fbpx
Таг: амандмани

таг: амандмани

Димовски: Собранието не може да го избегне разгледувањето на амандманите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, смета дека Собранието не може да го избегне разгледувањето на поднесените амандмани за Законот за употреба на јазиците, а ако тоа се случи, би било целосно погазување на Уставот и на уставниот поредок. - Тоа ќе е конечно згазување на функцијата на Собранието. Мојот апел до претседателот на Собранието, Талат Џафери е да размислува во правец...

Џафери: До сега се преведени 17.000 амандмани, поднесени се за да направат блокада

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека до овој момент се преведени 17.000 амандмани, од вкупно 35.569 амандмани кои опозицијата ги поднесе за Законот за употреба на јазиците. „Има членови кои имаат и по 300 амандмани, како што е случајот со членот 5, за кој ќе треба време да се преведат. Очигледно е дека ова е политичко прашање и амандманите се донесени...

Денеска нов обид за собраниска расправа за законот за јазиците

Денеска во Собранието, во 12 часот ќе продолжи 32. седница на која како осма точка е ставена расправата за Законот за јазиците. Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера ја прескокна оваа точка, бидејќи како што рече, немало технички услови за расправата. Тој информираше дека собраниските служби не ги обработиле и превеле 35.569 амандмани поднесени од опозицијата. Претходно, на оваа седница ќе се гласа по...

ВМРО-ДПМНЕ манипулира, сите амандмани се архивирани од службите, велат од Собранието

Собранието денеска ги демантираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и пишувањата на дел од електронските медиуми за наводно фрлени амандмани на Законот за употреба на јазиците, поднесени од пратениците на опозициската партија. „Според утврдената фактичка состојба, наводите изнесени на денешната и синоќешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ се обид за груба манипулација со јавноста и дискредитација на Службата на Собранието. Како законодавен дом...

ВМРО-ДПМНЕ со 35.000 амандмани ќе врши филибастеринг на Законот за јазиците

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ досега поднела над 19.000 амандмани на Законот за употреба на јазиците, пренесуваат медиумите повикувајќи се на собраниски извори. Партијата, како што јавува „Телевизија 24“, најавува дека ќе поднесе вкупно 35.000 амандмани. Амандамните постојано пристигаат во архивата на Собранието, каде службите работат со полна пареа. Дел од опозициските пратеници се во архивата каде на самото место ги потпишуваат амандманите. Ова...

ВМРО-ДПМНЕ до сега поднела 70 амандамни за законот за јазиците

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ досега поднела 70 амандмани за законот за употреба на јазиците, изјави денеска на прес-конференција координаторот на пратеничката група Влатко Ѓорчев. Тој рече дека вкупниот број на амандмани ќе зависи од одговорот на владејачкото мнозинство за нивните барања за повлекување на текстот и за дијалог. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за законот, за кој...

ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратела во Собранието за да го спречи донесувањето на законот за јазиците

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во собраниските клупи и со амандмани ќе се обиде да го спречи донесувањето на законот за употреба на јазиците, изјави денеска на прес-конференција потпретседателот на партијата, Митко Јанчев. - Инаетењето на предлагачите на сила да го истуркаат неуставниот закон за двојазичност не е на штета само на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Република Македонија. Одлуката...

Беса нема да учествува во расправата за Законот за јазиците оти била „политички театар“

Пратениците на Беса нема да учествуваат на амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците бидејќи за нив она што се случува во Собранието е „политички театар“. - Нема да учествуваме во работата на Комисијата бидејќи сметаме дека ќе продолжи театарот и ние немаме намера да учествуваме во тој театар - изјави денеска пратеникот Фадил Зендели, пред почетокот на седницата...

Беса побара Законот за јазиците да се преименува во „закон за албанскиот јазик“

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби ја прекина расправата за Предлог – законот за употреба на јазиците, бидејќи пратеникот Фадил Зендели од Беса не сакаше да ја напушти говорницата откако Груби не му даде збор. Беса преку амандман бараше да се промени насловот на законот и наместо „Предлог закон за употреба на јазиците“ бараат да стои „Предлог закон...

Одложена комисиската седница за законот за јазиците, никој не дојде од Министерство за правда

Амандманската расправа за предлог-законот за употреба на јазиците која денеска требаше да почне во собраниската Комисија за европски прашања е одложена, поради, како што соопшти претседателот на Комисијата, Артан Груби, неприсуството на претставници од Министерството за правда. Како што соопшти Груби, тој добил известување од министерот за правда, Билен Саљији дека е во Летонија, и дека на денешната седница го очекувале...

Заврши амандманската расправа, буџетот за 2018 се враќа во Влада, па оди во Собрание

Комисијата за финансирање и буџет денеска ја заврши амандманската расправа по предлог-буџетот за 2018 година. Денеска беше третото продолжение на 12. седница која почна на 27 ноември, а комисиската расправа за предлог-буџетот неколкупати беше закажувана, но и откажувана, за да заврши на осмиот од законски предвидените 10 дена. Од вкупно 279 амандмани, кои ги поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Беса,...

Комисиската расправа за буџетот закажана за 11 часот, останаа уште 100 амандмани

Третото продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која се води амандманска расправа за предлог-буџет за 2018 година, е закажано за во 11 часот. Останаа уште околу 100 аманмани за кои пратениците треба да расправаат. Вчера, второто продолжение на седницата заврши околу 21 часот и беа разгледани околу 170 амандмани од вкупно 279, кои се предложени...

Разгледани 170 амандмани за предлог-буџетот, расправата продолжува утре во 11 часот

На второто продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, кое продолжи и по 18 часот, беа разгледани околу 170 амандмани на предлог-буџетот, од вкупно 279, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ и од Беса. На расправата, на која не учествуваа пратениците од опозицијата, беа прифатени шест амандмани, четири од ВМРО-ДПМНЕ и два од Беса, додека осум беа повлечени од...

Комисијата разгледа 80 амандмани за предлог-буџетот, со работа ќе продолжи во 18.30 часот

На амандманската расправа за предлог-буџетот за 2018 година во Комисијата за финансирање и буџет, за два часа, беа одбиени 59 амандмани, со што, вкупниот број на одбиени амандмани на денешната расправа до 18 часот е 67. Комисијата досега прифати шест амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и на Беса, кои се однесуваат на субвенции за печки на пелети, ТИР-зоната во Куманово, изградба на колекторски...

Прифатени два амандмани на ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за буџетот

На амандманската расправа за предлог-буџетот за 2018 година, пратениците прифатија два амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, која и денеска не присуствува на расправата, а отфрлени се осум. Прифатените амандмани се со изменет текст и се однесуваат на субвенции за печки на пелети и за ТИР-зоната во Куманово. Според пратеникот на СДСМ, Јован Митревски, прифаќањето на овие амандмани на опозицијата значи дека власта сака...

Ковачевски: Комисијата за буџет може и утре да ја заврши работата

Општиот претрес на предлог-буџетот за 2018 година на Комисијата за финансирање и буџет заврши и попладнево продолжува амандманската расправа. Денеска е седмиот ден од комисиската расправа и остануваат уште три дена до законскиот рок од 10 дена, до кога расправата за предлог-буџетот треба да заврши во матичната комисија. - Ако завршиме побргу со расправата по однос на амандманите, кои се 279,...

Расправата за буџетот продлжува утре – ќе се разгледуваат предложените амандмани

Комисијата за финансирање и буџет ја прекина денешната седница и го закажа нејзино продолжение за утре во 11 часот. По една недела пауза, комисијата денеска продолжи да работи без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која засега сè уште нема одлучено дали целосно ќе го напушти Собранието. Претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, минатата недела на неопределено ја одложи работата на...

Комисиската расправа за буџетот повторно закажана во 13 часот

Собранието денеска го закажа, го одложи и пак го закажа првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Според последната информација од собраниските служби за односи со јавноста, продолжението на расправата е закажано за денеска во 13 часот. Седницата на која треба да се разгледува предлог-буџетот за 2018 година, почна на 27 ноември, и оттогаш нејзиното одржување се одложува пет пати. Предлог-буџетот за 2018 година тежи...

Комисиската расправа за буџетот одложена по петти пат

Првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет, кое беше закажано за денеска во 11 часот, се одложува по петти пат. „Се одложува продолжението на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која се води претрес по предлог-буџетот за 2018 година, свикано за денеска со почеток во 11 часот“, известија од Собрание. Според деловникот, расправата во матичната комисија трае 10 работни...

Комисиската расправа за буџетот закажана во 11 часот

Првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет е закажано во 11 часот. Седницата на која треба да се разгледува предлог-буџетот за 2018 година, почна на 27 ноември, и иако беше неколкупати закажана, досега не се одржа. Предлог-буџетот за 2018 година тежи 3,4 милијарди евра, буџетскиот дефицит е планиран на 2,7 проценти од домашниот бруто-производ, наспроти 2,9 проценти...

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...