fbpx
Таг: Александар Лукашенко

таг: Александар Лукашенко

Британско разузнавање: Руските загуби во битката за Авдиивка може да бидат најлоши во 2023 година

Се верува дека руските сили претрпеле некои од најголемите стапки на смртни случаи во земјата досега годинава како резултат на континуираните тешки борби околу градот Авдиивка во украинската област Доњецк, се вели во најновиот извештај на разузнавањето на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство кое го пренесува Гардијан. Според извештајот, Русија веројатно распределила најмногу осум бригади во секторот каде што...

Лукашенко: Два пати го предупредив Пригожин да внимава

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека двапати го предупредил шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин да внимава на заканите по неговиот живот, објави Си-ен-ен пренесувајќи ја белоруската агенција Белта. „Првиот пат беше кога му телефонирав и се водеа преговори додека тие маршираа кон Москва“, им рече Лукашенко на новинарите во коментарот што го пренесе белоруската државна новинска агенција Белта во петокот. Му...

Пригожин им нареди на своите сили да се вратат во своите бази

Лидерот на руската платеничка војска Вагнер, Евгениј Пригожин им нареди на своите борци да го сопрат движењето кон Москва и да се вратат назад во своите бази, јавува Би-би-си. Пригожин разговарал со белорускиот претседател Александар Лукашенко, а за време на разговорот тој се согласил да го сопре движењето на своите сили и да ја деескалира ситуацијата. Руските државни медиуми јавуваат...

Белоруски суд ја осуди опозициската лидерка Тихановскаја на 15 години затвор

Белоруската опозициска лидерка (во егзил), Светлана Тихановскаја е осудена на затворска казна од 15 години од судот во Минск, пренесува Јуроњуз. Исто така, еден од водечките противници на режимот на Александар Лукашенко, Павел Латушко е осуден на затворска казна од 18 години, додека тројца други опозиционери - Марија Мароз, Волха Кавалкова и Сергеј Дилевски, добија затворски казни од по 12...

Мигрантската криза на границата со Полска ескалира, Советот за безбедност на ОН ќе одржи седница

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ќе одржи седница, на која Естонија, Франција и Ирска планираат да го покренат прашањето за состојбата со мигрантите што се заглавени на границата меѓу Полска и Белорусија. Стотици мигранти се наоѓаат на самата гранична линија, при што Полска се обидува да го спречи влезот на овие лица на нејзина територија. Генералниот секретар на...

Белоруските власти го укинаа Белорускиот ПЕН центар

На 9 август, Врховниот суд на Белорусија пресудил да се затвори Белорускиот ПЕН центар. ИФЕКС, глобалната мрежа за одбрана и промоција на слободата на изразување, информираше за реакцијата на Меѓународниот ПЕН центар, асоцијација на организации на писатели од над сто земји низ целиот свет. Како реакција на веста, Џенифер Клемент, претседателка на Меѓународниот ПЕН центар, побара да се преиначи одлуката: „Заедницата на...

ЕУ и САД со нови санкции против Белорусија откако Лукашенко пренасочи авион за да уапси новинар

Лидерите на Европската Унија договорија нови економски санкции против Белорусија, додека американскиот претседател Џо Бајден ги поздрави најновите санкции на ЕУ и најави дека САД ќе преземат слични мерки. Ваквиот епилог следи откако белорускиот режим на Александар Лукашенко во неделата пренасочи авион на „Рајанер“ што леташе од Атина за Вилнус да слета во Минск, поради наводна дојава на бомба...

Во Белорусија протестите продолжуваат и покрај репресијата и студот, Тихановскаја побара посилни санкции

Светлана Тихановскаја, противкандидат на долгогодишниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, на последните избори во август, чија политичка судбина беше причина за долготрајните протести против режимот во Белорусија, побара проширување на санкциите против властите. Во меѓувреме, уличните протести во земјата продолжуваат и покрај студот и репресивното постапување на безбедносните сили против демонстрантите. Во интервјуто за германското списание „Шпигел“, Тихановскаја порача оти...

Глобал Војсис организира виртуелна дебата за Белорусија „Belarus 2020: Still Uploading?

Глобал Војсис (Global Voices) го започнува GV Insights серијалот на виртуелни разговори за горливи теми, почнувајќи од 14 декември во 16 часот по македонско време со првиот настан „Belarus 2020: Still Uploading?”— жива дискусија за револуцијата во Белорусија во 2020 година, заедно со експерти од Белорусија, регионот и членови од заедницата на Глобал Војсис. Настанот ќе биде пренесуван во...

Помпео во телефонски разговор побара од Лукашенко да се вклучи во дијалог со опозицијата

Тримесечната политичка криза во Белорусија никако да резултира со компромис меѓу белорускиот претседател Александар Лукашенко и опозицијата предводена од Светлана Тихановска. Здружената белоруска опозиција му даде рок до денеска на претседателот Лукашенко за да си поднесе оставка, а во спротивно се закани дека ќе организира генерален штрајк во Белорусија којшто би започнал од понеделник, јавува Би-би-си. Ваквиот ултиматум од белоруската...

Обединетото Кралство со санкции против Лукашенко и уште седуммина претставници на режимот во Белорусија

Обединетото Кралство (ОК) покрена санкции против осуммина претставници на белорускиот режим, од кои првиот е претседателот Александар Лукашенко, поради повреда на човековите права во Белорусија по наместените избори, соопшти Доминик Рааб, министерот за надворешни работи на ОК. Според Министерството за надворешни работи, санкции има и за синот на белорускиот претседател, како и за други високи државни функционери. Овие мерки се...

Вистиномер: Ем невистини, ем антисемитизам во теорија на заговор за Ковид-19

Обвинувањето дека зад ковид-19 пандемијата стои еврејско-болшевичка револуција со крајна цел воведување тоталитарен режим, претставува уште една теорија на заговор што се шири по социјалните мрежи, а е со ништо поткрепена. Таа лага носи подеднакво две опасности – ем сее неверување за коронавирусот, ем сее говор на омраза, , пишува „Вистиномер.мк“. Пост објава на Фејсбук со лажна содржина внесува забуна и опасен...

За една седмица – многу дезинформации во Русија за протестите во Белорусија и за Навални

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Сервисот на ЕУ...

Лукашенко положи заклетва за претседател, САД и ЕУ не го признаваат за легитимно избран

Александар Лукашенко за САД не е легитимно избран претседател, изјави претставник на Стејт департментот по вчерашното ненајавено положување заклетва на Лукашенко за нов претседателски мандат. „Изборите на 9 август не беа ниту слободни, ниту фер“, го пренесува Си-ен-ен ставот на американските власти. Официјалниот став на САД за непризнавање на Лукашенко доаѓа неколку дена откако високиот претставник на Европската Унија Жозеп Борел...

Српски медиуми Белорусија ја претворија во рај, вистината е далеку од тврдењата

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Српскиот сервис за...

На руска државна телевизија повторена невистината за смртта на демонстрантот во Минск

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Познатиот сервис за проверка на фактите polygraph.info раазобличува дезинформација пласирана на руска...

Дезинформации за навлегување на руската војска во Белорусија за да „ги смири демонстрациите“

Откако на социјалните мрежи и преку чет апликациите почнаа да се шират видеа на кои се гледаат воени транспортери и автобуси полни со војници, со тврдење дека тоа е руска војска која или веќе навлегла во Белорусија или „само што не влегла“, проверувачите на факти од Белорусија бргу ги разоткрија ваквите наводи како дезинформации. Како што нагласува Франак Вјачорка, аналитичар...

Протестите во Белорусија не стивнуваат, денеска е исклучен интернетот

Продолжуваат протестите во Белорусија после спорните претсeдателски избори одржани во неделата, а денеска е исклучен и интернетот во земјата. Состојбата и понатаму е многу напната, а белоруски интервентни единици и воени сили од попладнево пристигнуваат во центарот на Минск, јавуват светските агенции. Полицијата денеска употреби брутална сила против илјадниците демонстранти кои протестираат незадоволни од победата на Александар Лукашенко за која...

Избори за претседател во Белорусија, до 14 часот излегле 65,19 проценти од гласачите

Во Белорусија денеска се одржуваат претседателски избори, на кои граѓаните избираат од петмина кандидати, актуелниот Александер Лукашенко, Светлана Тихановскаја, донеодамна малку позната професорка по англиски и уште тројца други. Агенцијата ТАС пренесе дека до 14 часот излегле на гласање 65,19 проценти од гласачите. Според заменик-претседателот на Централната изборна комисија, Владимир Ипатов, одѕивот по региони е најнизок во Минск –...

Русија се обидува да нè држи за врат, тврди Лукашенко

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска остро ја критикуваше Русија на прес-конференција во Минск, обвинувајќи го Кремљ за кршење на спогодбата меѓу блиско поврзаните соседи и со користење на фактот дека ги снабдува со енергија „за да ги држи за врат“. Говорејќи пред околу педесетина белоруски и странски новинари во Минск, Лукашенко рече дека Русија ги „прецртала“ пограничните спогодби со Белорусија...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...