fbpx
Таг: Алпи

таг: Алпи

Достигнати се температурни рекорди на Алпите

Годинава, метеоролозите го забележаа најтоплиот септември на Алпите од почетокот на температурните записи, пренесува германската агенција ДПА. Резултатите ги објавуваат Германската метеоролошка служба, ГеоСвер Австрија и МетеоСвис во тековното издание на нивна заедничка публикациска серија. На почетокот на август, има и рекордни врнежи во Јужна Австрија и соседните алпски региони на Италија и Словенија кои доведоа до поплави. Има и неколкудневни...

Дебата на АЛПИ: Неопходна е дигитализација на универзитетите

На македонските универзитети недостасуваат сеопфатни дигитални платформи и лиценцирани апликации кои ќе се одржуваат редовно и ќе бидат достапни за сите студенти и професори. Онаму каде што се користат дигитални услуги, студентите се задоволни од искуствата. Професорите, од една страна, поддржуваат настава во живо, додека студентите претпочитаат хибридна настава. Ова се дел од заклучоците во анализата „Дигитална трансформација во...

Четири лица загинаа при лавина на Алпите

Најмалку четири лица загинале кога снежна лавина се срушила врз девет лица во близина на скијачкиот центар Тињ на француските Алпи, соопштија спасувачките служби. Како што се наведува, тие се наоѓале надвор од стазите за скијање. До сега се извлечени две лица, а три се водат како исчезнати. Снежната лавина била широка 400 метри, а несреќата се случила на висина од...

Лавина на Алпитe, има загинати и повредени

Најмалку едно лице загина, а повеќемина се сериозно повредени во лавната што се случи на австриските Алпи. Како што се наведува, до несреќата дошло попладнево, кога на осум скијачи кои се искачувале на планината им се урнала лавина од 3.000 метри височина. Две лица, чиј пол и националност не се наведени и кои не биле повредени во несреќата, ги повикале спасувачите. Сериозно повредените се...

Официјално отворен најдолгиот железнички тунел во светот

Најдолгиот и најдлабокиот железнички тунел во светот „Готард“, кој минува под Швајцарските алпи, денеска и официјално е пуштен во употреба. Тунелот е долг 57 километри. Изградбата траела речиси две децинии, чинела околу 12 милијарди швајцарски франци, а во неа биле ангажирани 2.400 работници. „Готард“ ќе ги поврзува северна и јужна Европа. Според швајцарските власти тунелот ќе биде револуција во европскиот товарен сообраќај....

Во Швајцарија ќе се отвори најдолгиот тунел на светот

Во Швајцарија ќе се отвори најдолгиот тунел во светот именуван како „Готар“ кој ќе поминува низ срцето на швајцарските Алпи и ќе го поврзе централниот кантон Ури со југот на земјата. Тунелот е долг 57 километри, изградбата чинела околу 12 милијарди швајцарски франци, а го граделе 2.400 работници. Со неговата изградба, патувањето од Цирих до Милано ќе трае два часа и...

Шест скијачи загинаа во лавина на италијанските Алпи

Лавина усмрти шест скијачи во Монте Невозо на италијанските Алпи, надвор од скијалиштето, соопштија италијанските власти. Италијанската полиција ја потврди информацијата за жртвите во лавината што се случила денеска околу пладне, на висина од околу 3.000 метри. Спасувачката акција сè уште е во тек. На местото на несреќата пристигнал хеликоптер со кој се донесени кучиња трагачи, кои се обидуваат да ги лоцираат преживеаните. Како...

Во лавината на француските Алпи досега има тројца загинати

Бројот на загинати во лавината што се случи во скијачки центар на француските Алпи се искачи на три лица. Загинати се двајца средношколци и еден турист од Украина. Меѓу повредените се и еден ученик и професорот што ги придружувал учениците, а сè уште трае потрагата по уште пет други. Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, им изрази искрено сочувство на блиските на жртвите и најави...

Франција: Тројца загинати во лавина на Алпите

Три лица загинаа, а едно се наоѓа во критична состојба по лавина на француските Алпи, јавува „ОЕ24“. Настраданите биле членови на група скијачи од 11 лица, од кои седум успеале да се спасат. Новинската агенција АФП јавува дека настраданите се Австријци, но шпанската агенција ЕФЕ јавува дека двајца од загинатите се Австријци, а третиот е Италијанец.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...