fbpx
Таг: Алексеј Навални

таг: Алексеј Навални

Замаглување на вистината за смртта на Навални со вакцинални дезинформации

Истакнатиот руски опозиционер и критичар на власта, Алексеј Навални, почина во сомнителни околности. Во отсуство на каква било транспарентност околу неговата смрт, во регионот се шират дезинформации дека починал од тромб предизвикан од ковид вакцината на „Фајзер“. Поточно, се тврди дека Навални е жртва на вакцината преку т.н. нарачано убиство, а не на политичка репресија, пишува „Вистиномер“ во својата...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок. Правната основа за мерките е сериозно кршење на човековите права. Според извештајот, министрите за надворешни работи на земјите-членки на состанокот во Брисел се договориле да воведар санкции против претставници на...

Путин: Навални требаше да биде ослободен во размена на затвореници договорена со Западот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ја поддржувал идејата за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални при размена на затвореници, пред тој да биде пронајден мртов. „Се случува. Нема ништо што можете да направите. Тоа е живот“, бил првиот коментар на Путин во врска со смртта на Навални. Невообичаено било тоа што, оценува Асошиејтед прес, за прв пат во пет...

Сојузникот на Навални, Леонид Волков вети дека ќе ја продолжи борбата против Путин откако беше нападнат со чекан

Леонид Волков, долгогодишен помошник на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, вети дека ќе ја продолжи борбата против рускиот претседател Владимир Путин, откако беше нападнат со чекан пред неговиот дом во Литванија, пренесува Гардијан. „Ќе работиме и нема да се откажеме“, рече тој во видео објавенo на Телеграм денес, тврдејќи дека нападот што го остави со скршена рака е „карактеристичен...

Јулија Навални – мета на дезинформации по смртта на нејзиниот сопруг

Не постои ниту еден релевантен извор од кој произлегува дека Јулија Навални била обвинета за „нов љубовник“. Фотографијата на која се гледа Јулија Навални на плажа со некој маж, е од 2021 година. Со обратно пребарување, пронајдовме дека станува збор за Евгениј Чичваркин, руски милионер кој живее во егзил во Велика Британија, а фотографијата првпат е објавена на 17 август...

Навални погребан во Москва, го испратија илјадници Руси под силно полициско присуство

Илјадници Руси го скандираа името на Алексеј Навални изјавувајќи дека нема да им простат на властите за неговата смрт, додека денеска во Москва траеше погребот на најголемиот опонент на Владимир Путин. На видеата кои се емитуваа во живо од гробиштата Борисовски, мајката на Навални, Људмила и таткото Анатолиј се наведнаа над неговиот отворен ковчег за да го бакнат за последен...

Смртта на Навални ги засени дезинформациите од Москва за воениот поход во Украина

Иако во февруари се одбележуваат две години страдање од руската агресија на Украина, илјадници загинати и безмерно уривање на сè што е важно за Украина и за Украинците, дезинформациите од Москва за овој нејзин воен поход и натаму упорно се пласираат во светот. Тие беа поттикнати лично од Путин во интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон, но потоа беа...

Погребот на Навални во тензична атмосфера и под силно полициско обезбедување

Стотици луѓе се собрани зад металните полициски бариери кои го блокираат влезот во црквата каде што треба да се одржи богослужбата во Москва на опозицискиот лидер Алексеј Навални, најголемиот критичар на претседателот Владимир Путин, пред неговиот погреб, пренесуваат светските медиуми. Со големо полициско присуство, групите за човекови права ги предупредија ожалостените дека се можни апсења и немири. Навални ненадејно почина...

Алексеј Навални ќе биде погребан в петок во Москва

Алексеј Навални ќе биде погребан в петок во Москва, потврди неговата портпаролка, а пренесува Би-Би-Си. Погребот ќе се одржи на гробиштата Борисовское, по прошталната богослужба во московската црква. Неговата портпаролка Кира Јармиш вчера рече дека тимот се мачел да најде место за одржување на церемонијата – некои погребни домови тврделе дека се целосно резервирани, додека други одбиле кога дознале за кого...

Шолц: Навални беше убиен од режимот на Путин

Германскиот канцелар Олаф Шолц го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на опозицискиот политичар Алексеј Навални, пренесе германската агенција ДПА. „Јас, како и сите други, претпоставувам дека тој е убиен од режимот“, рекол Шолц на состанокот на главните уредници во агенцијата ДПА. Тој додаде дека Русија е диктатура и дека смртта на Навални е „последица на таа диктатура“. Според руските власти,...

Телото на Навални е предадено на неговата мајка

Телото на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални е вратено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка, a пренесоа светските медиуми. Во објава на социјалната мрежа Х, Кира Јармиш им се заблагодари на сите што побараа од властите да ги предадат неговите останки. „Погребот допрво треба да се одржи“, напиша таа. На мајката на Навални, Људмила, наводно ѝ било кажано да се согласи на...

Фотографијата од Навални со нацистичкиот поздрав и тетоважа на Хитлер е лажна

Фотографијата на којашто е прикажан Навални со тетоважа на Хитлер на градите и со крената рака во нацистички поздрав, е фабрикувана. Се работи за фотомонтажа, модифицирана од оригинална фотографија од 2013 година објавена во напис на веб-страницата Oxu.az, којшто говори за огорченоста на дел од руското население кон мигрантите. Тврдењата дека Путин се борел против нацистите во Украина, вклучително...

Ирска изрази гнев поради смртта на Навални

Министерството за надворешни работи на Ирска го повикало рускиот амбасадор во Даблин за да „изрази гнев“ поради смртта на познатиот руски дисидент Алексеј Навални во затвор, јави ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ. Ирското МНР на Твитер објави оти на амбасадорот Јури Филатов му повторило дека „конечната одговорност“ за смртта на Навални „лежи кај руското раководство“. Исто така, била побарана целосна...

Телото на Навални ќе биде задржано две недели на хемиска анализа, ЕУ бара меѓународна истрага

Телото на Алексеј Навални, критичарот на Путин кој почина во руски затвор, нема да биде вратено на фамилијата во наредните 2 недели, пренесе Би-Би-Си. Наводно, телото ќе биде задржано за хемиска анализа, а од руските власти нема потврда за тоа каде се наоѓа телото. Во видео од понеделникот, Јулија Навалнаја, сопругата на Алексеј, директно го обвини Владимир Путин за убиство на...

Вдовицата на Навални најави дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг за „слободна Русија“

Јулија Навалнаја, вдовицата на Алексеј Навални, во видео објавено денеска рече дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот покоен сопруг, обвинувајќи го рускиот претседател Владимир Путин дека го убил. „Требаше да има друга личност на моето место, но таа личност беше убиена од Владимир Путин“, вели Навалнаја. Нејзиното драматично обраќање започнува со зборот „Здраво“, на ист начин како што Алексеј Навални...

Мајката и адвокатите на Навални спречени да влезат во мртовечницата во рускиот град Салехард

На мајката на Алексеј Навални и неговите адвокати не им било дозволено да влезат во мртовечницата во рускиот град Салехард во близина на затворската колонија каде властите соопштија дека тој починал, изјави портпаролката на Навални, Кира Јармиш, а пренесува Гардијан. „Еден од адвокатите беше буквално истуркан“, напиша Јармиш на социјалната мрежа „Х“, додавајќи дека персоналот на мртовечницата не одговарал на...

Протест пред руската амбасада во Берлин по смртта на Навални

Околу 250 демонстранти се собраа во неделата во близина на руската амбасада во Берлин за да протестираат поради смртта на затворениот дисидент Алексеј Навални, објави полицијата во германската престолнина. Како што објави германската агенција ДПА, организаторите пријавиле протест на 450 луѓе. Непосредно пред протестот повикан за рано попладне, протестната група Пуси Рајот најави свои демонстрации. Портпаролот на полицијата изјави дека голем...

Смртта на Навални ја потврди портпаролката на опозицискиот лидер

Портпаролката на Алексеј Навални потврди дека рускиот опозициски лидер е мртов, повикувајќи се на официјалното известување врачено на мајката на Навални, Људмила Навалнаја. Изјавата доаѓа откако Навалнаја беше пријавена дека патува во затворот заедно со адвокатот на нејзиниот син во саботата. Пишувајќи на X (поранешен Твитер), портпаролката Кира Јармиш побара телото на Навални веднаш да му биде предадено на неговото семејство. Alexey...

Отстранети цветните почести за Навални во Русија, полицијата приведува

Цветните почести на Алексеј Навални, најлутиот непријател на претседателот Владимир Путин, кој почина во петокот во руска казнена колонија, беа отстранети во текот на ноќта од групи неидентификувани луѓе додека полицијата гледаше, покажуваат видеата на руските социјални мрежи, објави агенцијата Асошиејтед прес. Повеќе од 100 луѓе беа приведени во осум градови низ Русија, откако дојдоа да положат цвеќе во спомен...

Во затвор пронајден мртов Навални, најгласниот критичар на Владимир Путин

Главниот опонент на рускиот претседател Владимир Путин и најзначајниот руски опозициски лидер во изминатата деценија Алексеј Навални, е пронајден мртов во затвор во Арктичкиот круг, јавуваат руските новински агенции, цитирајќи ја затворската служба. Навални, кој важеше за најгласен критичар на Путин, отслужуваше 19-годишна затворска казна за прекршоци кои нашироко се сметаат за политички мотивирани, пишува Би-би-си. Кон крајот на минатата година...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...