fbpx
Таг: Ali Ahmeti

таг: Ali Ahmeti

Османи: Холандскиот амбасадор бил кај Ахмети оти ДУИ најмногу зборува за борба против корупција

Откако вчера холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за му да ја пренесе пораката дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена во политичкиот спектар и дека неприфатливо е несоодветното политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, се огласи...

Јан Коп до Ахмети: Две години пад на владеењето на правото, политичкото влијание врз Врховниот суд е неприфатливо

Холандскиот амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за му да ја пренесе пораката дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена во политичкиот спектар. Холандската амбасада во земјава на својот официјален профил на Фејсбук објави фотографија од Јан Коп со Ахмети, со дополнителна...

Лага е дека во емисијата на „360 степени“ го немало македонското знаме

Преку манипулативна фотографија од епизодата на „360 Степени“, во која беше емитувано интервју со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во објава на Фејсбук лажно се тврди дека не било поставено државното знаме на Северна Македонија, додека во исто време стоеле партиското знаме на ДУИ и други знамиња, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната...

Ахмети се сретна со косовскиот министер Алиу, разговарале за изградба на пат меѓу Тетово и Призрен

Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна со косовскиот министер за животна средина, просторно планирање и инфраструктура Либурн Алиу во партиското седиште во Мала Речица. Ахмети рече дека се среќава со Алиу по официјално барање од косовскиот премиер Албин Курти, кој во петокот беше во посета на Тетово и Скопје, на средба само со опозициските лидери од албанскиот...

Министрите на ДУИ поднесоа оставки, ќе стапат во сила кога опозицијата ќе гласа за уставни измени

Сите министри и владини функционери од редовите на владејачката ДУИ, денеска соопштија дека поднесуваат оставки од своите функции, но дека се условени со гласање на измените на Уставот од пратениците на ВМРО–ДПМНЕ. Тогаш кога опозициската партија ќе гласа за измените, оставките се активираат како што беше и условот поставен од најголемата опозициска партија. Лидерот на ДУИ денеска го извести премиерот...

ФИТР реагира: Компаниите на Дрин Ахмети и претходно аплицираа но беа одбиени

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) реагираше со соопштение по повеќе написи во медиумите во кои се посочува дека внукот на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, добил неколку грантови. Оттаму ги отфрлаат обвиненијата дека станува збор за корупција посочувајќи дека ФИТР е „единствена институција во државата која има сертификат ISO : 31007 за борба...

ЗНМ и ССНМ: Ахмети не смее да етикетира медиуми

Здружението на новинарите на Македонија го осудува јавното етикетирање на телевизиите Телма и Алфа од страна на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети. Тој на партиската трибина во Гостивар рече: „Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира, на непријателите на Албанците, тие аплаудираат, Алфа, Телма – мелма, тоа се тие. Што добија...

Ковачевски му порачува на ВМРО-ДПМНЕ наместо со најавените блокади, да почне со работа во општините

По најавите на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на Собранието на РСМ од 10 мај и барањето на Христијан Мицкоски за лидерска средба за закажување на датум за предвремени парламентарни избори, денеска со реакција излегоа двајцата лидери на владејачките СДСМ и ДУИ, Димитар Ковачевски и Али Ахмети. Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ конечно да...

Али Ахмети: Слободните избори се одраз на нивото на демократија во државата

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денес гласаше во неговото родно место во кичевското село Зајас. По гласањето Ахмети им порача на граѓаните да излезат на гласање затоа што тоа е чекор напред кон иднината и воедно да се помогне со вредностите за градењето на државата. „Ова е култура, семеен и државен празник на кој се демонстрираат...

Али Ахмети на прес-конференција објави победа на ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференција во седиштето на партијата рече дека ДУИ победи и на овие избори, пренесува Порталб.мк „Во Липково имаме одличен резултат, во Сарај, Пласница. ДУИ води во Тетово, Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново, Долнени. Во Дебар, Чашка и Врапчиште одиме во втор круг“, рече тој. Тој исто така дополни ДУИ има одличен резултат и...

Зелената агенда ќе биде дел од ДУИ за локалните избори, најави Ахмети

На 19. роденден на ДУИ започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ, најави лидерот на партијата Али Ахмети, на прославата во Градски парк. Тој рече дека дошло време да се фокусираат на квалитетот на животот, условите за секојдневно живеење, развојот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда, дигитализација, социјални...

Ахмети како сведок денеска и утре ќе дава исказ пред Специјалното обвинителство за Косово

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска и утре ќе дава исказ пред истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово, како сведок за неговата улога во ОВК. Ахмети е повикан во овој Суд како сведок на обвинението поднесено за воени злосторства покренато против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на ДПК, Кадри Весели. Во врска со сведочењето, Ахмети минатиот...

Заев: Поскапувањето на струјата е на барање на ЕСМ и МЕПСО, а како последица на пандемијата и неповолната состојба со хидроакумулациите

По средбата со Али Ахмети, претседателот на ДУИ, вчера, во која се договараше составот за нова влада, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече оти не се согласува со барањата за разрешување на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), која донесе одлука да се покачи цената на струјата. – Јас ги видов сите аргументи и...

Заев ја пофали ДУИ за доблеста, Ахмети му призна на Заев за храброста

На денешната прес-конференција на двајцата претседатели на најголемите партии во старо-новата владина коалиција, СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети не ги штедеа убавите зборови еден за друг, иако во екот на изборната кампања се чинеше дека се противници. „ДУИ покажа големина и доблест за иднината на сите граѓани и државата. При таа доблест е утврдено јас да ја...

Заев ќе ја води владата наредните четири години, на 100 дена пред избори ДУИ ќе предложи премиер

Постигнат е коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ, Зоран Заев ќе биде премиер на новата Влада наредните четири години. Сто дена пред истекот на мандатот, на предлог на ДУИ, ќе се избере премиер што ќе ги организира изборите, соопштија лидерите на двете партии, Зоран Заев и Али Ахмети на заедничката прес-конференција по денешната лидерска средба. Договорот се темели на принципи...

Заев и Ахмети утре на лидерска средба за конечен договор за нова влада

За време на викендот и денес продолжуваат интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и Коалицијата “Можеме” и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна Влада на Република Северна Македонија, соопштуваат од СДСМ. Како што велат оттаму, тимовите на двете партии интензивно работат на создавање брз и темелен коалициски договор. Од СДСМ потврдуваат дека во разговорите кои се водат...

Ниту еден од поканетите лидери на албанските политички партии не дојде на средбата кај Ахмети

Поканата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, лидерите на албанските политички партии да ја одбележат со заедничка средба 19-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, беше неуспешна, бидејќи не се појави ниту еден лидер на албанските партии што влегоа во новиот состав на парламентот. Али Ахмети со Теута Арифи и Артан Груби во хотелот „Парк“ во Скопје беа само...

Сè уште нема договор меѓу Заев и Ахмети за нова владина коалиција, преговорите продолжуваат

Попладневната средба на претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, за формирање владина коалиција заврши без резултати. Обајцата лидери не изразија ниту оптимизам ниту песимизам за понатамошни преговори, но посочија дека преговорите не се завршени со денешната средба. -Жалам што не можеме денеска да соопштиме дека има договор со страните со кои разговараме. Преговорите ќе продолжат...

Имотна состојба на пратениците од албанскиот политички блок 

Сегaшните анкетни листови содржат податоци за последната пријавена состојба за имотот на пратениците. Дел од нив во Државната изборна комисија фигурираат и со повеќе анкетни листови, во зависност од функциите што ги имале пред пратеничкиот мандат. Законската регулатива предвидува и ги задолжува пратениците најдоцна 30 дена по завршување на нивниот мандат да пополнат нови анкетни листови, пишува „Порталб.мк“. Овој...

Албанскиот портал „БалканВеб“ објави две години старо интервју на Ахмети како актуелно

Албанскиот портал „БалканВеб“  неодамна објави текст со кратко видео од интервју на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дадено на ТВ 21, но без да објасни дека станува збор за старо интервју направено пред две години (декември 2017). Имено, во написот  е пренесен пост на вицепремиерот Бујар Османи, кој по лидерската средба кај шефот на државата Стево Пендаровски, на Фејсбук објави дел од стара емисија на „Клик...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...