fbpx
Таг: алкохол

таг: алкохол

Секој втор во Македонија пуши, најмладите најмногу се опиваат

Речиси секој втор граѓанин на Македонија пуши, а во текот на изминатава година најголемо секојдневно опивање е забележано меѓу младите на возраст од 15 до 24 години, покажува новата студија за употребата на психоактивни супстанци во Република Македонија, која ја изработи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Македонија. Презентирајќи ја студијата, директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети, нагласи дека загрижува...

ВМРО-ДПМНЕ: „Македонски железници“ нема пари за плата, а купува алкохол за 24.000 евра

ЈП „Македонски железници“ нема пари да исплати плата, но сепак извршило набавка на алкохолни пијалоци во вредност поголема од 24.000 евра, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски. - Внимавајте, 24.000 евра за алкохолни пијалоци платени со државни пари, во исто време кога вработените мака мачат да добијат плата. Нема пари за пензии, за плати во „Колска“ и за други загубари,...

Алкохолот поевтинил, храната поскапела во март

Индексот на цените на угостителските услуги во март годинава во споредба со февруари е зголемен за 0,1 отсто, а притоа алкохолот поевтинил, додека храната поскапела, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика. Храната поскапела за 0,2 отсто, безалкохолните пијалаци за 0,1 отсто, а алкохолните пијалоци поевтиниле за 0,4 отсто. Индексот на цените на угостителските објекти во март годинава...

Сè помалку се издаваат фискални сметки при купување алкохол и цигари

Лани најретко се издавале фискални сметки за услуги за одржување на домот (17 проценти), услуги за поправки на домот (21 процент), изнајмување имот (30 процент) и за занаетчиски услуги (36 проценти). Ова го покажуваат податоците од анкетата за даночната евазија во Република Македонија во 2016 година, направена од Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП). Во 2016 година, повеќе од половина од...

Пакистан: Најмалку 26 лица починале од отровен алкохол

Најмалку 26 лица од областа Пенџаб, во источниот дел на Пакистан, починале, а дванаесетмина се тешко болни откако пиеле отровен алкохол во неделата за Божиќ, соопштиле локалните власти, пренесува „Би-би-си“. Починатите, од кои 24 биле христијани, а двајца муслимани, консумирале домашна ракија, која ја набавиле од засега непознато место. Полицијата почнала истрага за да открие каде бил направен и продаден...

Од денеска продажба на алкохол до 19 часот

Од денеска почнува зимската рестриктивна продажба на алкохол. Тоа значи дека во трговските објекти алкохолните пијалоци ќе се продаваат до 19 часот. За трговските субјекти што нема да го почитуваат законското решение, предвидени се санкции, односно забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.

Двајца пилоти на „Јунајтед ерлајнс“ уапсени поради пијанство

Двајцата пилоти на „Јунајтед ерлајнс“ се уапсени на аеродром во Глазгов под сомнвање дека биле пијани пред да влезат на летот со 141 патник од Шкотска кон САД. Претставници на „Јунајтед ерлајнс“ потврдија дека дваjцата пилоти, едниот 45-годишен, а другиот на 35-годиша возраст, биле уапсени вчера на аеродромот во Глазгов. Шкотската полиција наведе дека се очекува тие в понеделник да излезат пред...

Поскапа храна, пиво и кафе во Грција со новиот повисок ДДВ

„Цунами“ од поскапувања на храната, облеката, угостителските услуги, билетите за авион и за брод, автомобилите и на илјадници други производи и услуги ја зафати Грција со зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 23 на 24 отсто. Поскапувањето доаѓа како дел од пакетот мерки што Грција треба да го спроведе за да ги задоволи европските кредитори. Со ова зголемување од еден отсто, кое е...

Угостители од Охрид и од Струга точеле алкохол на малолетници по полноќ

Aкциски контроли реализирани од Секторот за внатрешни работи од Охрид, во угостителски објекти во Охрид и во Струга, регистрирале низа неправилности и непочитување на законот за прекршоци против јавниот ред и мир, законот за заштита од пушење, законот за угостителска дејност, законот за туристичка дејност, како и други непочитувања на Кривичниот законик. Во еден угостителски објект на улицата Јане Сандански во Охрид, затекнат е...

Двајца ресенци во Прилеп продавале шверцуван „ред бул“ и алкохол

Инспектори од одделението за истраги на Царинската управа, неделава, во организирана акција заплениле поголеми количества шверцувани алкохолни и енергетски пијалаци, кои незаконски се продавале на подрачјето на Прилеп. За нелегалната продажба, како што соопштуваат од Цариската управа, осомничени се две лица од Ресен. „Со примена на мерка технички надзор, односно набљудување на движење на лица и на превозни средства, беа лоцирани...

Индонезија: 26 лица починаа од алкохолно труење

Десет и шест лица починале откако пиеле алкохолен пијалак во централното индонезиско подрачје Јава, соопшти денеска полицијата. Според наводите на истражувачите, повеќето жртви починале од пијалак што го купиле во градот Слеман. - Повеќето жртви се студенти – соопшти шефот на слеманската полиција. Првиот смртен случај е регистриран во средата, доцна навечер, а потоа следувале и други смртни исходи. Полицијата уапсила двојка која продавала...

Сообраќајни контроли во Куманово: Од 80 казнати возачи, 50 биле пијани

Од 80 прекршоци, колку што констатирала полицијата за време на контролите што викендов биле спроведни на подрачјето на СВР Куманово, повеќе од половината биле за возење под дејство на алкохол, соопшти МВР. „Од извршената контрола констатирани се 80 прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и Закон за возила. Загрижувачки е податокот дека најголемиот број на прекршоци се...

Возачот што ја усмрти новинарката кај „Зебра“ имал 2,41 промили алкохол во урината

Анализата на крвта и на урината на возачот што завчера вечерта во сообраќајка ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска-Павловска, кај трговскиот центар „Зебра“, покажала дека тој бил под дејство на алкохол, а во урината биле најдени траги од марихуана, соопшти Обвинителството. „Според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и на урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека истиот бил под...

Повеќе од 30 лица починале од токсичен алкохол

Индиската полиција соопшти дека повеќе од 30 лица починале од консумирање илегално произведен алкохол во Мумбаи. Бројот на жртвите достигнал до 33, еден ден откако жителите на овој финансиски центар консумирале евтин пијалак. Осумнаесет лица починале синоќа, само неколку часа откако го испиле илегалниот алкохол. Другите почнале утринава. Повеќе од 20 лица се наоѓаат на болничко лечење. Полицијата привела еден маж и го...

Уругвај: Новиот претседател најавува остри мерки против алкохолот

Новиот претседател на Уругвај, Табаре Васкез, најави остри мерки против алкохолот. - Ќе бидат засилена психолошката помош, превенцијата и сузбивањето на пушењето, наркоманијата и на алкохолизмот – рече Васкез по положувањето заклетва за петгодишниот претседателски мандат. Седумдесет и петгодишниот Васкез, лекар-онколог, еднаш веќе беше претседател, од 2005 до 2010 година, кога го забрани пушењето на јавни место, со што стана прв...

Делчевец починал по несреќа во својот дом

Седумдесет и тригодишен делчевец вчера утрото бил пронајден мртов во неговиот дом во градот, информираат од полицијата. Станува збор за Славе Д., кој, според полицијата, под дејство на алкохол паднал и со тилот од главата удрил во ѕидот од собата. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство и по извршениот увид на местото, телото на починатиот било...

Петнаесет битолчани со зголемен крвен притисок од прејадување

Лекарите од ургентното одделение на Клиничката болница во Битола, на новогодишната ноќ имале полни раце работа. Според докторот Зоран Лазаров, специјалист по ургентна медицина, ноќеска лекарска помош побарале петмина битолчани кои претерале со алкохолот, а кај 15 лица било констатирано зголемување на крвниот притисок, најчесто поради прејадување. Покрај тоа, шестмина битолчани дошле во болница поради повреди на телото, дел од нив предизвикани...

Итната помош за Нова година имала 172 интервенции

Службата за итна медицинска помош во Скопје, вчеравечер, за време на прославата на Нова година, интервенирала по повик и им укажала лекарска помош на 137 лица, а во пунктовите на итната помош биле извршени 172 прегледи. Според информациите, во пет случаи причина за интервециите била несовесната употреба на алкохол. Лицата, од кои четворица биле малолетници, биле префрлени на Клиниката за токсикологија. Итната...

На Токсикологија примени 32 пациенти, 16 претерале со алкохолот за Нова година

На Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ биле примени 32 пациенти, од кои 16 биле во алкохолизирана состојба, соопшти докторот Нестор Поповски, од Клиниката за токсикологија, пренесува „Република“. Според информациите, поголемиот дел од лицата што претерале со алкохолот биле девојчиња на возраст меѓу 14 и 21 година. Двајца од пациентите биле примени поради труење со јаглерод диоксид, кое настанало при греење. По укажаната...

Пијан штипјанец ја нападнал сопругата

Штипјанка утрово, во локалната полициска станица, пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, информираат од МВР. Таа пријавила дека ноќеска, триесетина минути по полноќ, нејзиниот сопруг С.П. (31), без повод и причина, почнал да ја удира по телото и по главата. Жената исплашена побегнала од својот дом, а по пријавата на случајот, била прегледана од лекар кој констатирал телесни...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...