fbpx
Таг: анализа

таг: анализа

Општините продолжуваат со праксата на неплаќање на обврските

Во септември 2020 година доспеаните, а неплатени обврски на македонските општини достигнуваат вредност од 63,8 милиони евра, укажуваат од Центарот за економски анализи во новата студија насловена „Јавните финансии на општините и ковид-19 во Северна Македонија“. „Во текот на 2020 година (заклучно со трет квартал) се зголемиле за дополнителни 10,1 милиони евра што претставува поголема вредност од вредноста на вкупниот...

Анализа на „Фајненс тинк“: Земјоделските работници – тивка жртва на пандемијата

Пандемијата со ковид-19 предизвика македонската економија да се намали во просек за 9,1 отсто во вториот и третиот квартал од 2020 година, но невработеноста благо се намали, како резултат на деактивирањето на работната сила во време на кризата и на владините мерки кои целеа да се зачуваат работните места. Во земјоделскиот сектор, движењата беа обратни - производството во секторот,...

ЦГК: 30 најголеми државни претпријатија лани имале приход од 732 милиони евра, но слаба транспарентност и отчет

Вкупниот приход на 30-те најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа за периодот од 2015 до 2019 година изнесуваат 45 милијарди денари (732 милиони евра), а во нив работеле вкупно 22.140 работници. Приходите се зголемиле за само 2 отсто, а просечната стапка на профитабилност кај нив во овој период изнесувала скромни 6 отсто. Средствата што ги поседуваат...

Анализа на ЕСЕ: Жените треба повеќе да бидат вклучени во активните мерки и програмите за вработување

Невработените лица кои не се регистрирани во Агенцијата за вработување изнесуваат 55 отсто од вкупниот број на невработени во земјава и тие немаат право до пристап на мерките за вработување, што особено влијае врз жените. До крајот на 2019 година, стапката на активност на работоспособното население е 57,5 отсто, а на невработеност изнесува 17,3 отсто што е значително повисока...

Анализа: Македонската економија со години жртва на популизмот и клиентелизмот

Од буџетите на државата со години наназад најголем процент се прераспределува за администрацијата, која наместо сервис за ефикасни јавни услуги, се третираше повеќе како гласачки контингент без воопшто какви било мерења на нејзините перформанси, без етика и без создавање на вештини за давање на квалитетна јавна услуга. Ова е едно од укажувањата во новата анализа на Центарот за економски анализи...

Порталб анализа: Во некои дејности се делат откази, во други има побарувачка за нови вработувања

За речиси 52.000 лица е зголемен бројот на регистрираните во графата „невработени“ на крајот од октомври годинава, во споредба со лани истиот месец. Близу 16.000 лица се соочиле со губење на работното место како последица на кризата со ковид-19, пишува „Порталб.мк“. Здравствената криза донесе дисторзија на пазарот на труд, многу луѓе останаа без работа, но има професии кои се...

Анализа на Порталб.мк: Долга листа на проекти од Буџетот за 2021-железница, гасификација, клинички центри

Завршувањето на реконструкцијата на железничката пруга на Коридорот 10, изградба на локални патишта, изградба и обновување на источниот дел од железничката пруга - Коридор 8, делница Куманово - Бељаковце - Крива Паланка, најава за изградба и реконструкација на здравствени установи, на училишта и студентски домови – долга е листата на проекти што треба да се остварат во буџетската 2021...

МОТ: Жените и младите работници се најпогодени од ковид-кризата

Да се таргетираат најпогодените од здравствено – економската криза и така да се дизјанираат владините мерки за помош, е препораката што денеска од Штип ја упати Емил Крстаноски од Меѓународната организација за труд (МОТ). Говорејќи на четвртата Текстилијада, Крстаноски рече дека Економско-социјалниот совет по општините е местото каде се разговара за потребите на работниците, бизнисите и локалната заедница, платформа...

АНАЛИЗА на Порталб: Кои проекти одат под “нож” со буџетскиот ребаланс?

Преполовени средства за изградба на владини објекти, спортски сали и училишта, намалени пари за гасификација и за локални патишта, повеќе за рурален развој и за НАТО. „Порталб.мк“ објавува детали од Развојниот дел на ребаланс на буџетот – кај кои министерства и агенции колку се крати, а кои ќе добијат повеќе со ребалансираната каса. Кое министерство колку добива или губи... Преку Службата за општи...

Ќе се забранат домашни слави, забави и собирања по паркови и бензински, маските ќе бидат задолжителни и на отворено

Комисијата за заразни болести предлага нови мерки за да се спречи ширењето. Се предлага да се забранат семејните собири, прослави и слави и секакви забави во домашни услови. Предложено е во еден стан или куќа да се примат најмногу четворица гости, покрај оние кои се со адреса на живеење во домот. Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција...

Тетово го „претрка“ Охрид според висината на долговите, на листата и Карпош, Струга, Делчево

Со пријавени доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 7,9 милиони евра Општина Тетово на чие чело е градоначалничката Тута Арифи го држи приматот на „најзадолжена локална самоуправа во земјава“, пишува „Порталб.мк“. Оваа должничка состојба се однесува до крајот на јуни годинава и во однос на состојбата на крајот на март, долгот на Тетово се зголемил за 500.000...

ДКСК бара да се преиспита висината на апанажата за поранешните пратеници и владини функционери

„Ако можат луѓето со просечна плата да живеат, зошто да не можат и поранешните пратеници?“, праша денеска Катица Николовска, членот на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) која ја презентираше последната анализа на „употребата на буџетските средства од страна на државните органи“, односно како институциите ги трошат парите за апанажа, закуп на станови, патни трошоци, службени возила, репрезентација... ДКСК проектот...

ИФИМЕС: ЕУ и САД мора да ја сопрат Бугарија да се нафрла на Северна Македонија

Во време кога Бугарија ја мачат многу внатрешни проблеми, властите решија да ги „извезат“ своите бројни политички проблеми во соседна Северна Македонија, правдајќи се со историските и идентитетските прашања. ЕУ и САД тоа не смее да го дозволат, но не смее и да дозволат Бугарија да ги оспорува идентитетот и јазикот на Македонците, порачува Меѓународниот институт за Блискоисточни и...

МРТ лани имала 232 новинари или 29 отсто од вкупниот број вработени во јавниот сервис

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот на минатата година имала вкупно 814 вработени лица, од кои 768 во редовен работен однос, додека 46 биле хонорарно ангажирани. Од вкупниот број на вработени во јавниот сервис, 232 биле новинари, додека дури 80 биле уредници на радио и телевизиските програми. Новинарите учествувале со 29 отсто во вкупниот број на вработени во МРТ, се...

Порталб анализа: Што ги соединува пратениците од ДУИ и ДПА – згради, по неколку куќи и штедни влогови

Дел од нив немаат ниту банкарски сметки, а други имаат високи штедни влогови, некои немаат сопствена куќа или стан, а други поседуваат и цели згради. „Порталб.мк“ објавува детали и за имотната состојба што ја пријавиле пратениците од ДУИ и Мендух Тачи, единствениот пратеник од ДПА. Демократска унија на Албанците Пратеникот Арбен Зибери поседува девизни сметки и недвижен имот, па така во Анкетниот лист пријавил...

Сител имал најголеми приходи, Алфа била најпрофитна телевизија лани, МРТ останува проблем (инфографик)

Вкупните приходи на македонските радио и телевизиски станици во 2019 година изнесувале околу 39,5 милиони евра, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година. Од нив, најголем дел од приходите биле остварени од комерцијалните телевизии што емитуваат програма на национално ниво, како и од Македонската радио-телевизија како јавен радиодифузен сервис. Приходите на МРТ лани биле...

ИФИМЕС: Договорот САД-Србија-Косово ќе го поправи тоа што ЕУ дозволи да се расипе

Вашингтонскиот договор претставува нова политичка реалност не само за Косово и Србија, туку и за целиот регион на Западен Балкан, па дури и за самата ЕУ, која премногу млитаво се однесуваше кон Западниот Балкан и е немоќна пред притисоците на Русија, Кина и Турција, и која не се спротивставува решително на популистите коишто соработуваат со силите чијашто единствена цел...

Филипче: Состојбата со ширење на ковид-19 се влошува, размислуваме за нови рестрикции

Состојбата со ширењето на ковид-19 се влошува и кај нас, но и во европските земји односно во земјите во светот. Британија, Чешка, Холандија, се само некои од земјите кои најавија нов пакет на рестриктивни мерки, а за такви мерки размислуваме и ние, рече на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. - Велика Британија планира нов национален карантин, Шкотска најави рестрикции,...

Членство во ЕУ: Преговори без преговори

Додека целата македонска јавност е возбудена за одамна очекуваниот и сѐ поизвесниот почеток на преговори за членство во ЕУ, едно од најчесто поставуваните прашања е колку ќе траат преговорите. Тоа во моментов никој не може да го предвиди. Меѓутоа, вреди да се потсетиме што всушност претставуваат преговорите за членство во ЕУ и од што зависи нивното траење. Примарното право на...

СТРАТКОМ: Користењето на политиката за богатење е најголемата опасност во економскиот сектор во Македонија

Македонија има низок ризик за странски штетни влијанија во економскиот сектор, но најголем проблем, со оценка „критично“, е злоупотребата на политиката за богатење, оценува анализата на ризикот од странски влијанија изработена од НАТО Центарот за извонредност во стратешките комуникации (Стратком). По Србија, Македонија е втора според степенот на безбедност од надворешни влијанија во економијата, но клучни проблеми се корупцијата...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...