fbpx
Таг: Александар Чичаковски

таг: Александар Чичаковски

Поранешните членови на ДИК Чичаковски, Дума, Милев, Бонева и Јакупи добија апанажа

Петмина од осумте доскорешни членови на Државната изборна комисија ќе добијат апанажа, одлучи собраниската Комисија за избори и именувања на денешната седница. Апанажа во траење од една година ќе добијат поранешниот претседател на ДИК, Александар Чичаковски, членовите од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од ДУИ. Другите тројца членови - Реџеп Прекопуца, Атанас...

И Субхи Јакупи си поднесе оставка од ДИК

По оставката на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски како и членовите Виолета Дума и Игор Милев, оставка си даде и претставникот од ДУИ, Субхи Јакупи. Јакупи, за порталот „Нова“ изјавил дека, си поднел оставка од морални причини и дека парите ќе ги врати во буџетот, бидејќи се на граѓаните. - Американскиот амбасадор Џес Бејли излезе со изјава дека целата...

Заев ги поздрави и ги оцени како морален чин оставките на членовите на ДИК

Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на членовите на Државната изборна комисија да ги вратат парите од бонусите, како и оставките на дел од нив, кои ги оцени како морален чин. - Се работи за исклучителни професионалци кои имаа сериозна улога во едно сериозно време и ја завршија професионално. Одлуката што ја донесоа знам дека е законска, но, веројатно е...

Чичаковски и членовите на ДИК си поднесоа оставки на функциите

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, за државната новинска агенција МИА потврдил дека си поднел оставка на функцијата. Околу причините за оставката, Чичаковски навел дека тоа е негов личен чин. Инаку, оставката на Чичаковски доаѓа откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК си зеле високи бонуси за последните изборни циклуси, а беше почната и интернет-петиција со која...

ДИК: Неправедно сме обвинети, ама ќе ги донираме парите од екстра платите

Државната изборна комисија на денешната седница донесе заклучок дека одлуката за исплата на надоместоци за членовите и за вработените во ДИК за локалните избори е донесена во согласност со Изборниот законик и со правилникот за работа. ДИК исто така одлучи секој од вработените и членовите во ДИК индивидуално да одлучи за враќање во буџетот или донирање на добиениот надоместок. Претседателот...

ВМРО-ДПМНЕ бара итна оставка од претседателот на ДИК, Чичаковски

Бараме неотповиклива оставка од претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, затоа што локалните избори беа катастрофално и скандалозно спроведени, соопшти денеска на прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. - Имаме ситуација во која во ДИК повторно се одлучува врз основа на политичките линии. Тоа ли беше целта кога, под наводници, експерти беа вметнати и внесени во ДИК. Имаме претседател на ДИК, Александар Чичаковски,...

ДИК не знаела колку приговорите во записниците ќе влијаат на резултатите

Оценка за постапката на гласање даваат домашните и меѓународните набљудувачи, а нашата оценка, како што кажавме и вчера, е дека локалните избори минаа во фер и демократска атмосфера, рече Александар Чичаковски, претседателот на Државната изборна комисија, соопштувајќи ги на прес-конференција првичните резултати од гласањето. Тој рече дека во записниците од комисиите имало некои забелешки, но сепак не можеше да каже...

Чичаковски: Фер и демократски избори се услов за понатамошен напредок на Македонија

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, ги повика сите учесници на изборите да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Во интервју за државната агенција МИА, тој нагласува дека утрешните локални избори се услов за понатамошен напредок на земјата и оти ДИК ќе стори сè за успешен изборен ден. – Во името...

Избирачкиот список е добра основа за фер и веродостојни избори, смета Чичаковски

Избирачкиот список е во согласност со правната рамка, а постојната методологија за негово водење и ажурирање го рефлектира степенот на точност на податоците добиени од релевантните институции и сите актери вклучени во изборниот процес сметаат дека е добра основа за спроведување фер и веродостојни избори, вели претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, во интервју на „Радио Слободна Европа“. Тој рече...

Чичаковски: Партиите веднаш да престанат со инцидентите

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, денеска упати апел до политичките партии итно да престанат со инциденти и порача дека насилството во предизборниот период може да донесе само штета на кандидатите, на партиите, на изборниот процес и на државата. Чичаковски во името на ДИК остро ги осуди сите досегашни инциденти во пресрет на локалните избори, закажани за 15...

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да не подлегнува на притисоците на СДСМ

Државната изборна комисија (ДИК) не смее да дозволи да подлегне под притисоците на СДСМ и нејзина должност е да ги спроведе локалните референдуми за мигрантите, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во спротивно, додаваат од партијата, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и сите членови кои ќе гласаат против спроведувањето на референдумите ќе одговараат кривично. - СДС ги контролира сите државни апарати и се...

Османи: Локалните избори се круна на планот „3-6-9“ и тест за Владата

Парламентарните избори минатата година го означија почетокот на крајот на една тешка институционална и политичка криза, но означија и почеток на деблокирање на евроинтегративниот процес, изјави вицепремиерот Бујар Османи, пред почетокот на tрибината посветена на имплементацијата на мерките од планот „3-6-9“ што се однесуваат на изборите и на изборниот процес. - Иако тие избори означија некаков почеток, сметам дека следните локалните избори...

ДИК: В среда до Собрание ќе ги доставиме уверенијата за избраните пратеници

Државната изборна комисија вечерва одржа прес-конференција на која претседателот Александар Чичаковски ги потврди резултатите од прегласувањето во општина Теарце, кои беа објавени на официјалната страница на комисијата пред неколку часа. За СДСМ гласале 245 лица, за ВМРО-ДПМНЕ - 149, ВМРО за Македонија добила 2 гласа, ДУИ - 1, ДПА - 2, Алијанса за Албанците - 1, а имало и 3...

ДИК отфрли уште еден приговор на СДСМ, а за последниот ќе одлучува утре

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва едногласно го отфрли приговорот на СДСМ кој се однесуваше на постапката за утврдување на резултатите од гласањето на избирачкото место 2016, a последниот приговор на СДСМ, како што соопшти претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, ќе биде разгледуван утре, на седница закажана за 11 часот. - Ви соопштувам дека ДИК вечерва ќе работи на изготвување на...

ДИК прифати приговор на Беса, поништено гласањето на избирачко место во Гостивар

Државната изборна комисија попладнево го прифати приговорот на Беса и го поништи гласањето на едно избирачко место во Гостивар каде што некој се потпишал на местото на Фатиме Сулејмани, што беше констатирано и од официјален графолог. - Со шест гласа „за“ и со три „против“ е усвоен приговорот на Беса. Констатирам дека ДИК има донесено решение гласањето да се поништи. Гласањето ќе...

ДИК ќе консултира графолог на МВР за автентичноста на потпис на гласач

Државната изборна комисија вечерва расправаше и по осмиот приговор на Беса, во кој се тврди дека во општина Гостивар на избирачкото место 0396/1 во името на Фатиме Сулејмани гласал некој друг. Пред членовите на Државната изборна комисија сведочеа членовите на Општинска изборна комисија (ОИК) во Гостивар од избирачко место 0396/1, но и самата Сулејмани. Според исказите на членовите на ОИК Гостивар,...

Ѓорчев ѝ порача на ДИК да не помислува да ја фалсификува волјата на граѓаните

Крајно време е Државната изборна комисија (ДИК) да ги објави конечните резултати од парламентарните избори и крајно време е, по цела ноќ и цел ден, ДИК да ги објави мандатите, изјави попладнево на прес-конференција носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Влатко Ѓорчев. - Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ е победник. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има кристална јасна...

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 444.014, а СДСМ 428.683 гласови

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 444.014 гласови, СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија - 428.683, ДУИ - 85.774, Движењето Беса - 57.749, Алијанса за Албанците - 35.103 и ДПА - 30.971 глас, соопшти претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, рано изутрината на прес-конференција, по обработени 99,34 отсто од гласовите. ДИК соопшти дека во текот на денот ќе излезат со...

Чичаковски: До 17 часот излегле 60,38 проценти од гласачите, имало 335 приговори

До 17 часот излегле на гласање 60,38 проценти од гласачите на ниво на државата, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски. - Во изборна единица 1 излегле 66,38 проценти од гласачите, во ИЕ 2 – 59,89 проценти, во ИЕ 3 – 64,90 проценти, во ИЕ 4 – 67,15 проценти, во ИЕ 5  – 58,46 проценти, а во ИЕ 6 – 46,82...

Чичаковски: До 13 часот гласале 34,43 проценти, гласањето се одвива мирно

До 13 часот на ниво на држава на гласање излегле 34,43 проценти од избирачите, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски. - Во изборна единица 1 излегле 38,35 проценти од гласачите, во ИЕ 2 - 33,71 проценти, во ИЕ 3 - 38,62 проценти, во ИЕ 4 - 39,9 проценти, во ИЕ 5  - 33,55 проценти, а во ИЕ 6...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...