!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Џеф Безос, основачот на „Амазон“, стана најбогатиот човек во историјата


Сиетел, 9 јануари, 2018 - 20:54 (META) 

Основачот на интернет страницата „Амазон“, Џеф Безос е најбогат човек во историјата откако неговото богатство достигна неверојатни 105,1 милијарди долари.

Поголемиот дел од неговото богатство на Безос доаѓа од „Амазон“ чии акции вчера пораснаа за 1,4 отсто.

Иако е најпознат по основање на компанијата „Амазон“, тој е сопственик и на весникот „Вашингтон Пост“ како и на компанијата „Блу Оринџ“ која се занимава со приватни патувања во вселената.

Богатството на Безос во 2017 година се зголемило за 32,6 милијарди долари, што е најголем пораст во историјата на Блумберговиот индекс на милијардери на кое второто место го држи на Бил Гејтс со 89,1 милијарди долари.

Претходниот најбогат човек во светот бил Бил Гејтс, чие богатство достигна малку над 100 милијарди долари во 1999 година, кога бил и неговиот врв.


Основачот на „Амазон“, Џеф Безос е најбогатиот човек во светот


Њујорк, 27 јули, 2017 - 20:25 (META) 

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, е на прво места на листата на најбогати луѓе во светот откако цената на акциите на компанијата се зголеми, пишува магазинот „Форбс“, кој секоја година прави ранг-листа на најбогати луѓе во светот.

Аналитичарите проценуваат дека цената на акциите на „Амазон“, која сега изнесува 1.071 долари за една акција, ќе се зголеми двојно. Безос поседува 17 проценти од акциите на „Амазон“ и неговото богатство се проценува на нешто повеќе од 90 милијарди долари.

На второ место по богатство е основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој беше прв на листата од 2013 година. Гејтс има една милијарда помалку од Безос, односно 89 милијарди долари.


„Амазон“ почнува да снима филмови


Сиетл, 20 јануари, 2015 - 17:17 (META) 

Компанијата „Амазон“ објави дека ќе снима и ќе снабдува со филмови кои првобитно ќе бидат наменети за кината, а потоа ќе ги дистрибуира на нејзините претплатници преку услугата „прајм инстант видео“.

Американскиот гигант во интернет-дистрибуција објасни дека филмовите кои ќе ги произведува ќе бидат достапни на неговата платформа во САД само четири до осум недели по појавувањето во кината.

Снимањето на филмовите ќе почне годинава, а независниот американски продуцент Тед Хоуп ќе биде ангажиран на ова уметничко остварување.


„Амазон“ ќе воведе услуга за видеостриминг


Сиетел, 26 ноември, 2014 - 15:31 (META) 

Компанијата „Амазон“ на почетокот од следната година планира да иницира услуга за протек, како што се нарекува сртиминг, на видеосодржини, која ќе се финансира преку огласи, објави весникот „Њујорк пост“.

Новата услуга би требало да биде одвоена од сегашната „прајм“ која за 99 американски долари годишно вклучува и видеоуслуги. Во извештајот се наведува дека новата услуга ќе биде целосно бесплатна или дека дел од содржините ќе се наплатуваат.

Од весникот наведуваат дека главната цел на оваа услуга, веројатно е привлекување на корисници на „прајм“.


„Амазон“ вработува летачи на дронови


Сиетел, 16 ноември, 2014 - 16:50 (META) 

Дроновите годинава се во центарот на вниманието, а плановите на „Амазон“ да врши испорака со беспилотни летала отвори нова шанса за сите оние кои се вешти со џојстик.

Компанијата за онлајн-трговија сака што побргу да го тестира својата програма „Прајм ер“ за испорака, па распиша конкурс за инженери и за пилоти.

Условите, секако, се прилично строги, па за работа во „Амазон“ потреби ви се пет години искуство во управување со беспилотни летала, а предност ќе имаат сите што имаат сертификат за летање од вистинските пилотски академии.

„Амазон“ уште минатата година ја најави програмата, но леталата на кои смета команијата сè уште не се дозволени за лична употреба во САД.

Сепак, федералната управа за цивилна авијација најави измена на регулативите за 2015 година, по што „Амазон“ ќе почне да ги тестира своите летала.

Доколку немате искуство како пилот, во програмата има место и за други занимања.

„Бараме експерти за аеронаутика, летачки системи, но и правници и експерти за регулатива“, стои во конкурсот на „Амазон“.