fbpx
Таг: Ана Брнабиќ

таг: Ана Брнабиќ

Трилатерална средба на Заев, Вучиќ и Рама во Нови Сад

Премиерот Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на албанската Влада, Еди Рама претпладнево ќе одржат трилатерална средба во Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Заев синоќа пристигна во Нови Сад, каде беше пречекан од новосадскиот градоначалник Милош Вучевиќ, по што присуствуваше на вечера што во негова и во чест на Рама ја приредија Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ. –...

Најсериозна алатка е вистината: Заев и Брнабиќ заедно против лажните вести

Многукратното повторување на вистината за да можат читателите и гледачите да разграничат што е лажна вест, а што не, во моментов е едниствениот начин на кој политичарите можат да се борат против лажните вести, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конфереција со српската премиерка Ана Брнабиќ во Владата, на која, меѓудругото се посвети и големо внимание на борбата против...

Со едно застанување ќе ја минуваме границата меѓу Македонија и Србија кај Табановце

Преполовено време за чекање на граница за патниците и годишни заштеди за државите од 8 милиони евра. Ова се најзначајните придобивки од воведувањето на заедничките гранични контроли во патниот сообраќај меѓу Северна Македонија и Србија на граничниот премин Табановце - Прешево. Македонскиот премиер Зоран Заев и српската премиерка Ана Брнабиќ денеска официјално го пуштија во употреба заедничкиот граничен премин Табановце...

Заев и Анѓушев ќе учествуваат на форум во организација на „Фајненшл тајмс“

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев утре се во еднодневна работна посета на Обединетото Кралство на покана на „Фајненшл тајмс“ за учество на Форум за земјите од Западен Балкан „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“. „Премиерот Заев ќе се сретне со заменик-премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Лидингтон на работен појадок организиран за тројцата премиери од Западен...

Наскоро спогодба на Србија со Фронтекс

Сем Фабрици, шефот на делегацијата на ЕУ во Србија денеска најави дека наскоро во Србија ќе стаса еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос и оти претпоставува дека тој со Србија ќе потпише статусна спогодба за Фронтекс, граничната служба на ЕУ. Повикувајќи се на изјава на Аврамопулос, „Дојче веле“ вчера пренесе дека со Србија, Македонија и Албанија веќе се постигнати соодветни спогодби...

Oдложена заедничката седница со владата на Србија, Брнабиќ била зафатена

Неколку часа откако Владата на Република Македонија најави дека следната седмица, односно на 21 март, ќе се одржи заедничка владина седница со Владата на Република Србија,  владината служба за информирање испрати соопштение дека седницата ќе биде одложена. Како причина се наведени неодложни обврски на српската премиерка Ана Брнабиќ.

Брнабиќ: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е важнa за иднината на регионот

Европската интеграција на земјите од Западен Балкан е важен фактор за иднината на регионот, изјави претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ на состанокот на групата „Нови лидери за Европа“, на Светскиот економски форум во Давос. Таа истакнала дека Србија длабоко и искрено е посветена на европските интеграции затоа што како што рече „ги делат европските вредности и идеи за...

Србија ќе има приходи од 1,5 милијарди евра од концесијата на аеродромот „Никола Тесла“

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека планираните приходи од концесијата на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, ќе бидат 1,5 милијарди евра. Концесијата ја доби француската компанија „Ванци ерпорт“, која со аеродромот ќе стопанисува во наредните 25 години, а потоа аеродромот ќе се врати во сопствеништво на државата. Таа сопшти дека француската корпорација дала најдоба понуда за концесија и станува збор...

И ние и Србија повлековме по еден дипломат и ја решивме кризата во односите, рече Заев

Дипломатската криза меѓу Македонија и Србија ја решивме на пријателски начин: Србија го врати својот човек, ние го вративме нашиот човек, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека не само што Србија го повлекла разузнавачот Горан Живаљевиќ од амбасадата, туку и Македонија повлекла свој човек од амбасадата во Белград. -...

Заев: Србија е земјата со која односите најмногу ни напреднаа во последните пет години

Перцепцијата на граѓаните во Република Македонија е дека Србија е на прво место од соседите со кои најмногу се подобрени односите во последните пет години, сосед со кој граѓаните имаат најдобри лични искуства, сосед чија историја и култура најдобро ги познаваат, сосед за кој се има најдобро мислење, како и сосед со кој би сакале најблиски односи, рекол македонскиот...

Заев и Брнабиќ договориле заедничка владина седница во февруари или март

Премиерот Зоран Заев и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на денешната средба во Белград се договориле владите на Македонија и на Србија на крајот на февруари или на почетокот на март да одржат заеднички седницa. На пленарната средба, делегациите на двете земји разговарале за интензивирање на некои од заедничките проекти и за соработката на проектите за завршување на Коридорот 10, изградба...

Ердоган вели дека соработката меѓу Анкара и Белград е клучна за Балканот

Турција и Србија се двете клучи земји за Балканот и нивната соработка е од суштинско значење за одржување на мирот, стабилноста и на просперитетот на полуостровот и во Европа, наведува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во авторскиот текст за весникот „Политика“ објавен по повод неговата денешна посета на Белград. „Врските меѓу Турција и Србија се силни и со длабоки корени....

Заев се сретна со делегација на Партијата на Македонците во Србија

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Партијата на Македонците во Србија, предводена од претседателот на партијата, Горан Илиевски, во придружба на основачот на оваа партија, Драган Доневски. Од Владата информираат дека претседателот и основачот на Партијата на Македонците во Србија изразиле надеж дека ќе имаат можност да организираат настан кој би можел да биде вклучен во агендата на премиерот Заев...

Брнабиќ го покани Заев да ја посети Србија во ноември

Македонскиот премиер Зоран Заев во ноември ќе го посети Белград, соопшти денеска во Драч српската премиерка Ана Брнабиќ. - Денеска разговарав со Заев за настаните од изминатите денови. Имавме доста добро разбирање за следните наши чекори. Го повикав и се договоривме да ја посети Србија во ноември – изјави Брнабиќ по средбата одржана на маргините на неформалниот состанок на премиерите...

Брнабиќ ќе го покани Заев на заедничка владина седница, најави Вучиќ

Српската премиерка, Ана Брнабиќ ќе испрати покана до премиерот Зоран Заев за одржување на заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годината во Белград. Ова, меѓу другото, го истакнал претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешната средба со амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска - Типко. На средбата, како што се наведува во соопштението на официјалната интернет-страница...

Вучиќ: Има докази за офанзивни разузнавачки активности во Македонија против Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека персоналот во амбасадата на Србија во Македонија е повлечен на консултации во Белград, откако од страна на српските разузнавачки органи „биле добиени доволно докази за многу офанзивни разузнавачки активности против органите и институциите на Србија“. - Наша работа е нашите луѓе да бидат подготвени и да се заштити пријателството меѓу Србите и Македонците...

Брнабиќ за повлекувањето на дипломатите од Македонија: Не станува збор за мала работа

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека за одлуката за повлекување на персоналот на амбасадата на Србија во Македонија разговарала со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. - Утринава имав состанок со Дачиќ и консултации со претседателот на Србија, затоа што не станува збор за мала работа – соопшти Брнабиќ. Сепак, таа не...

Компанијата „Фиат“ и синдикатот постигнаа договор, работниците го прекинаа штрајкот

Раководството на компанијата „Фиат“ и синдикатот потпишаа договор со што се стави крај на штрајкот во фабриката во Крагујевац. За време на разговорите било договорено зголемување на платите во согласност со стапката на инфлација, која ја проектирала Народна банка на Србија за наредните три години. Исто така, било договорено исплата на новогодишен бонус во август, а остатокот да биде исплатен во...

Заев – Брнабиќ: Ќе ја развиваме регионалната соработка, имаме заедничка иднина во ЕУ

Премиерот Зоран Заев и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на билатерaлната средба во Трст на самитот за Западен Балкан констатирале дека постојат услови за продлабочување на односите меѓу двете држави, како и дека тоа ќе биде силна порака кон Европската Унија, за европска интеграција на земјите од Западен Балкан кои припаѓаат на Унијата. „Има заедничка согласност дека на граѓаните...

Брнабиќ: Ако биде принудена, Србија ќе ја избере ЕУ, не Русија

Доколку Србија биде принудена да избира помеѓу блиските врски со Русија и членството во Европската Унија, ќе се одлучи за ова второто, изјавила премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во интервју за американската новинска агенција „Блумберг“, пренесува српската државна телевизија РТС. Брнабиќ во интевјуто рекла дека како премиерка ќе го продолжи патот кој го почна нејзиниот претходник, сега претседател на Србија,...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...