fbpx
Таг: АНБ

таг: АНБ

Притвор за лице кое лажно се претставувало како вработен во АНБ и изнудило 180 илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела изнуда и лажно претставување. Според обвинителството, тој во периодот од 14.12.2023 до 05.04.2024 година, лажно се претставувал како службено лице – вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани присилил едно лице да му даде...

Зарко Милошевски е нов директор на Агенција за национална безбедност, соопшти Владата

На денешната владина седница, е одлучено Зарко Милошевски да биде назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Како што соопштуваат во Владата, Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник директор на одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ, каде што има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на одделот. „Тој...

Контраспин: Во барањето за државјанството на Онишченко, сепак, има измама и неговата изјава е спин

Олександар Онишченко спинува кога вели дека нема измама во неговотo државјанство, затоа што тој при апликацијата не го запазил став 5 од член 7 од Законот за државјанство и премолчел битни факти. Без оглед што главниот и најголемиот кабает е при македонските органи и институции, пред сè, кај АНБ. Дополнително истрагата сè уште е отворена, па може да излезе...

Виктор Димовски и на Владата ќе и објаснува како Онишченко добил пасош

По случајот со контроверзниот Украинец Олександер Онишченко, кои иако бил на црната листа на САД, сепак добил македонски пасош, директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски веројатно утре ќе треба да реферира на седница на Владата, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој е категоричен дека мора да се утврди одговорноста за доделувањето државјанство на Украинецот, кое, инаку, е...

Директорот на АНБ в среда треба да објасни како Онишченко добил позитивно мислење за државјанство

Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е повикан во Собрание во среда, каде што ќе треба да даде онјаснување за улогата на Агенцијата во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко (53). Тоа ќе треба да го стори на седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата. Инаку АНБ дала позитивно мислење за да украинецот добие македонско...

Виктор Димовски: Одлуките за кандидатите за прием во АНБ се донесени со мнозинство

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, на денешниот брифинг со новинарите во Владата информираше за работата на комисијата за селекцијата на вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) кои аплицираа на јавниот повик за прием во Агенцијата за национална безбедност (АНБ). - Во текот на денешниот ден, имав средба и реферирав пред надлежната Собраниска комисија за...

Кандидатите за Агенцијата за национална безбедност ќе мораат „доброволно“ на детектор за лаги

Доброволно полиграфско тестирање е задолжителен услов за вработување во новата Агенција за национална безбедност (АНБ), стои во Законот за Агенција за национална безбедност, што Собранието го усвои вчера. Тестирањето на полиграф (детектор на лаги) е пропишано во условите за засновање работен однос во АНБ. Работниот однос е условен со позитивно мислење за полиграфското тестирање за проверка на професионалниот интегритет, односно...

Новите печати ќе бидат и со новото име и според Законот за употреба на јазиците

По налогот од Владата од пред неколку дена сите државни институции во својата работа и во различните документи да почнат да го употребуваат новото име на земјава - Република Северна Македонија, од Илинденска број 2 стаса ново задолжение - да се изработат нови печати во склад со законот за употреба на јазиците. Како што објасни владиниот портпарол Муамет Хоџа, на...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...