fbpx
Таг: Алексис Ципрас

таг: Алексис Ципрас

Ципрас поднесе оставка од претседателската функција во СИРИЗА

По изборниот пораз што го доживеа на парламентарните избори што се одржаа изминатиов викенд, Алексис Ципрас си поднесе оставка од претседателската функција во СИРИЗА, пренесува грчкиот весник Катимерини.  „Се одлучив да се повлечам. Имам верба во човечкиот капитал на нашата партија и во неисцрпливите сили на општеството и Левицата“, рече Ципрас во своето денешно обраќање. Ципрас ја раководеше СИРИЗА во изминативе...

Грција ќе гласа нова власт на втор круг избори, и Ципрас го одби мандатот

Грција ќе ја бира новата државна власт на вториот круг на парламентарните избори, што најверојатно ќе се одржи на 25 јуни, откако денеска и Алексис Ципрас, лидерот на второпласираната политичка сила, коалицијата СИРИЗА, го одби мандатот за формирање влада доделен од претседателката Катерина Сакеларопулу. Вчера мандатот го отфрли и лидерот на Неа Демократиа, Киријакос Мицотакис. Неа Демократиа имаше најдобри...

Премиерот Заев заедно со Ципрас денеска ја примија Меѓународната награда за мир на Вестфалија

„Ако Договорот од Вестфалија од 1648 година беше пресвртница, бидејќи со него започна развивањето на капацитетите на Европа да живее со верските различности, Договорот за Преспа е пресвртница за нашиот регион“, истакна македонскиот премиер Зоран Заев на церемонијата на доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која денеска му беше врачена нему и на поранешниот грчки премиер Алексис...

Три години од Преспанскиот договор – за Заев историски, опозицијата бара почеток на преговори со ЕУ

Преспанскиот е историски договор којшто го реши тридеценискиот спор со Грција, напиша денеска премиерот Зоран Заев по повод три години од неговото потпишување на 17 јуни, 2018 година. „Со тогашниот премиер Ципрас си рековме дека нема да го ставиме процесот во кутијата на црвените линии. Така прават пријателите, насочени кон решение, кон компромис. И дојдовме до решение. Тогаш кога сите...

Со сериозен наслов не се пренесува шега

Колку и спектакуларно да звучи и често да се појавува, насловот дека Зоран Заев ја дал ќерката за да се потпише Преспанскиот договор или, пак, во замена за грчки остров, не е точен пишува „КриТинк“. Всушност, се работи за исечок од опуштено новогодишно интервју во домот на Заеви подготвено како разговор на новинарот Мишко Иванов од „ТВ24“ со Заев и...

Најголемите 10 дезинформации во Грција: Лек за ракот, пчели кои сакаат икони, проститутки за мигранти

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Ципрас доаѓа во Скопје на први октомври на Самит за Западен Балкан

Поранешниот грчки премиер и лидер на опозициската партија СИРИЗА Алексис Ципрас и поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц на 1. октомври ќе учествуваат на Самитот за Западен Балкан во Скопје. На настанот, организиран од „Економист“, ќе дебатираат, меѓу другите, и поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел, потпретседателот на Европскиот парламент Димитрис Пападимулис и македонскиот премиер Зоран...

Ципрас ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Антена“ порача дека нема да има предвремени парламентарни избори во Грција, односно ќе бидат одржани според планот, во октомври, пренесе „АНА-МПА“. Ципрас изрази оптимизам дека неговата левичарска коалиција СИРИЗА ќе победи на претстојните избори за Европскиот парламент закажани за 26 мај. – Целта на СИРИЗА и на формираната прогресивна алијанса е да...

Номинацијата на Заев и Ципрас за Нобелова награда поддржана од 33 европратеници

Фото: Борче Поповски
По прв пат на Балканот со покажано лидерство се постигнува ваков иновативен договор, пишуваат 33 европратеници од 16 земји и шест политички групи од Европскиот Парламент, во писмото до Норвешкиот комитет за Нобел со кое ја поддржaa иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да бидат добитници на Нобеловата награда за мир за 2019. Писмото...

Ципрас ја почна првата посета на грчки премиер на земјава

Авионот со кој грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска допатува во официјална посета на Северна Македонија, придружуван од бројна делегација од 70 бизнисмени, слета на скопскиот меѓународен аеродром. Ципрас е првиот грчки премиер што дошол во официјална посета на земјава. Авионот на грчката влада, слета околу 9.45 часот, по патека од западната страна, односно поминувајќи ги Солунска Глава и езерата Козјак...

Делегација од Грција предводена од премиерот Ципрас, во прва официјална посета на 2 април

Делегација на Грција, предводена од премиерот Алексис Ципрас пристигнува во официјална посета на Северна Македонија во вторник на 2 април, информираат од Владата. „Во рамки на посетата делегацијата од Грција ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Северна Македонија. После неколку кратки билатерални средби помеѓу...

Ципрас во Скопје на 2 април, пишуваат грчките медиуми

Долгонајавуваната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Македонија ќе се случи на 2 април, вторник, пишуваат грчките медиумите. Тоа ќе биде прва официјална посета на грчки премиер на земјава.Ципрас ќе ја предводи делегацијата составена од неколку членови на неговиот кабинет и претставници на бизнис заедницата во Грција. Во дводневна работна посета на Атина минатата седмица беше министерот за надворешни работи,...

Димитров на форум во Грција со Ципрас и Дачиќ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе биде еден од учесниците на „Делфи економскиот форум“ во Грција, што започнува денеска, а ќе трае до 3 март. Димитров утревечер ќе има обраќање на пленарната сесија, а ќе говорат и грчкиот премиер Алексис Ципрас, шефот на кипарската дипломатија, Никос Христодулидис, вицепремиерката на Романија, Ана Бирчал и вицепремиерот и министер за надворешни работи...

Заев и Ципрас во Минхен ќе примат награда

Премиерот Зоран Заев од денеска до недела заедно со владина делегација ќе присуствува на годинешната Минхенска конференција за безбедност. На настанот ќе има заедничка дискусија за Република Северна Македонија и Република Грција на која како главни панелисти се предвидени премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. „Оваа панел дискусија на Минхенската конференција за безбедност традиционално им е посветена на добитниците на главната...

Заев и Ципрас ќе се сретнат на Минхенската безбедносна конференција

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас ќе имаат средба на маргините на Минхенската безбедносна конференција што ќе се одржува од 15 до 17 февруари, објави грчки Катимерини. Заев и Ципрас, како признание за нивните напори за решавање на долгогодишниот спор, во Минхен ќе ја добијат престижната награда Ewald von Kleist, која се доделува како признание за...

Претседателот на ЕП, Тајани, против предлогот за Нобелова награда за Ципрас и Заев

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани и заменик - претседател на Европскaта народна партија (ЕПП) во која членуваат партиите на европската десница -  не ја поддржува кандидатурата на Алексис Ципрас и Зоран Заев за Нобелова награда за мир, јави грчка „иЕфимерида“. Тој на седница на Бирото на ЕПП во Атина објасни дека како заменик - претседател на ЕПП не може...

Рот: ЕУ мора брзо да започне пристапни преговори со Северна Македонија

Решението на спорот со името помеѓу Грција и Македонија е пример за мирно решавање на конфликти помеѓу европските партнери, вели Државниот министер за Европа на Германија,  Михаел Рот, во интервју за „Велт“. - Кој до неодамна можеше да смета дека е можен договор за 27-годишниот спор за името помеѓу Поранешната југословенска Македонија, во иднина Република Северна Македонија, и Грција? Храбри,...

Заев и Ципрас ќе примат награда на Минхенската безбедносна конференција

Наградата „Ewald von Kleist“ на Минхенската безбедносна конференција, оваа година, ќе им биде доделена на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Договорот од Преспа, објави „Дојче Веле“ на грчки јазик. Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер на неговиот официјален „Твитер“ профил на 25 јануари, кусо откако Договорот од Преспа беше ратификуван од грчкиот Парламент, напиша дека „ двајцата премиери ќе бидат...

Макрон: Договорот од Преспа е пример за решавање на проблемите

Договорот од Преспа претставува пример за решавање на проблемите во Европа и пошироко, изјави францускиот претседател, Емануел Макрон, говорејќи за спорот со името на Петтиот самит на земјите од Југот што се одржува во Кипар, пренесе грчкиот весник „Катимерини“. Тој истакна дека договорот е надеж за сите дека дијалогот води до резултати. -Би сакал да ги споменам премиерите Алексис Ципрас и...

ЕБРД со посилна поддршка за економиите во двете земји по ратификацијата на Договорот

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Сума Чакрабарти упатил писмо со честитки до двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас за ратификацијата на Договорот од Преспа во парламентите на двете земји, оценувајќи го влегувањето во сила на овој важен Договор со преостанатите процедури, како важен влог во стабилноста и економските перспективи на двете земји, во регионот...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...