Прво рочиште за „Тортура“ – апсењето на Љубе Бошкоски


Скопје, 28 февруари, 2018 - 9:38 (META) 

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржи првото рочиште од процесот „Тортура“, кој се однесува за апсењето на Љубе Бошкоски. Лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи беше брутално уапсен пред камери на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Во „Тортура” обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата. Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Во оваа постапка првообвинет беше поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Но, судот делумно го прифати обвинението на СЈО и според донесената одлука, ќе им се суди само на шетмината од единицата „Алфа”, но не и на поранешниот прв човек на УБК.

Предметот ќе го суди судијката Александра Ристеска.

Судијката Моника Бахчовановска претходно навела дека нема oснови на сомнение дека Мијалков, е поттикнувач на тортура против Бошкоски.


Судењето за „Тортура“ треба да почне на 28 февруари, но се чека на Апелација


Скопје, 13 февруари, 2018 - 15:16 (META) 

Кривичниот суд Скопје за 28 февруари го закажа првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тортура“ на СЈО, во кој на шестмина припадници на единицата „Алфа“ ќе им се суди за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“ во 2011 година пред ресторанот „Воденица“ во Скопје.

Предметот, како што може да се види од календарот на судења на веб-страницата на Основниот суд Скопје 1, ќе го води судијката Александра Ристеска.

Сепак, неизвесно e дали судењето ќе почне на закажаниот датум или ќе се одложи.

Имено, Советот за оценка на обвинителен акт во декември само делумно го прифати обвинението за „Тортура“ и одлучи на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков да не му се суди за апсењето на Бошкоски, туку само на шестмината полицијаци, на чело со поранешниот командант на едницата „Алфа“, Ивица Анчевски-Пуки.

Специјалното јавно обвинителство поради ваквата одлука, поднесе жалба до Апелацискиот суд Скопје, кој треба да пресече дали и на Мијалков ќе му се суди во „Тортура“.

Инаку, него и шестмината полицајци СЈО ги товари за кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Апелацискиот суд на крајот на ноември, минатата година одлучи прислушуваните разговори да се користат како доказ во судскиот процес за „Тортура“.