fbpx
Таг: албански партии

таг: албански партии

Контраспин: Секоја партија, па и ВMРО-ДПМНЕ, треба да се занимава и со дневна политика

Османи ја извртува вистината кога ја советува ВМРО-ДПМНЕ да не се занимава со дневна политика и тоа е освен спин и непринципиелен став, зашто, меѓу другото, опозицијата се занимава и со работењето на Османи и со работењето на вицепремиерот Артан Груби. Освен ова Османи ја извртува вистината околу изедначувањето на трите клучни договори и вели дека неприфаќање на еден...

БЕСА е за преговори за трипартитна коалиција, Алтернатива само со Алијанса за Албанците

Информациите дека е постигнат предизборен договор за коалиција за изборите на 12 април меѓу Алијансата за Албанците, Движењето БЕСА и Алтернатива, се невистинити. За Движењето БЕСА е прифатлива трипартитна коалиција, додека за Алтернатива тоа е неприфатливо, односно тие ја оставаат отворена можноста за коалиција само со Зијадин Села, информира „Порталб.мк“. Зеќирија Ибрахими, од партијата „Алтернатива“, во изјава за „Порталб.мк“, ги...

Мемеди: Имплементацијата на точките од декларацијата оди добро

Донесување на законот за албански јазик, имплементација на точките од декларацијата на Албанците, разговорите што Македонија ги има со Грција, најавениот договор за добрососедство со Бугарија, биле темите на кои денеска било разговарано на средбата на албанските политички партии во Собранието. Иницијаторот на средбата за разгледување на точките од декларацијата помеѓу албанските партии, Весел Мемеди од НДП, денеска порача дека...

Средба на албанските партии во Собранието, Беса повторно бојкотира

Албанските парламентарни политички партии денеска во 14 часот, на покана на Весел Мемеди од НДП, ќе одржат средба во Собранието, на која ќе присуствуваат и претставници на ДПА иако таа партија не е потписничка на декларацијата на албанските политички партии. Наспроти тоа, средбата повторно ќе ја бојкотира Движењето Беса. „Во согласност со Декларацијата на албанските политички партии донесена на 7 јануари...

Рама: Платформата е напишана во Македонија, јас олеснував во комуникацијата

Албанците ниту биле, ниту се, ниту ќе бидат проблем во Македонија, а обвинувањата околу т.н. „тиранска платформа“ се политичка игра, вели премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за порталот „Дијалог плус“ (dialogplus.ch), јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Рама во интервјуто додава дека Македонците многу добро знаат дека Албанците се конститутивен фактор во земјата, чии права не може да...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се лаже ако мисли дека нови избори нема да сменат ништо

Доколку Зоран Заев смета дека со прифаќањето на „тиранската платформа“ се подобрува рејтингот на СДСМ, нека излезе на избори и нека го провери тоа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на лидерот на СДСМ. „Ако навистина тој освои поголем број пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати волјата на народот. Доколку Заев смета дека теоретски нема ништо да се смени...

Данев: Последиците од реализирање на тиранската платформа ќе бидат несогледливи

Мнозинството Македонци гласаа за програмата на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија и нивниот глас не смее да биде изманипулиран само за да се спаси Заев од одговорност, рече денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ. - Зоран Заев е свесен за последиците и затоа прифаќа секакви уцени, вклучувајќи и формирање влада по нотите од Тирана. Зоран Заев затоа...

Охрид ноќеска преплавен со летоци против „сеалбанската платформа“

Охрид ноќеска беше преплавен со пропагадни летоци од четири странички, со пораката „Не се согласуваш? Активирај се!“. Летокот е вметнуван во поштенските сандачиња во станбените згради, по домови, возила... На првата, насловна страница од летокот, стои текстот „Сеалбанска платформа, Тирана, 07.01.2017“. На внатрешните две страници, испишани се осум точки од платформата, со голема фотографија на албанскиот премиер Еди Рама, зад кого има...

ВМРО-ДПМНЕ: Единственото решение се нови предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ денеска, во редовното утринско соопштение, „цитира“ точки од платформата на Албанците кои, според партијата, „се прифатени од страна на Зоран Заев“. - „Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи во процесот за решавање на спорот со името“. „Вклучување на Албанците во работната група за...

Заев за ХРТ: Не очекувам насилства и судири

Лидерот на СДСМ, Зорав Заев, во интервју за Хрватската државна телевизија (ХРТ) вели оти не верува дека ќе дојде до судири и до крвопролевања во земјава и дека ако тоа требало да се случи ќе се случело порано. - Тоа како страв постои и сите се плашиме од таа работа, но јас сум уверен дека нема да дојде до тоа....

ДУИ: Иванов да ја промени одлуката, декларацијата не го крши Уставот

„Заедничката изјава на парламентарните албански партии на Македонија претставува еден заеднички документ на албанските политички партии во Македонија, подготвен и потпишан во Скопје, како резиме на изборните програми на сите наши парламентарни партии и во никој случај не претставува наметнување на каков било надворешен фактор“, стои во соопштението на ДУИ по вчерашниот состанок на централното претседателство на партијата, на...

Хашим Тачи: Иванов со одлуката ја закопа демократија, игнорирајќи ја волјата на народот

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, на својот профил на „Фејсбук“, како реакција на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов вчера да не го додели мандатот за формирање влада, напиша дека политичките случувања во Македонија се вознемирувачки и дека Македонија го губи значењето на функционална држава без еднакви права на Албанците. „Развојот на политичките случувања во Македонија е многу вознемирувачки. Претседателот Иванов го...

Ахмети: Платформата не ја загрозува унитарноста, граѓаните да бидат смирени

Заедничката изјава на албанските парламентарни партии во Македонија е усогласена и напишана во Скопје и е врз основа на изборните програми на сите албански кандидати на изборите на 11 декември, напиша лидерот на ДУИ, Али Ахмети на „Фејсбук“. „Оваа платформа на ниту еден начин или форма не ја нарушува државата, унитарниот карактер ниту, пак, станува збор за федерализација или поделба. Албанските...

Османи: ДУИ го осудува обидот политичката криза да се префрли на меѓуетничка основа

ДУИ го осудува обидот, моменталната политичката криза да се префрли на меѓуетничка основа, изјави за „СДК“, портпаролот на партијата Бујар Османи, откако претседателот Ѓорге Иванов денеска не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да формира влада. - ДУИ го осудува обидот заедничката декларација на албанските партии во Македонија да се оквалификува како платформа на туѓа држава. Ова, како...

Беса: ДУИ не е достојна да свика средба на албанските партии

Бучавата што се прави за заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии е за некои албански партии во Македонија да придобијат политички поени во пресрет на локалните избори, велат од Движењето Беса. Ставот на Беса е дека не прифаќа состанок кој е инициран од претседателот на ДУИ во Скопје. „Тие што беа главни виновници што на Беса ѝ беа одземени два пратеника за да...

Албанските партии ќе формираат тело за Законот за употреба на јазиците

Албанските парламентарни политички партии во рок од три дена ќе формираат тело кое ќе направи правилник за функционирањето на албанските политички партии и ќе состави предлог Закон за употреба на јазиците кој ќе ги задоволува потребите на Албациите. Ова се двата заклучоци кои ги донеле албанските политички партии денеска на средбата во хотел „Арка“, соопшти лидерот на Движењето за реформи на...

БЕСА: Не учествуваме на состаноци кои не се во духот на заедничката декларација

Движењето Беса преку соопштение информираше дека не гледа никаква обврска да учествува на состаноци кои не се во духот на заедничката декларација на албанските парти во Македонија. Од Беса велат дека средбата е само билатерален состанок помеѓу две албански партии во Македонија. „Движењето Беса стои на ставот дека и покрај тоа што некои политички експоненти – на инфантилен начин – ја...

Без лидерот на Беса почна средбата на албанските партии

Лидерите на албанските партии ја започнаа средбата во скопскиот хотел „Арка“. На средбата присутни се лидерите на партиите од коалицијата Алијанса на Албанците, Зијадин Села и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој пристигна заедно со Артан Груби. Лидерот на Беса, Билал Касами не се појави на средбата. Од Беса вчера рекоа дека тој не добил официјална покана и неколкупати нагласија дека нема...

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно преговарање за Рамковниот е отворање на Пандорината кутија

Повторното преговарање за Охридскиот рамковен договор, што го заговара новата платформа на албанските партии, е отварање на Пандорината кутија поради што ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за платформата, било истакнато на средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и амбасадорката на Турција, Еркал Кара. Како што истакнале од ВМРО-ДПМНЕ на средбата, токму платформата на албанските партии, односно...

Заев: Очекуваме Груевски да го врати мандатот и СДСМ да формира Влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река. Заев го информирал албанскиот амбасадор за очекувањата на СДСМ за разврска на политичката криза, како и за очекувањата за соработка со албанските партии. - Очекуваме на 29 јануари Никола Груевски да го врати мандатот и СДСМ да биде партијата што ќе формира влада во Македонија - рече...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...