fbpx
Таг: Албанци

таг: Албанци

#Одговорност е да има повеќе логопеди Албанци

Една говорна мана, по правило, предизвикува тешкотии во учењето, но се одразува и на резултатите на ученикот и на социјалниот живот на детето. Сите овие проблеми се решливи со посета на логопед, кој може да ги дијагностицира маните во говорот и по потреба може да препорача индивидуална или групна терапија за лекување на утврдениот проблем. Во Македонија забележлив е голем...

Албански демонстранти спречија Срби да стигнат до црква во Косово

Албански демонстранти го блокираа патот кон остатоците од манастирот посветен на успението на Пресвета Богородица, а за каде беше најавена богослужба за христијанското население во тој дел од Косово. Полицијата се судри со група од неколку стотини Албанци, кои го блокираа патот по кој 150 раселени Срби се упатија на литургија до местото Мушутиште кај Сува Река. Повредени беа неколку лица,...

ДПА: Малкуте буџетски средства за Aлбанците ДУИ ги претвoра во ништо!

Пратеникот Беким Фазлиу од ДПА денеска на прес-конференција во Собранието рече дека антиалбанскатa владина политика на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, најјасно се гледа при донесувањето на буџетите и на буџетските ребаланси. Според Фазлиу, единствениот случај каде Албанците се дискриминирани повеќе отколку при донесувањето на државниот буџет, се случува кога се носи буџетскиот ребаланс. - Со ребалансот на буџетот, и оние неколку проекти предвидени...

Опозицискиот совет на Албанците на протест побара правда, демократија и достоинство

Со паролите „Али предавник“, „Демократија“, „Смрт за фашизмот“, „Долу ДУИ со Груевски“, „Правда“, неколку илјади граѓани од албанска етичка припадност го почнаа протестот „Ден Д – правда, демократија, достоинство“ во паркот во Чаир. Опозицискиот совет на Албанците го организираше протестот заради поголеми права, почит и достоинство на албанското население, како и за запирање на политички монтираните случаи. Демонстрантите дадоа поддршка на...

ДИК ќе проверува колку лица од Албанија склучиле брак во Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа едногласно го усвои заклучокот да се задолжат Управата за водење матична евиденција и МВР да утврдат колку лица од Албанија имаат склучено брак во Македонија и на која основа стекнале државјанство. Проверките ќе се вршат таму каде што е утврдено дека на иста адреса живеалиште пријавиле повеќе од 10 лица од Албанија. Според последниот извештај од МВР,...

По сондажата на „Павел Шатев“: Моноетничките анкети се точни, ама не се валидни

Најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“ е направена без анкетирање на етнички Албанци бидејќи, како што објаснуваат од институтот, целата била да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, а етничите Албанци, генерално, гласаат за албански партии. И во анкетата на „Брима Галуп“ направена...

Музика, знамиња, чај и пароли во „кампот“ кај темелите на крстот во Бутел

Со албанска музика, покрај огнови, педесетина претежно млади Албанци го продолжуваат протестот на местото каде што во неделата беа поставени темелите на крстот во општина Бутел. Запалената палма и затрупаните темели на крстот, кој треба да биде висок 55 метри, се сведоци на синоќешните мали инциденти на протестот. На местото и понатаму се кампува, има поставени два мали и еден голем шатор. Како што...

Заврши протестот против изградбата на крстот во Бутел

Протестот против поставувањето крст во општината Бутел заврши без инциденти, со поставување шатори на локацијата каде што пред неколку дена беше камен-темелникот. Заедно со демонстрантите, протестираа и членови на владејачката партија ДУИ. Изет Меџити, градоначалник на општината Чаир, рече дека иако протестот е организиран од ДУИ, тој го изразува револтот на сите Албанци во Македонија од поставување верски симболи среде...

„Коха диторе“: Најмалку седум борци на ИД се кријат околу Скопје

Најмалку седум косовски државјани што се бореле на страната на Исламска држава (ИД) во Сирија пред три недели се вратиле на Балканот и се засолниле во регионот на Скопје, пишува денеска косовскиот весник „Коха диторе“. Повикувајќи се на информации од разузнавачките агенции, вклучувајќи ја и косовската, весникот пишува дека меѓу џихадистите повратници биле и Лавридим Мухаџери и Ридван Хакифи и уште...

Партијата на Села бара да запре апсењето Албанци во Куманово

Од Движењето за реформи на ДПА, денеска на прес-конференција, побараа да запрат полициските апсења во Куманово. Според партијата, крајната цел на апсењата е да се затскријат неуспешните преговори на политичките партии, поврзани со Договорот од Пржино. - ДУИ, како дел од Владата, заедно со МВР да објасни зошто се случуваат вакви акции во албанските средини. Секогаш кога доцнат спогодбите, како онаа...

Ахмети: Не ни требаат 10 партии на Албанците

„Не ни требаат 10 партии кои ќе им наштетат на тие десетици илјади гласови на Албанците. Силниот мандат нè прави посилни“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при посетата на Општина Желино. - Јас во мојата кариера сум се ангажирал и за слободното говорење и за слободното мислење. Не ѝ припаѓам на плејадата луѓе што го убиваат слободното говорење бидејќи оценувач е народот, кој...

„Коха“: Од 600 нови полицајци, 46 ќе бидат Албанци

Процедурата за избор на кандидати кои ќе бидат вработени како полицајци во Министерството за внатрешни работи (МВР), е во финална фаза и за кратко време ќе се заокружи бројката од 600 лица што ќе ја облечат сината униформа, пишува во денешното издание дневниот весник на албански јазик „Коха“. Според информациите на весникот, од 600 нови полицајци, 46 ќе бидат од албанската...

„Тетовско културно лето“ ги подели македонските и албанските советници

Советниците од македонскиот и од албанскиот политички блок на партии, на денешната 26. седница на Советот на Општина Тетово, се поделија околу манифестацијата „Тетовско културно лето“. Советниците Македонци обвинија дека манифестацијата е еднојазична. - Летоците и постерите, преку кои се информираат граѓаните за оваа културна манифестација се напишани само на албански јазик. Многу малку има предвидено пари за македонски уметници....

Тачи: Договорот од Пржино нема да се реализира

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, по денешната средба со амбасадорката на ОБСЕ, Мариане Берец, изрази песимизам дека ќе се реализира договорот потпишан во Пржино. Тачи рече дека на документот ставил потпис поради една причина. Според него, Договорот претставува најкраткиот пат Aлбанците на предвремените избори да ги турнат од власт ДУИ и Али Ахмети, кој, според лидерот на ДПА, е одговорен за...

Сојузот на Албанците почна да ја гради изборната платформа за претстојните избори

Сојузот на Aлбанците, формиран неодамна од Движењето за реформи на ДПА предводено од струшкиот градоначалник Зијадин Села и од партијата НДП, ја одржа првата средба на работните групи на партиите, кои имаат цел да изработат заедничка платформа за претстојните парламентарни избори. Средбата се одржа во просториите на НДП во Гостивар. - Ова е прва средба, ќе продолжиме и понатаму, за да направиме...

Миловановиќ-Фазлиу: Македонската власт е како таа на Путин и на Ердоган

Македонската влада преку медиумите што ги контролира и скапите маркетинг-кампањи ја шири и зацврстува идејата дека Македонците исчезнуваат и се нападнати, пишува Ана Миловановиќ-Фазлиу, ќерката на поранешната американска амбасадорка во Македонија, Џилијен Миловановиќ. Миловановиќ-Фазлиу во текстот објавен на веб-страницата „Алијансата за градење мир“, покрај тоа што дава историјат за македонската држава и за македонско-албанските односи, наведуваа дека причината за ваквата кампања е...

Албански мигранти се криеле под новогодишни елки

Француската царина откри 16 државјани на Албанија, скриени меѓу извозните новогодишни елки. Уапсените се обиделе, од Дијеп, на северозападот на Франција, да прејдат во Велика Британија, соопшти денеска полицијата. „Слепите патници“ се пронајдени во камион со двајца возачи од Полска, кои минатиот викенд се подготвувале да се натоварат на брод, кој пловел преку Ла Манш. За време на рутинската царинска контрола, откриена...

ВМРО-НП: Специјалниот советник на Али Ахмети да застане на чело на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-Народна партија ја поздравува храбрата одлука на Бранислав Синадиновски, кој е специјален советник на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, истовремено да застане на чело на Иницијативниот одбор за формирање  Албанска православна црква во Република Македонија, како прв чекор во остварување на правата на православните Албанци во земјава. „ВМРО-Народна партија го прашува иницијаторот, зошто дури сега се охрабри да го објави...

Првиот конгрес на Беса, најдоцна за шест месеци

Првиот конгрес на новата партија на Албанците во Македонија, Беса, ќе се одржи најдоцна за шест месеци, објави „Ворлд булетин’ (World bulletin). Оваа партија беше промовирана во саботата, а ќе се обраќа, главно, на македонските граѓани од албанско етничко потекло. Во Беса се против федералното уредување како опција за Македонија, а се за граѓански систем во кој сите етнички групи би...

ВМРО-НП: Да се каже колку точно ученици Албанци и Македонци има во Бутел

ВМРО - Народна партија со внимание ги следи новинарските коментари на телевизија „Алсат-М“ за состојбите во училиштето „Арсениј Јовков“ во скопската општина Бутел, а се однесува на бројот на учениците и на нивната етничка припадност. „Телевизија „Алсат“ тврди дека во десетте македонски паралелки учат во просек помалку од 20 ученици, а две паралелки дури воопшто и не постојат. Згора на...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...