fbpx
Таг: анализа

таг: анализа

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во новообјавениот Извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2023 година се нотира дека лани под државна капа работеле 128.879 лица во вкупно 1.371 институција. Етничка структура на вработените во...

АНАЛИЗА: Поскапување на месото, шеќерот и млечните производи, поевтинување на маслото за јадење и житариците

Светската организација за храна ФАО објави дека на месечно и на годишно ниво, индексот на цените на храната е во пад. Сепак, кај  дел од основните производи и суровини за преработка и натаму има поскапување - конкретно, цените на шеќерот, месото, се во пораст, пишува Порталб.мк. „И натаму се очекува пад на цените во 2024 година“, се наведува во новата...

АНАЛИЗА (ПРВ ДЕЛ): Koлку пари од наплата на даноци и комуналии оствариле Арачиново, Гостивар, Дебар и Кичево?

Голем дел од општините минатата година не успеаа да ги реализираат буџетските планови. Има потфрлање кај наплатата на данок на имот, данок на доход, на добивка. Главен „извор“ на приходи на локалните буџети се државните трансфери. Најголема буџетска „издашност“ се платите, придонесите, комуналиите, пишува Порталб.мк. Стотици илјади евра се трошат и на основа на „договорни услуги“, но и за...

(АНАЛИЗА): Депонии, градинки, локални патишта – владините и партиските функционери на терен, ДКСК потсетува да нема злоупотреби

Официјално, изборната кампања за претседателските и за парламентарните избори не е почната. Неофицијално, партиските лидери и актуелни функционери во техничката влада веќе се „растрчани“ на терен – неретко во друштво на сопартијци – градоначалници, министри со ист партиски „дрес“, директори и пратеници, пишува Порталб.мк. Државната комисија за спречување на корупцијата ги постави правилата на „игра“ за изборната кампања. На хартија...

(AНАЛИЗА) Најголем број невработени до 29 години има во Скопје, Тетово, Куманово и во Гостивар

Од вкупниот број на невработени лица во државата, по повеќе од 10.000 има само во три градови, Скопје, Тетово и Куманово, пишува Порталб.мк. Освен во овие три градови, „младинската“ невработеност е највидлива и во Гостивар и во Прилеп каде се регистрирани и најголем број на невработени лица до 29 години. Од вкупниот број невработени, 18,2 отсто се млади од 15...

Влијанието на климатските промени во пораст: пожарите се закана за шумите, а поплавите за нивите

Климатските промени и временските непогоди кои се резултат од нив најмногу ги погодуваат Вардарскиот, Источниот и Североисточниот регион, покажува Атласот на природни непогоди. Над 80 отсто или над 1400 случаи во периодот од 2005 до 2022 година се пожари, десет отсто се поплави, осум отсто се екстремни временски услови, а најмалку се одрони и свлечишта. Ова се податоците кои ги содржи...

ММФ: Вештачката интелигенција ќе погоди 40 отсто од работните места и ќе ја влоши нееднаквоста

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе влијае на речиси 40 отсто од сите работни места, покажува нова анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Управниот директор на ММФ, Кристалина Георгиева, вели дека во повеќето сценарија, вештачката интелигенција најверојатно ќе ја влоши севкупната нееднаквост, пренесува Би-би-си. Георгиева додава дека креаторите на политики треба да се осврнат на „вознемирувачкиот тренд“ за да спречат „технологијата дополнително да...

Протестите и злоупотребата на пациентите од страна на медицинскиот персонал го одбележаа здравството лани

Сајбер напади врз Фондот за здравствено осигурување, враќање на болеста конго-кримска хеморагична треска, злоупотреба на лековите за болните од рак од страна на вработените на Клиниката за онкологија, недостиг и набавка на лекот Трикафта за пациентите со цистична фиброза и недостиг и снабдување со терапија за лицата со дијабет, беа најважните здравствени настани во текот на 2023 година во...

Ќе добие ли Србија свој Прибе за решавање на политичките тензии по изборите?

Меѓународната заедница ќе биде клучниот фактор што во наредниот период ќе ја определи траекторијата на исходот од политичките тензии меѓу власта и опозицијата по изборите во Србија што се одржаа на 17 декември лани, пишува Н1. Опозициската коалиција „Србија против насилството“ по завршувањето на изборите побара основање на Меѓународна верификациона комисија од страна на Европскиот парламент, која ќе го...

АНАЛИЗА: Оценка за економската 2023 година

Ново воено жариште што донесе нови ризици за глобалната економија. Народната банка на РСМ продолжи со "затегнување" на монетарната политика што резултираше со високи банкарски камати за кредитите, пишува Порталб.мк. Инфлацијата "зауздана", но и натаму доволно висока за да го "јаде" животниот стандард. Оценка за економската 2023 преку анализа на економисти и аналитичари. 2023 – кризна година која не се искористи...

Во Скопје, Тетово и во Куманово има најголем недостиг од кадар за итна медицинска помош

Најголем недостиг од кадар за итна медицинска помош има во Тетово, каде има еден вработен на 4.172 жители, како и во Скопје и во Куманово, каде што има еден вработен на повеќе од три илјади жители. Ова го покажала анализата на Центарот за граѓански комуникации. „Само за споредба, просекот во земјата е 1.350 жители на еден вработен во службата за...

ЗНМ и УНЕСКО со анализа „Како до поефективна заштита од стратешки тужби против учеството на јавноста (SLAPP)?”

Најчести тужители при „SLAPP” односно стратешките тужби против учеството на јавноста, се државни субјекти и политичари, како и претставници на бизнис секторот, се кажа денеска при презентација и анализа на темата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и УНЕСКО. „Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) издаде публикација, прва од ваков вид во земјите од Западен Балкан, како до поефективна...

АНАЛИЗА: Изборна „историја“ за излезноста, мајски „двојни“ избори за да се мотивираат гласачите

Претстојната 2024 е изборна година. На 8 мај граѓаните ќе гласаат на двојни избори - втор круг претседателски, доколку во првиот некој од кандидатите не освои мнозинство од 50 отсто плус 1, и парламентарни избори, пишува Порталб.мк. Следната година граѓаните ќе гласаат на седми по ред претседателски избори во независна држава и 11-ти по ред парламентарни избори. Една од главните...

„Еко-свест“ бара законски измени: Секој нов објект да има фотоволтаичен систем

Секоја нова куќа или зграда што ќе се изгради или пак што ќе биде целосно реновирана да мора да има инсталирано фотоволтаичен систем. Ова е еден од предлозите дадени во Анализата на регулативите за обновливи извори на енергија, изработена од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко свест, Македонското здружение на млади правници, Институтот за економски и...

АНАЛИЗА: Буџетите зголемени на државните фондови за здравствено и пензиско осигурување

Двата државни фондови - за здравствено и за пензиско осигурување во 2024 година ќе имаат поголеми буџети во однос на годинава, пишува Порталб.мк. Власта проектира зголемување на придонесите во фондовските каси во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), но ќе растат и расходите – за пензии, за социјални бенефиции. Фонд за пензиско осигурување ПИОМ За...

Висока буџетска цел за 2024: Железница, гасификација, училишта – инвестиции од 731 милион евра

Во однос на сегашниот ребалансиран Буџет, со новиот за 2024 година се предвидува зголемување на капиталните инвестиции за 0,3 отсто, но во однос на првичниот Буџет за 2023 година, сумата е намалена за 7,6 проценти. Владата исцрта нови амбициозни буџетски цели за јавни инвестиции во 2024, пишува Порталб.мк. Вкупната сума за капитални инвестиции е позиционирана на 731.509.000 евра. Колку и...

Објавена студија за романите „Папокот на светот“ и „Еретички писма“

Верица Мукоска насловна од дело _се користи со дозвола
Македонскиот книжевник Верица Мукоска ја објави книгата „Психофилозофемите во повеќеслојните структури на романите Папокот на светот од Венко Андоновски и Еретички писма од Стефан Марковски (компаративна анализа)“. Таа деновиве излезе од печат и наскоро ќе може да се купи во книжарниците и ќе биде достапна во библиотеките низ земјава. Мета.мк неодамна со Верица Мукоска неодамна објави интервју. Таа е македонски...

АНАЛИЗА: Цените на млечните производи и на маслото со најголем пад на светскиот пазар – дома инфлацијата преполовена

Десетти месец по ред Светската организација за храна на месечно и на годишно ниво регистрира пад на цените на храната, кој на годишно ниво е најголем кај млечните производи и маслото за јадење, пишува Порталб.мк. Дома октомвриската инфлација на годишно ниво изнесува 3,5 отсто и е една од најниските стапки во изминатиот период. Што очекуваат економистите, дали ценовниот притисок ќе...

АНАЛИЗА: Побарувачката на станови забавува, дали цените ќе се намалат?

Над 2.000 евра за квадратен метар за нов стан во централното градско подрачје во метрополата. Цените на становите и годинава растеа но со забавено темпо во однос на лани, пишува Порталб.мк. На пазарот со недвижности веќе се регистрира тренд на забавена побарувачка на станови. Зголемена понуда, забавена побарувачка на станови „Контактирајте нè. Во централно подрачје на град Скопје се продава стан од 42...

Ден на штедење – 51 отсто од депозитите во земјава се во домашна валута, банките во „лов“ на штедачи

По втор пат годинава вкупните депозити со негативен тренд. На крајот на третиот квартал регистриран е пад од 0,2 отсто. Граѓаните и корпоративниот сектор во банките чуваат 8,2 милијарди евра. Со затегнување на монетарната политика е регистриран раст на каматите за штедење откако се зголемија каматите за кредитите, пишува Порталб.мк. Каква е состојбата со штедењето во земјава во пресрет...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...