“, на својот официјален блог, објави дека програмата „андоид за работа“ (Android for Work) ќе обезбеди подобрена безбедносна алатка и функции наменети за компании кои сакаат да ги опремат своите вработени со уреди со оперативен систем „андроид“. Паметните телефони со оваа поддршка ќе...

„Епл“ ја изработува првата апликација за уредите „андроид“

Компанијата „Епл“ најави дека работи на својот прв сервис за стримување музика во соработка со компанијата „Битс“. Сервисот бо требало да биде конкуренција на постојниот „Спотифај“ и нему сличните. Наместо да ја користи веќе постојната „битс-апликација“, „Епл“ развива целосно нова, која ќе ги замени музичките плеери на „iOs“ уредите. Ова е прва апликација која компанијата „Епл“ се развива и за уреди „андроид“.

Во февруари ќе пристигне новата верзија на „андроид“

Повеќето корисници на уредите „андроид“ уште со нетрпение очекуваат да ја добијат лолипоп-верзијата на оперативниот систем, а веќе на интернет се појавија гласини дека „Гугл“ подготвува нова верзија. Според неименувани извори, а наводно се работи за лица добро упатени во целата ситуација со идната верзија, според кои, новата верзија на оперативниот систем „андроид“, треба да донесе повеќе подобрувања, како и...

„Гугл мапс“ нуди повеќе информации

„Гугл мапс“ за оперативниот систем „андроид“ кон почетокот на месецов ја доби опцијата за ажурирање „материјал дизајн“, како и уште некои нови опции. Сега е објавена новата верзија и уште некои други корисни функции. Апликацијата сега ќе прикажува колку е часот, какво е времето, ќе ја одредува оддалеченоста на вашата дестинација, како и колку време ќе ви биде потребно за да...

Откриено зошто на телефоните „андроид“ им треба повеќе работна меморија

Интернет-страницата „Квора“ (Quora) конечно даде одговор на една од најголемите мистерии за денешните телефони – зошто „ајфон“ работи без проблем со работна меморија од еден гигабајт, а телефоните на оперативен систем „андроид“ им е се потребни два или три гигабајти работна меморија за нормално да функционираат. Како што наведува вебстраницата, разликата е поврзана со фактот што апликациите за „андроид“ користат...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...