fbpx
Таг: амбасадори

таг: амбасадори

Османи на амбасадорите им ги презентираше деловите „6“ и „9“ од планот „3-6-9“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес ги презентирал деловите „6“ и „9“ од планот „3-6-9“, пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Македонија. Османи посочил дека намерата на Владата е планот „3-6-9“ да ја заокружи реформската потреба на Република Македонија, за откочување на евроинтегративните процеси. Тој на амбасадорите им ги повторил очекувањата на Владата за конкретни чекори од...

Груевски им се пожали на амбасадорите дека власта ги злоупотребувала институциите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска имал средба со амбасадорите на САД, на државите членки на Европската Унија и на НАТО во земјава, на која од страна на партијата било посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели. Од ВМРО-ДПМНЕ, како...

Иванов и Димитров кохабитирале за пополнување на дел од испразнетите амбасади

Наскоро ќе бидат назначени првата група амбасадори кои ќе бидат испратени во испразнетите дипломатски претставништва на Македонија во светот, соопшти денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, одговарајќи на прашање до каде се преговорите со претседателот Ѓорге Иванов за новите македонски амбасадори. - Неколкупати имавме средби со претседателот Иванов и со неговиот тим. Би рекол дека сме во финална фаза...

Груевски од амбасадорите и од ОДИХР побарал услови за фер избори

На средба со амбасадорите на земји членки на ЕУ во Македонија и со претставници на ОБСЕ/ОДИХР, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и членови на извршниот комитет на партијата, побарале „Владата активно да се ангажира за создавање демократски амбиент за одржување на локалните избори“, соопшти партијата. „Беше изразена силна загриженост од првичните обиди да се заплашуваат гласачи и да се поткупува...

Србија и Македонија брзо и на позитивен начин го решија проблемот, оцени Хан

Немаше потреба од вклучување на Европската унија во решавањето на дипломатскиот спор меѓу Скопје и Белград бидејќи проблемот беше брзо решен, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан на денешната прес-конферфенција во Драч. – Секако дека би сакал да се запознаам подобро со причините за овој проблем, но добро е што веќе постои доверлива врска меѓу лидерите на...

Османи почнува редовни консултации со амбасадорите од Западен Балкан

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ја одржа првата средба со амбасадори на земјите од Западен Бакан, која, како што рече е увод во постојани координативни средби. Во средбата во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) учествувале претставници на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и на Црна Гора. На средбата се разговарало за регионалната соработка на земјите од Западниот...

Меѓународната заедница загрижена поради актуелната ситуација на Косово

Амбасадорите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД се загрижени поради актуелната ситуација на Косово. Ставот на амбасадорите денеска го соопшти американската амбасада во Приштина. „Косово се соочува со многу предизвици, како актуелни, така и долгорочни, вклучувајќи ја програмата со ММФ, енергетската ситуација, но исто така и потребата за економски развој, јакнење на владеењето на правото, европската перспектива...

Османи го презентирал планот „3-6-9“ на амбасадорите од ЕУ и на Рот

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, во просториите на Делегацијата на Европската Унија го презентирал планот „3-6-9“ пред амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ. - Во овој план се опфатени реформите што Владата ќе ги спроведува во претстојниот период од три месеци, односно до одржувањето на локалните избори, а во меѓувреме...

Поддршка за Димитров од Хрватска и од Словенија

Првата средба со дипломати, новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, ја имаше вчера, на разговорот со амбасадорите на Хрватска и на Словенија, Данијела Баришиќ и д-р Милан Јазбец, соопшти МНР. На средбата во МНР, во својство на коорганизатори, амбасадорите Јазбец и Баришиќ му врачиле на министерот Димитров покана за учество на министерскиот состанок што ќе се одржи утре на...

Иванов со амбасадорите од ЕУ разговарал за евроинтеграциите

Потребно е Европската Унија да направи исчекор и да определи датум за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, односно да овозможи отворање на поглавјата 23 и 24, порачал претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на денешната работна средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија. Како што соопштија од претседателскиот кабинет, на средбата Иванов нагласил...

Пломп: Очекуваме позитивен развој на настаните претстојната недела

Единствен од амбасадорите што даде изјава за медиумите по средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери, беше амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп. Тој кратко изјави дека средбата била одлична и дека во неделата што претстои, се очекува позитивен развој на настаните. - Немам порака во моментот, но имавме многу добра, охрабрувачка, одлична средба и се надеваме на позитивен развој на настаните...

Џафери со амбасадорите: Изборот на нова влада е приоритет број 1 на Собранието

Враќањето на кредибилитетот на Собранието, изборот на нова влада и решавањето на проблемот со локалните избори биле главни теми на денешната средба на новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава. Како што соопштуваат од кабинетот на Џафери, повеќе амбасадори, со конкретни прашања, на средбата се интересирале за приоритетите во...

Џафери денеска на средби со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и со новинари

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе се сретне со амбасадорите од земјите членки на Европската Унија во земјава, како и со претставници на медиумите. Во сала 5 во Собранието, Џафери во 11 часот ќе се сретне со амбасадорката на Австрија, Ренате Коблер, амбасадорот на Бугарија, Иван Петков, на Хрватска, Данијела Баришиќ, на Чешка, Мирослав Рамеш, претставниците на француската и...

Белград инсистира кај ЕУ за мирно решение на кризата во Македонија

Јавниот дискурс кој повикува на насилство, во отсуство на суштински дијалог меѓу Белград и Приштина, и нестабилноста во Македонија претставуваат сериозна и отворена закана за мирот во Југоисточна Европа, е главната порака на неофицијалниот документ што српската министерка за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, и директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ, им го предале на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во...

Амбасадорите на Ахмети му ја потврдиле поддршката за формирање на новата влада

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица остварил средба со амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, на Холaндија, Ваутер Пломп, на Шведска, Матс Стафансон, и со Марко Акватичи, од aмбасадата на Германија, соопшти партијата. „На средбата гостите го поздравија изборот на претседателот од парламентарното мнозинство на Собранието на Македонија и...

Стефансон во име на ЕУ и на САД: Сега не е време за насилство, ова е време за дијалог

Сега не е време за насилство, ова е време за дијалог, порача амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стефансон, осудувајќи ги насилството и инцидентите во Собранието на Република Македонија, по изборот на Талат Џафери за нов спикер на законодавниот дом. - Слушнавме вознемирувачки вести за настаните во Собранието, кои резултираа со насилство и со инциденти. Маскирани напаѓачи извршија напади врз...

Заев со амбасадорската четворка: Македонија мора да ги продолжи демократските процеси

Република Македонија мора да ги продолжи демократските процеси. Ова било констатирано на денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија во земјава, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стефансон и Ваутер Пломп. - Парламентарното мнозинство од 67 пратеници е подготвено да ја реализира граѓанската волја за промени, изразена на изборите на...

Заев со амбасадорите: Неопходно е Иванов веднаш да го даде мандатот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со неговата заменичка Радмила Шекеринска, денеска имал средба со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија во земјава, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стефансон и Ваутер Пломп. На средбата, како што соопштуваат од партијата, била изразена загриженост од кочењето на демократските процеси во Македонија, по изборите на 11 декември. Лидерот на СДСМ пред...

Дипломатите шокирани од одлуката на Иванов, наскоро ќе излезат со реакции

Претставниците на дипломатскиот кор внимателно го следеле обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, кој, како што изјави попладнево, одлучи да не го додели мандатот за формирање нова влада на човек или партија „кој има платформа за уривање на суверенитетот, интегритетот и на самостојноста на Македонија“, дознава „Мета“. Амбасадорите и претставниците на меѓународната заедница се длабоко изненадени и шокирани од одлуката на...

Груевски на „Фејсбук“: Ако се изгласа оваа влада, таа ќе биде влада на еден амбасадор

„Принципот на коалицирање „победник со победник“ со потегот на ДУИ е засекогаш уништен. Никој, па ни ВМРО-ДПНЕ во иднина нема да има таква обврска да коалицира со победникот“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во својот статус на „Фејсбук“, откако ДУИ реши потписите за состав на нова влада да ги даде на СДСМ. - Оваа влада е направена под жесток надворешен...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...