fbpx
Таг: АлШабаб

таг: АлШабаб

Најмалку 15 лица загинаа во терористички напад во Могадишу

Најмалку 15 лица загинаа, а десетина се ранети денеска во напад на исламисти врз хотел во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти сомалиската полиција. Според телевизијата „Ал Џезира“, во нападот загинале 15 лица, а ранети се десетина. Нападот почнал со експлозија на автомобил-бомба, активирана од бомбаш-самоубиец пред вратата на хотелот „Сахафи“. Потоа во објектот упаднале вооружени мажи, кои отвориле оган кон луѓето во...

Во напад на екстремисти загинаа 50 војници на АУ

Најмалку 50 припадници на силите на Африканска Унија (АУ) и на Сомалија загинаа, додека неколку се водат за исчезнати откако припадници на екстремистичката сомалиска група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, зазедоа воен камп на југот на Сомалија, соопштија денеска западните претставници. Нападот на припадниците на Ал Шабаб на областа Џанале, околу 80 километри југозападно од Могадишу, е одмазда за...

Најмалку 30 загинати во напад на воена база во Сомалија

Најмалку 30 лица биле убиени во вооружен напад на воена база на Африканската унија, во јужниот дел на Сомалија, изјавиле очевидци, пренесуваат светските медиуми. Станува збор за напад на бомбаш-самоубиец, кој детонирал автомобил-бомба пред главниот влез на базата во Лего, покрај патот што ги поврзува главниот град на Сомалија, Могадишу, и градот Баибоа. Милитантната исламистичка група Ал шабаб, која се бори...

Исламисти ја нападнаа воената база во Могадишу

Екстремистичката група Ал шабаб го нападна центарот за обука на воените разузнавачи во Могадишу. Безбедносните сили тврдат дека во текот на нападот убиени се четворица исламисти, а групата поврзана со Ал каеда тврди дека убила повеќе од 10 разузнавачи. Исламистите пред нападот на зградата на Националната разузнавачка и безбедносна агенција, активирале експлозив поставен во автомобил, по што следувале интензивни пукања од огнено оружје. -...

Милитантите на Ал Шабаб ликвидирале 25 полицијаци

Најмалку 25 полицајци загинаа во заседа која на североистокот на Кенија ја поставиле припадниците на исламската група Ал Шабаб. Милитантите со гранати го нападнале конвојот од пет возила во кои биле полицајците. Портпаролот на Ал Шабаб соопшти дека нивните припадници го одзеле оружјето од полицијата, а дел од полицајците успеале да побегнат.

Поранешен учител бил организатор на масакрот во Кенија

Кениската полиција го означи исламистот Мухамед Мухамуд, поранешен учител, за организатор на масакрот на универзитеот во Гариса, во кој беа убиени 148 студенти. Познат по прекарот Куно, Дулијадин или Гамадхер, припадник на сомалиската екстремистичка група Ал Шабаб, тој, исто така, се бара во врска со низа убиства на севереоистокот на Кенија. Полицијата понудила 20 милиони шилинзи (200.000 евра) за информација која би...

Кенија: 150 загинати во нападот на универзитетот

Кениските безбедносни служби соопштија дека синоќа е завршена операцијата за ослободување на заложниците од Универзитетот „Гариса“ на истокот на Кенија, кој го нападнаа екстремистите на Ал Шабаб и наведоа дека би можело да има 150 мртви. Како што соопштуваат властите, ослободени се десетици заложници, а четворица напаѓачи се убиени. Светските агенции јавуваат дека засега не се слушаат пукотници. Според очевидци, група...

Повеќе од 70 загинати во терористичкиот напад на универзитет во Кенија

Најмалку 70 луѓе загинале, а 79 биле ранети во нападот што денеска се случи во Универзитетот „Гариси“ во Североисточна Кенија, пренесуваат светските медиуми. Одговорноста за нападот ја презела исламистичката терористичка група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда. Кенискиот министер за внатрешни работи, Јозеф Нкаисери, за медиумите изјавил дека сè уште не се знае судбината на 500 од вкупно 815 студенти...

Пентагон го потврди убиството на оперативецот на Ал Шабаб

Пентагон потврди дека во минатонеделните американски воздушни напади е убиен Адан Гарар, високо позициониран оперативец на екстремистичката група Ал Шабаб. За Гарар се верува дека бил еден од организаторите на терористичкиот напад на трговскиот центар „Вестгејт“ во Најроби, во Кенија, од 2013 година, во кој загинаа 67 лица. И пред огласувањето на Пентагон, минатата недела беше објавно дека висок оперативец е убиен,...

Могадишу: Ал Шабаб уби тројца припадници на АУ при напад на воена база

Најмалку тројца војници на мировните сили на Африканската унија (АУ) и еден цивил загинаа, откако припадниците на исламистичката милитантна група Ал Шабаб ја нападнаа главната воена база на силите на АУ во Сомалија. Припадниците на Ал Шабаб, преоблечени во униформи на сомалиските владини трупи, упаднале во базата во близина на аеродромот во главниот град Могадишу. По неколкучасовните борби, припадниците на...

Кенија: Ал Шабаб масакрираше 36 немуслимани

Сомалиската милитантна група Ал Шабаб во Кенија масакрираше 36 немуслимани, работници на каменолом. Најмалку четворица се обезглавени. Кениските власти се загрижени поради прекуграничниот упад на милитантите од Сомалија, кои се поврзани со Ал Каеда. Сомалиските милитанти од Ал Шабаб упаднале во пограничниот каменолом во северниот кениски град Мандере, делејќи ги работниците на муслимани и на немуслимани, по што ги убиле...

Кенија: Најмалку 28 загинати откако милитанти киднапирале автобус

Најмалку 28 патиници се убиени кога милитатите на групата Ал Шабаб киднапирале автобус во североисточниот дел на Кенија, на границата со Сомалија, соопштија властите во Кенија. Групата Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот, соопштувајки дека тоа е одмазда за нападите врз џамии во пристанишниот град Момбаса. Кенија е мета на напади на милитантите од Ал Шабаб откако испрати свои војници...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...