fbpx
Таг: Ана Петровска

таг: Ана Петровска

Пастрмката доцни со мрест, планинскиот бор пред исчезнување, климатските промени безмилосно удираат по биодиверзитетот

Охридската пастрмка доцни со мрестот, планинскиот бор може да исчезне до 2100 година, а моликата на Пелистер се поместува на повисока надморска височина каде сега живеат други значајни растителни видови кои ќе исчезнат. Влијанието на климатските промени и пореметувањето на годишните времиња врз биодиверзитетот е огромно. Промените безмислосно се закануваат да опустошат голем број видови, од кои некои се...

Контраспин: Ги назначува Владата, ама требало да ѝ се поклонат на партијата!

Владата ја спинува вистината и сака да претстави дека заради мир во владината коалиција, нешто најнормално на свет е „позицијата директор на државниот Инспекторат за животна средина да е во политичка надлежност на партијата ДОМ“. Но, тоа воопшто не е нормално. Во конкретниот случај, излегува како ДОМ да има врвни ингеренции врз Инспекторатот, а не Владата. Тоа не е...

„Разбистри сè“ реагира на изјавата на Морачанин, тврдат дека соработката со Петровска и ДИЖС била на високо ниво

Алијансата „Разбистри сè“, во која членуваат 29 граѓански организации, денеска реагираше на образложението на претседателката на партијата ДОМ, Маја Морачанин околу причините за разрешувањето на директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска. Од Разбистри сè“, во соопштение до јавноста посочуваат дека Морачанин ги злоупотребува наодите на Алијансата за работата на Државниот инспекторат за животна средина и информираат...

Ана Петровска разрешена од Државниот инспекторат за животна средина, бурни реакции од граѓанските организации

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска денеска е разрешена од функцијата. На денешната седница на Владата на нејзиното место е именуван Сретен Стојковски, кој доаѓа од Министерството за животна средина. Петровска, како кадар на партијата ДОМ, на позицијата во Инспекторатот дојде во октомври лани, од Министерството за животна средина, каде што од 2018 година ја обавуваше функцијата...

ДИЖС: Општина Тетово не може да се санкционира, но може да ѝ се одземат овластувањата поради депониите

Општина Тетово не може да биде санкционирана за нечистење на безбројните диви депонии што се создадени на нејзината територија и во околината, бидејќи тоа не е законски дефинирано. Досегашната директорка на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ана Петровска за Порталб.мк изјави дека такво нешто не е предвидено со закон, но, сепак, според неа, постои можност на општината да...

Инспекторите за животна средина за шест месеци напишале 36 казни од 3.000 до 20.000 евра

Инспекторите за животна средина во изминатите шест месеци напишале 36 парични казни, од кои најниската била 3.000, а највисоката 20.000 евра. Во тој период биле направени 1.132 инспекциски надзори, што е за 30 отсто повеќе од планираното, а 20 отсто повеќе од истиот период лани. Инспекторите за животна средина детектирале 363 неправилности, од кои 43 завршиле со прекршочни, а...

Пет нови инспектори за животна средина ќе се вработат во Државниот инспекторат

Пет нови инспектори добива Државниот инспекторат за животна средина. Со нив ќе се пополнат празните места во Велес, Штип и Куманово, а двајца ќе работат во Скопје. Нивното вработување доби зелено светло дури со ребалансот на средствата од државната каса, иако беше побарано уште минатата година додека се кроеше годинешниот буџет. Оваа институција има хроничен недостаток на кадар и...

Граѓаните ги активираа инспекторите за животна средина, масовно се пријавува загадување преку онлајн платформата

Над 300 пријави за загадување на животната средина поднеле граѓаните за помалку од пет месеци откако постои онлајн платформата на Државниот инспекторат за животна средина. Ажурноста на граѓаните резултирала со повеќе од двојно зголемување на бројот на вонредни контроли кои ги направиле инспекторите во сите региони во земјата. Казнети биле повеќе компании, издадена е и забрана за работа и...

Неформалните собирачи на пластика да се вмрежат во одржлив и зелен систем на селекција на отпад

Речиси 90 отсто од селектираниот отпад во земјава, најчесто пластика и хартија, го собираат неформалните собирачи. Неколку илјади луѓе од најниското социјално скалило живеат од овој бизнис и имаат потреба да се вмрежат во одржлив и зелен систем со кој правилно ќе се управува со отпадот. Паралелно со тој процес неопходно е да се работи на јакнење на свеста...

„Метрудхем“ нема да смее да сече метал во Топилница додека не изработи Елаборат за заштита на животната средина

Компанијата „Метрудхем“, сопственик на објектот на велешката Топилница, ќе треба да изработи елаборат за заштита на животната средина, пред да продолжи со сечење на железото од објектите. По инцидентот што се случи минатиот месец кога експлозија и пожар ги вознемирија жителите на градот, капацитетот го посетија државни и локални инспектори, а на сопственикот му беше забрането да продолжи со...

Нема пари за вработување на нови инспектори за животна средина, ќе се чека ребаланс на буџетот [инфографик]

Вработувањето на нови инспектори во Државниот инспекторат за животна средина ќе треба да почека ребаланс на буџетот. Инспекторатот многу долго време кубури со кадар и работи на границите на можностите со само 50 отсто од бројот на вработени кои навистина му требаат. Еден цел регион во земјава, североисточниот, нема ниту еден инспектор, а општините и сите еколошки ризици кои...

„Пејпер мил“ доби казна од 20.000 евра за емисии на ПМ 10, инспекторите во офанзива против загадувачи

Државниот инспекторат за животна средина ја казни кочанската компанија „Пејпер мил“ со 20.000 евра и обврска за два месеци да вгради филтер за да запре загадувањето на воздухот со ПМ 10 честички од нејзините оџаци. Казна може да добие и општината Тетово која и покрај предупредувањето дека каптажата за вода за пиење за градот е незаштитена и под опасност...

„Дрисла“ работи најдобро што може, Вардариште е црна точка, Инспекторатот за животна средина вонредно ги чешла загадувачите

Државниот инспекторат за животна средина за три недели направил 68 редовни надзори и 25 вонредни контроли и издал 12 решенија за корекции на индустриските капацитети. Директорката Ана Петровска денеска информираше дека инспекторите ги посетиле „Дрисла“, „Макстил“, „Пејпер мил“ од Кочани, МЕПСО, „Фени“ и други компании, а деновиве ќе го посетат и БЕГ, кој неодамна резервираше поголеми количини на мазут,...

Заштитата на Осоговските планини ќе обезбеди развој на руралниот туризам

Со заштитата на дел од Осоговските планини ќе се обезбеди развој на руралниот туризам, посетителите ќе можат да ги доживеат нашите традиции и да уживаат во културните вредности на Осоговијата. Ова е заклучокот од третата по ред јавна расправа по Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитен предел, која се одржа во Пробиштип. Над педесетина заинтересирани жители,...

Погонот на „Арчелор Митал“ што го загади Вардар од денеска повторно работи

Од денес повторно работи погонот на „Арчелор Митал“ или под новото име „Либерти Хаус Груп“, од каде беше предизвикано загадувањето на Вардар на 22 септември, кога преку главниот канализационен испуст кај Ново Лисиче се излејаа токсични отпадни води со висока концентрација на рѓа и хлороводородна киселина. Ова за „Мета.мк“ го потврдија во Државниот инспекторат за животна средина, од каде што...

Тендерот за оградата на депонијата со линдан во Пеленица треба да се објави в понеделник

Тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица треба да биде објавен во понеделник, информира за „Мета“, државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска. Тендерот првично беше најавено за до крајот на 2018 година, а потоа и за до крајот на јануари оваа година. Петровска вели дека Министерството веќе ја испратило спецификацијата...

Се колнеме во Базелската конвенција, а опасниот отпад се проверува со голо око

Ниту една надлежна државна институција досега не одговорила на отворените сомнежи искажани од страна на еколошките активисти дека во државава се увезува опасен отпад, кој потоа на различни начини учествува во загадувањето на воздухот. Во недостиг на акредитирана државна лабораторија, која би го испитувала составот на отпадните материјали кои сега се увезуваат како суровини за различни потреби на индустријата, царинските...

Два метра висока ограда ќе добие депонијата со токсичен линдан во Пеленица, Драчево

Тендерот за оградување на депонијата со линдан во излетничкото место Пеленица во Драчево ќе биде објавен деновиве, а оградувањето ќе се направи во најбрз можен рок, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета“. Ана Петровска, државната секретарка во Министерството, вели дека спецификациите за оградата се готови и дека е прашање на денови кога ќе се објави...

Ќе се менува застарениот правилник за граничните вредности на загадувачите

Ќе се менува Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот, кој содржи контрадикторни одредби и во голема мерка го блокира ефикасното постапување на инспекторите за животна средина кон помалите загадувачи на воздухот, најавува Министерство за животна средина. - Формиравме работна група...

Оградата за депонијата со линдан во Пеленица ќе биде прва јавна набавка во 2019 на МЖСПП

Оградувањето на дивата депонија со високо токсичен и канцероген линдан во Пеленица, Драчево, ќе биде првата јавна набавка на Министерството за животна средина и просторно планирање во оваа година, потврдуваат од таму за „Мета“. Иако првично беше најавено дека депонијата ќе се огради до крајот на годината што измина, тимот на „Мета“ вчера беше на локацијата и на терен не...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...