fbpx
Таг: Александра Грозданова

таг: Александра Грозданова

ХПВ вакцината не влијае на плодноста, девојчињата треба да се вакцинираат

Има многу дезинформации и стереотипи кои влијаат на родителите на девојчиња, кои треба да ја примат вакцината против хуман папилома вирусот (ХПВ). Еден од нив е тврдењето дека вакцината влијае на репродуктивната способност на жените, а тоа воопшто не е точно. Ова беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите на тема „Вакцинација против ХПВ“, кој се одржа во Паблик...

Дезинформациите во здравството можат да нè чинат животи, вакцините се најдобра заштита од заразни болести

Лажни вести и дезинформации има во секој сегмент од општеството, но дезинформациите кога е во прашање здравството можат да бидат опасни по живот. Оттаму, неопходно е да се подигне нивото на здравствена едукација кај популацијата и да се знае дека многу болести се превенираат токму поради вакцинацијата. Ова се заклучоците од денешниот брифинг со новинарите на тема „Редовна вакцинација на...

Проф. Грозданова: Вакцина против ковид треба да се прими еден месец по прележување

До каде сме со процесот на имунизација против ковид-19 во државата, што се презема за да се зголеми опфатот на населението со вакцина, што треба да се направи за да се надмине постојниот скептицизам на граѓаните кон вакцините, дали треба да се проверуваат антитела пред да се прими бустер доза, кога да се прими вакцина против ковид по прележувањето...

Вистиномер: Примив вакцина против ковид, дали смеам да се вакцинирам против сезонски грип?

Дилемата којашто се јавува кај пациeнтите е дали оние кои се имунизирани против ковид-19, може да примат и вакцина против грип. Комитетот за имунизација препорачува граѓаните кои се вакцинирале со вакцина против ковид-19, две недели по примената втора доза, може да се вакцинираат против сезонски грип, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Откако удри цунамито на...

Трета доза вакцина против ковид ќе може да примат сите граѓани

Националниот Комитет за имунизација препорачува трета доза на вакцина против ковид да добијат сите граѓани без оглед на возраста, како и на тоа, дали имаат или немаат хронични болести, а се во значаен ризик заради фрекфентните контакти. Ова денеска го најавија министерот за здравство Венко Филипче и претседателката на комитетот, проф. д-р Александра Грозданова. - Препорачувавме бустер доза за граѓаните...

Со согласност од родител, за ковид-19 ќе се тестираат 8.200 ученици по случаен избор

Следната недела ќе започне тестирање на ученици во основното и во средното образование со земање брис, а целта е да видиме дали се случува трансмисија на ковид-19 во училиштата, најави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој информира дека по случаен избор ќе се тестираат вкупно 8.200 ученици, а неделава ќе се бара писмена согласност од родителите. -...

Грозданова: Комбинирање на вакцините против ковид-19 дава поширок имунолошки одговор

Вакцините за заштита од ковид-19 и по појавата на Делта сојот обезбедуваат висока заштита од вирусот, ја намалуваат потребата од хоспитализација и компликации од болеста, a нивната комбинирана употреба може да создаде поширок  имунолошки одговор, истакна професорката Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација во неделната онлајн дискусија организирана во Лекарска комора на РСМ. „Според студиите објавени во стручни списанија со...

Грозданова: Сите вакцини се безбедни, ризиците се илјадници пати помали од ризикот што го носи ковид-19

Претседателката на Националниот комитет за имунизација Александра Грозданова на денешниот брифинг со новинарите на тема „Митови и вистини за ковид вакцините“ организиран од страна на Лекарска комора на Македонија истакна дека вакцините „Фајзер/Бионтек“, „АстраЗенека“, „Синофарм“, „Спутник“ се безбедни вакцини и ризикот од нивното примање е илјадници пати помал од ризикот кој со себе го носи вирусот ковид-19. Таа додаде дека планот...

Mорбили нема 19 дена, но треба да поминат вкупно 42 за да се прогласи крај на епидемијата

За да можат здравствените власти да ја „одјават“ епидемијата со морбили, потребно е да поминат 42 дена од последниот пријавен случај. Тој период сè уште не е поминат, бидејќи последниот пријавен случај беше на 13 септември, вели за „Мета.мк“ д-р Владимир Микиќ, претседателот на Комисијата за заразни болести. - Прогласувањето на крај на епидемијата нема да ги промени работите. Може...

Само пет отсто од училишните деца не се вакцинирани со МРП 

Теренска вакцинација не се случи на првиот ден од второто полугодие, затоа што според податоците, само пет отсто од училиштните деца не се вакцинирани со МРП вакцина, што не е голем процент, велат за „Мета“ во Министерството за здравство. - Комисијата за заразни болести на последниот состанок одлучи да не се продолжи зимскиот распуст, затоа што бројот на вакцинирани ученици...

По примањето МРП вакцина, детето може во градинка, но подобро 10 дена да остане дома

Откако пред неколку дена стапи на сила времената забрана за примање деца во градинка кои не се вакцинирани од МРП вакцината (за морбили, рубела и паротитис), многумина родители на социјалните мрежи прашуваа дали веднаш по примањето на вакцината можат да ги испратат своите деца во градинка, или пак, треба да поминaт одреден период дома. Иако има лекари кои тврдат дека...

Грозданова: Невакцинирани деца не треба да бидат примени во градинка или училиште

Поради одредени отстапки, во моментов и децата кои не се вакцинирани се примаат на училиште и во градинка, а со тоа се доведува во прашање и намалувањето на колективниот имунитет, што е единствен услов за успешна превенција на инфективни (заразни) болести, предупредува за „Мета“ проф. д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство. На законско регулирање...

Вируси и бактерии ги напаѓаат децата во градинките и оние со намален имунитет

Од идната година се очекува да станат задолжителни пневмококната и „рота“ вакцината. Бактеријата „стрептококус пнеумоние“ предизвикува неколку заболувања особено кај малите деца - инфекции на увото, синусите, воспаление на белите дробови, но и тешки компликации како воспаление на мозочните обвивки (менингитис), вели Александра Грозданова професорка на Фармацевтскиот факултет и претседателка на Националниот комитет за имунизација. - Децата до двегодишна возраст...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...