fbpx
Таг: Алијанса за Албанците

таг: Алијанса за Албанците

Секогаш кога се ближат изборите, се влошува говорот на омраза на етничка основа во медиумите

Имајќи го предвид фактот дека политичките партии во Северна Македонија за да добијат политички поени традиционално користат националистичка реторика, во секој предизборен период интензивно се зголемува говорот на омраза, главно на етничка основа. И годинава ништо не се смени од ваквата пракса, a омразата од социјалните мрежи премина и во медиумите. Во неофицијална форма, кампањата во земјава започна со...

На конгресот на Алијанса на Села, го разрешиле Таравари

Борбата меѓу двата непријателски табора во Алијанса за Албанците продолжи денеска, кога се одржа и вториот конгрес за неколку дена на „Алијанса за Албанците“. Имено, во Опера и Балет во Скопје, денеска се собраа делегати свикани од поранешниот партиски лидер Зијадин Села. На конгресот е донесена одлука за смена на сегашниот партиски претседател Арбен Таравари и избор на Села...

Таравари „му фрли ракавица“ на Ахмети за претседателската трка

Во статус на социјалната мрежа, претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на РСМ од опозициската коалиција ВЛЕН, јавно го предизвика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да го прифати предизвикот и конечно да се кандидира за претседателските избори, за двајцата да си ги одмерат силите. „Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, некогаш вели дека...

На 18 февруари на Конгрес ќе се одлучува дали ќе се разреши Таравари од лидер на Алијанса за Албанците

Дали лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари ќе остане претседател на партијата ќе се знае на 18 февруари кога партискиот Конгрес ќе одлучува по иницијативата за негово разрешување која денес ја поднесе Централното собрание на партијата чиј претседател е Зијадин Села. Централното претседателство денеска заседаваше со часови, а Села изјави дека за поведување на иницијативата за разрешување на...

Собранието ги разреши министрите на Алијанса, Меџити и Алиу

По целодневна и исцрпувачка дебата, собраниските пратеници доцна синоќа во две одделни гласања ги разрешија министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. За разрешувањата гласаа 62 пратеници, додека немаше ниту еден против ниту воздржан. Опозицијата, по учеството во дебатата и критиките упатени за владејачката коалиција, не учествуваше во гласањето. Меџити и Алиу се министри...

Меџити и Алиу – политички жртви од поделбата на Алијанса

Предлогот за разрешување на министрите не се однесува на нивната професионална подготвеност за која имам посебна почит, туку, според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зашто беше предложено разрешувањето. Ова го истакна премиерот на техничката Влада, Талат Џафери, откако беше поднесен предлогот за разрешување на министрите за здравство и...

Џафери до Собранието го достави предлогот за разрешување на министрите Меџити и Алиу

Претседателот на Владата, Талат Џафери, доставил допис до претседателот на Собранието, Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлага Собранието на првата наредна седница, да ги разреши Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација. Од Владата информираат дека Џафери доставил и...

Контраспин: Граѓаните не очекуваат антикорупција за сметка на човекови права

Извртувањето на вистината е во тоа што Викторија Аврамовска-Мадиќ не нуди ниту еден аргумент дека токму со овие измени борбата против корупција ќе биде побрза и поуспешна, како и дека граѓаните стоеле зад ова зашто тие тоа го очекуваат од власта, дотолку повеќе што самиот предлог закон беше повлечен од Собранието и вратен на доработка во Министерството за правда,...

Алијанса за Албанците предложи нови министри за здравство и за информатичко општество

Отворената „војна“ меѓу Арбен Таравари и Зијадин Села од Алијанса за Албанците сè повеќе се разгорува. Откако приврзаниците на Села вчера предложија разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество, Фатмир Меџити и Азир Алиу, денеска дадени се предлози за двајца нови министри кои би ги замениле. „Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 од 7 гласа одлучи...

Таравари и Мицкоски не се сретнале во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 31 јануари

ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека Арбен Таравари и Христијан Мицкоски имале средба во партиското седиште. Телевизијата Клан испрати соопштение дека не е точна првично објавената информација од нивната телевизија, дека автомобилот на Таравари бил снимен во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Арбен Таравари на...

Разрешени двајца директори од Алијанса, Меџити и Алиу обвинуваат: „ДУИ фрла масло на огнот“

На денешната владина седница разрешени биле Бујаре Абази, директорка на АД „Македонски пошти“ и Газменд Абдија, директор на Агенцијата за странски инвестиции, кои доаѓаат од редовите на Алијанса за Албанците (АА). Ова се случува во период на големи турбуленции во партијата од албанскиот политички блок, каде во директен судир влегоа Арбен Таравари и Зијадин Села. Бујаре Абази е потпретседателка на...

Алијанса бара разрешување на министрите Меџити и Алиу

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од пет гласа одлучи да му предложи на премиерот Талат Џафери разрешување на министрите за информатичко општество и администрација и за здравство, Азир Алиу и Фатмир Меџити. „Оваа одлука е донесена затоа што преку моќта на министерската функција, но без...

Таравари: Куршумот потсетува на Италија кога мафијата го уби Фалконе

Откако денеска во раните утрински часови беше пронајден куршум во дворот од неговата куќа, попладневo реагираше претседателот на Алијансата на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари. „Жал ми е за моето семејство и особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за тие политичари кои покажуваат дека нивниот аргумент да замолчи нечиј глас...

Врие во Алијанса за Албанците, на конец виси тандемот Таравари-Села

Кулминира внатрепартиската битка во Алијанса за Албанците, меѓу лидерот на партијата Арбен Таравари и претседателот на партиското Централно собрание Зијадин Села, која постоеше и претходно, но зовре при отворањето на прашањето за коалицирање на претстојните избори. Таравари неодамна беше кај косовскиот премиер Албин Курти заедно со опозиционерите, а вчера објави дека со потписи добил подршка од мнозинство од партиското собрание...

Власта и опозицијата блиску до договор, изборите на еден датум во мај

Фото: Борче Поповски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска за првпат потврди оти за него е прифатливо парламентарните избори да се одржат во мај. Тој денеска од Прилеп порача дека има доволно простор во мај догодина да се одржат претседателските и парламентарните избори. „Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин“, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Тој додаде дека финалните...

Алијанса бара МВР да открие кој се заканува на Агенцијата за одземен имот

Владејачката партија Алијансата за Албанците денеска побара од полицијата да открие кој се заканува на вработените и на директорот на Агенцијата за одземен имот. Ваквата реакција на партијата следи откако деновиве реагираше и директорот на оваа агенција Дритон Небиу, кој се пожали на притисоци. „Деновиве криминалци потврдени со судски решенија им се заканувале на вработените и на директорот на Агенцијата...

Власта и опозицијата – „раштиман оркестар“ околу датумот за избори

Фото: Борче Поповски
СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ денеска сите поединечно коментираа околу датумот за одржување на парламентарните и претседателските избори наредната година. Секој влече на различна страна на оваа тема. Најизненадувачка беше денешната најава на ДУИ дека немаат проблем со одржувањето на изборите, односно дека се подготвени во ист ден да се одржат претседателските и парламентарните избори, онака како што...

Зуди Кока е предлог за директор на МЕПСО

Алијанса за Албанците го предложила Зуди Енузи Кока за директор на МЕПСО, јави Радио Слободна Европа. Тој го поминал филтерот кај Надзорниот одбор и се очекува неговото назначување само да се официјализира. Зуди Кока доаѓа од компанијата, бидејќи до сега бил шеф на кабинетот на разрешениот директор на АД МЕПСО, Сурија Рашиди. На јавноста ѝ стана попознат по случајот со неговиот...

Условените оставки на министрите на ДУИ наидоа на различно толкување кај партиите

Различни толкувања од политичките партии има по вчерашното поднесување на условени оставки од министрите и владините функционери на ДУИ. Од СДСМ велат дека по потегот на ДУИ, сега на ред е Христијан Мицкоски за да одлучи дали е за ЕУ или за изолација. Од ВМРО-ДПМНЕ пак посочуваат дека нивната позиција е јасна, односно дека уставни измени ќе нема. Арбен...

Мицкоски и Ковачевски се препукуваат околу предлозите за уставни измени

Лидерите на двете најголеми политички партии во земјава, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски со денови се препукуваат околу предлозите за уставни измени. По ДУИ, и од Алијансата на Албанците денеска нагласија дека се подготвени и тие да излезат од владата доколку ВМРО-ДПМНЕ ги гласа уставните измени, додека партијата БЕСА најави оти нема намера да влезе во евентуална широка влада. Премиерот...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...