fbpx
Таг: АлКаеда

таг: АлКаеда

Коалициските сили денеска извеле 23 напади врз позиции на ИД во Ирак и во Сирија

Коалициските сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД) денеска извршиле 18 воздушни напади на позиции на Исламска држава (ИД) во Ирак и на пет во Сирија, соопшти командата на здружените сили, јавуваат светските агенции. Според информациите, во Ирак биле гаѓани девет градови, вклучувајќи ги Синџар, Мосул, Кисик и Рамади. Во нападите било уништено тешко оружје, борбени позиции и возила на...

Ал каеда нуди три милиони евра за главата на Асад

Сирискиот разгранок на терористичката организација Ал каеда нуди три милиони евра за главата на претседателот на Сирија, Башар ал Асад, како и два милиони за главата на лидерот на либанското движење Хезболах. Во објавената аудиоснимка за распишаната награда, лидерот на разгранокот, Абу Мохамед ал Голани, вели дека е време  Асад да се избрише од историјата.

Лидерот на Ал каеда повикува на нови напади на Западот

Лидерот на Ал каеда, Ајман ал Завахири, на снимката, која е најверојатно стара два месеци, ги повикува младите муслимани да го напаѓаат Западот, особено САД. Тој посакува да се изведе терористичка акција по примерот на таа што ја извршија браќата Царнаев на бостонскиот маратон. Исто така, повикува на поголема слога и на соработка меѓу милитантите. Снимката на интернет се појави вчера, а...

Одбележување на 14-годишнината од терористичките напади на Њујорк и на Вашингтон

САД денеска ја одбележуваат 14-годишнината од терористичките напади на Њујорк и на Вашингтон, извршени на 11 септември 2001 година. Во нападите со киднапираните авиони загинаа 3.000 лица. Во Пенсилванија денеска, по тој повод, е отворен меморијален центар посветен на жртвите од патничкиот авион „Јунајтед ерлајнс“, на летот 93, еден од четирите киднапирани авиони. Авионот не стигна до целта. Истрагата потврди дека...

Ал каеда: Исламска држава е нелегитимна

Лидерот на Ал каеда, Ајман ал Завахири, соопшти дека Исламска држава и нејзиниот лидер Абу Бакр ал-Багдади се незаконити, но рече дека неговите приврзаници ќе ја поддржат нивната борба против западните коалиции во Ирак и во Сирија, доколку тоа е можно. - Не го признаваме овој калифат – вели Завахири во аудиоснимка што се појави на интернет. Не е сигурно кога говорот е...

Исламистички бунтовници ја зазеле воздухопловната база во Идлиб во Сирија

Сириски бунтовници поврзани со Ал Каеда, по двегодишна опсада ја презеле контролата на една од клучните воздухопловни бази во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на земјата, соопштила сириската државна телевизија, пренесува „Би-Би-Си“. Воздухопловната база Абу ал-Духур, беше последното упориште на режимот во Дамаск во провинцијата, која е под речиси целосна контрола на бунтовниците. Милитантите кои стојат зад нападот се верува дека...

Исламска држава преку социјалните мрежи влијае на Американците

Внатрешното превирање на припадници на Исламска држава претставува поголема закана за САД отколку надворешните напади на Ал каеда, изјави директорот на ФБИ, Џејмс Коми. Тој објасни дека радикалната група ИД поттикнува Американци со проблеми да се свртат кон насилство. Тој вели дека ИД влијаела на значителен број Американци преку кампања на социјалните мрежи, повикувајќи ги муслиманите што не можат да патуваат...

Уапсени 18 терористи во Италија

Италијанската полиција уапси 18 лица поврзани со терористичка организација блиска до Ал каеда, која поддржува напади врз пакистанската Влада и врз американските сили во Авганистан. Како што јавуваат италијанските медиуми, уапсените се осомничени дека учествувале во нападот врз пазарот во пакистанскиот град Пешавар од 2009 година, во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.

Во антитерористичка акција, САД убиле и двајца заложници

Еден државјанин на САД и еден Италијанец, кои биле држени од Ал каеда како заложници во погранична област меѓу Пакистан и Авганистан, загинале во антитерористичка операција на силите на САД, изведена со дронови, во јануари оваа година, соопшти денеска Белата куќа, пренесуваат светските медиуми. Во операцијата биле убиени американскиот лекар Ворен Вајнштајн и Италијанецот Џовани Ло Порто. Од Белата куќа соопштиле...

Директорот на Европол предупредува: Ал каеда сè уште може да изврши големи напади во Европа

Опасноста од терористички напади во Европска унија и понатаму е висока, изјави денеска Роб Вејнврајт, директорот на Европол, предупредувајќи на опасноста што ја претставуваат Исламска држава и Ал каеда. - Двете организации имаат способност и средства за да спроведат напади во ЕУ. Сметаме дека заканата за безбедноста во ЕУ ќе остане на високо ниво – изјави Венјврајт. Според Венврајт, организациите кои се...

Командоси нападнале исламисти и ги дочекало изненадување

Француските командоси вчера сосема случајно ослободиле Холанѓанец кој четири години бил заробеник на исламистите на Ал каеда. Командосите во пустината Сахара го пресретнале караванот на џихадистите, а по борбите во кои се убиени исламистите, специјалците се изненадиле кога сфатиле дека тие со себе носеле заложник. Сјаак Ријке, 54-годишен Холанѓанец, е киднапиран пред три години заедно со уште двајца, од хотелот „Тимбукту“...

Ал Каеда се обидела да го убие папата Франциск

Милитантната група Џама исламија, разгранок на Ал Каеда во Југоисточна Азија, сакала да го убие папата Франциск за време на неговата посета на Филипини, пишува „Кориере дела сера“. Нападот требало да го изврши терористот познат под името Марван. Тој требало да направи бомба и да ја актибира на 18 јануари додека папата минувал низ центарот на Манила, главниот град на...

Јордан го ослободи главниот идеолог на Ал Каеда

Официјален Аман го ослободи Абу Мохамад ал Макдиси, еден од главните идеолози на терористичката организација Ал Каеда, кој од октомври минатата година се наоѓа во затвор во Јордан. Јорданското обвинителство одлучи да ги повлече обвиненијата против Ал Макдиси, кој се најде зад решетки поради објавување на интернет на идеологијата на разгранокот на Ал Каеда, терористичката група Фронт на Нусра. Засега не се...

Јеменската Ал Каеда најавува нови напади

Разгранокот на терористичката организација Ал Каеда во Јемен најави нови напади во САД и на Западот, неколку дена откако ја презеде одговорноста за масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“. - Подготвени сме и ги демнеме непријателите на Алах. Ги поттикнуваме верниците да го направат тоа – рече во видеоснимката Насер бин Али ал-Анси, еден од лидерите на организацијата, притоа...

САД: Снимката на Ал Каеда за нападот на „Шарли ебдо“ е автентична

САД сметаат дека е автентична видеоснимката на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, на која организацијата ја презема одговорноста за нападот на францускиот магазин „Шарли ебдо“, соопшти американскиот Стејт департмент. Портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф, изјави дека американските претставници веруваат дека видеоснимката е автентична, но дека се утврдуваат специфичните аспекти на тврдењата на групата кои се изнесуваат во снимката. - Веруваме...

Ал Каеда ја презеде одговорноста за масакрот во Париз

Хероите добија задача и ја извршија, изјави лидерот на Ал Каеда во Јемен, Насер Бен Али ал-Анаси, во видеопорака со која ја презеде одговорноста за нападот врз парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“. Во видеопораката се наведува дека браќата Саид и Шериф Кауши го извршија нападот врз „Шарли ебдо“ на барање на Ајман ал Завахири, кој побарал одмазда за навредата на...

Ал Каеда се закани со нови напади во Франција

Јеменскиот разгранок на Ал Каеда ќе продолжи со нападите врз Франција, се закани шеик Харит ел Надари, верскиот лидер на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров (АКАП). „Никогаш нема да бидете безбедни сè додека се борите против Алах, неговиот пророк и неговите верници“, стои во пораката, во која се поздравуваат нападите во Париз и се опишуваат напаѓачите како „херои муџахедини“. Истовремено, АКАП во...

Почина Абу Анас ал-Либи, еден од главните водачи на Ал Каеда

Во болница во Њујорк починал заробениот од страна на американските специјалци во 2013 година во Либија, Абу Анас ал-Либи, кого САД го сметаат за еден од највлијателните челници на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и кој се смета за организатор на терористичките напади врз американските амбасади во Кенија и во Танзанија во 1998 година. САД повеќе од десет години трагаа...

Убиен е еден од најбараните лидери на Ал Каеда

Пакистанската војска денеска соопшти дека е убиен еден од најбараните терористи на листата на ФБИ, Аднан ел-Шукриџухах. Овој член на Ал Каеда се смета за еден од „мозоците“ на операцијата за нападите на метрото во Њујорк во 2009 година. Шукриџухах се смета за лидер на програмата за надворешни операции на Ал Каеда и дека бил еден од организаторите на плановите...

ЈЕМЕН: Убиени седум припадници на Ал Каеда

Седум припадници на Ал Каеда, меѓу кои и жени, загинаа при нападите на американските беспилотни летала во Јемен, соопшти јеменското министерство за одбрана. Мета на нападите, според племенските извори, биле неколку припадници на Ал Каеда кои се собирале „под група дрва“ во близина на Азана, покраината Шабви. Истиот извор потврди дека седум припадници се убиени. Министерството за одбрана соопшти дека жената...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...