fbpx
Таг: Албанија

таг: Албанија

Македонците во Албанија се подготвуваат за локалните избори на 21 јуни

Етничките Македонци од Албанија, на локалните избори што ќе се одржат на 21 јуни годинава, ќе се борат за едно градоначалничко место во Пустец и ќе имаат 16 листи за советници, во исто толку општини. Партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција, на овие локални избори влегува како дел од владејачката коалиција „Алијанса за европска Албанија“. Единствениот кандидат за градоначалник,...

Македонија сè уште дума што официјално да каже за изјавата на Рама за НАТО

Државните институции задолжени за надворешната политика на Македонија сè уште немаат став за изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој најави можно вето за влез на Македонија во НАТО. Во МНР и вчера и денеска велат дека во тек се консултации и анализа на изјавата на Рама. Без одговор на нашето прашање за коментир на изјавите на албанскиот премиер за вето на Македонија...

Албанија бара брза истрага за настаните во Куманово

Владата на Албанија ги повика македонските власти на што е можна побрза, целосна и транспарентна истрага во функција на вистината и на стабилноста во Македонија и во регионот. „Во овие услови, особено е важна заштитата на животот, имотот, слободата и на правата на секој граѓанин на Македонија, независно од етничката припадност. Како никогаш претходно, ова важи за Куманово, каде живее претежно...

Албанија ги отвора тајните документи од комунизмот

Албанскиот парламент изгласа закон со кој на жртвите на комунистичкиот режим им дава пристап до тајните досиеја, кои за нив ги водела тајната полиција Сигурими. Законот во Собранието бил изгласан со 88 гласови „за“ и со 22 гласови „против“. Одредбите во законот пропишуват дека поранешните агенти на оваа полиција не можат да се вработат во јавните служби во иднина. Но,...

Рама тврди дека односите со Србија никогаш не биле подобри

Изјавата за обединување на Албанија и на Косово е извадена од контекст, рече албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Ал Џезеира Балканс“. Рама оцени дека односите меѓу Албанија и Србија никогаш не биле подобри, додавајќи дека „мора да се разбере процесот на интеграција како единствен инструмент за модернизација на нашата реалност, а истовремено да се приближиме едни кон други...

Фатос Нано ќе формира нова партија

Поранешниот премиер на Албанија и лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, одлучи да се врати на политичка сцена со нова политичка партија, во која ќе ги собере незадоволните членови од политиката што ја води актуелниот социјалистички лидер и премиер, Еди Рама. „Еден од незадоволните, кој се очекува да се приклучи кон партијата на Нано е и Бен Блуши, а се споменуваат...

Почнува прекуграничниот саем на ИПА во Струга

Прекуграничниот саем на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за добри практики и за правилно користење природни ресурси денеска почнува во Струга. На саемот ќе бидат претставени рачни изработки и традиционални јадења од пограничните општини од Македонија и од Албанија. Саемот претставува заокружување на проектот „Подобрување на прекуграничната заштита и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник“, што го спроведоа Македонското еколошко друштво, Здружението за...

Претседателот Иванов меѓу Македонците од Пустец

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска, во рамките во дводневната посета на Република Албанија, престојува во Пустец и во Мала Преспа, на средба со македонската заедница од општина Пустец, единствената на Македонците во Албанија. Тоа е прва посета на највисоко ниво, од претседател на Република Македонија. Претседателот Иванов ја посети локалната самоуправа на општината, каде го пречека градоначалникот на општина Пустец, Едмон...

Претседателот Иванов утре во посета на Македонците од Пустец

Претседателот Ѓорѓе Иванов утре, во рамките на дводневната посета на Република Албанија, ќе престојува во Пустец и во Мала Преспа, каде ќе се сретне со македонската зедница од општина Пустец. Иванов ќе ја посети локалната самоуправа на општината, црквата „Свети Архангел Михаил“, како и гимназијата „Трајан Георгиевски и Митре Колевски“. Во делегацијата што ќе го придружува претседателот Иванов е и...

Иванов – Нишани: Двете земји имаат заедничка иднина

Претседателите на Македонија и на Албанија, Ѓорге Иванов и Бујар Нишани, оценија дека двете земји имаат заедничка иднина. Тие по деншната средба во Тирана договориле дека е потребна поинтензивна економска соработка, а со негување на добрососедските односи и со заемна доверба, ќе се обезбеди европска иднина и подобар стандард за граѓаните, но и капацитет за заеднички одговор на актуелните предизвици....

Иванов во дводневна посета на Албанија

Во дводневна посета на Албанија од денеска е претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Тој, меѓу другото, ќе се сретне со албанскиот претседател Бујар Нишани, со премиерот Еди Рама и со претседателот на Собранието, Илир Мета. Утре претседателот Иванов ќе ја посети општина Пустец, каде што ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница. Во делегацијата, што ќе го придружува...

Арјан Калчо, албански поет инспириран од Охрид

Писателот, поет и професор од Корча, Република Албанија, Арјан Калчо, деновиве учествуваше на Меѓународна поетска средба во Охрид, организирана од КИЦ „Култура 365“. На средбата прочита три свои песни од објавена збирка на албански јазик и речиси низ трите се препознаваше Охрид, со неговите сокаци, старините, пристаништето... Во еден стих од негова песна, директно пее дека „пријателствата се мостови, кои...

Две силни експлозии во центарот на Тирана

Во две силни експлозии во центарот на Тирана, урната е аптека, демолиран е еден стан и искршени се прозорците на околните објекти, но никој не е повреден, соопшти албанската полиција. Во првата од двете детонации, во рок од 25 минути, уништен е објект во сопственост на министерот за внатрешни работи, Саимир Тагири, и стан на висок претставник на албанската полиција. Албанскиот...

Албанија: Косовските политичари преку дијалог да најдат решение

Официјална Тирана ги повика косовските политичари да се дистанцираат од протестите во Приштина и повика на дијалог за наоѓање решение за отворените прашања. „Воспоставувањето на редот и на мирот е значајно начело за да се отвори патот за решавање на проблемите и е во служба на демократската стабилност на Косово“, стои во соопштението на албанското МНР.

Уапсен внук на Енвер Хоџа поради дрога

Албанската полиција вчера уапси осум лице, меѓу кои и двајца Колумбијци и внук на поранешниот комунистички лидер на Албанија, Енвер Хоџа, и запленила 100 килограми кокаин. Групата е уапсена во текот на ноќта, во фабрика која ја направиле меѓу штали со стока во Елбасан. Самир Батку, наводниот „мозок“ на групата, е фатен додека бегал со автомобил со 18 килограми кокаин, 300.000...

Албанија бара граѓаните да ги пријавуваат сите сомнителни дејства

Албанските власти вчеравечер упатија апел до граѓаните да соработуваат со полицијата за да се спречи каков било акт на организиран криминал и на тероризам. Министерот за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири, апелираше граѓаните „да не замижуваат“ пред заканите, туку веднаш да ја информираат полицијата. Странските тајни служби неодамна предупредија дека Албанија и Косово се можни цели за терористички напади.

Приведени 88 имигранти во Албанија

Алабанската полиција, заедно со припадниците на единицата за брзи интервенции, привела 88 илегални имигранти од Сирија и од Судан во две одделни акции. Во првата акција, во селото Глин, пронајдени биле 41 имигрант, а втората акција, која била спроведена во близина на селото Мулир, на албанско-грчката граница, биле приведени 47 илегалци. Според албанската полиција, имигрантите требало да го продолжат патот...

Македонската и албанската полиција ќе соработуваат со заеднички оперативни тимови

Македонската и албанската полиција, вчера и денеска, на работен состанок кој се одржува во охридскиот хотел „Милениум палас“, договараат заедничка стратегија за поуспешно справување со организираниот криминал. Тимовите ги предводат директорот на Дирекцијата за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков, и директорот на полицијата на Република Албанија, Артан Диди. Во досегашната работа, учесниците на средбата направија анализа на досегашната соработка, а...

Со новата територијална кројка во Албанија, најоштетени Македонците од Голо Брдо

„Погрешен е впечатокот дека само Македонците во Албанија се оштетени со новата територијална поделба. Покрај нас, своите општини ги изгубија и припадниците на влашкото, црногорското и на грчкото малцинство. Затоа, очекуваме реакција од сите малцинства во земјата“, вели Незир Меча од друштвото „Илинден“од Тирана. - Покрај Македонците, своите општини ги изгубија и припадниците на влашкото, црногорското и на грчкото малцинство....

СДСМ: Меѓуетничката толеранција, солидарноста и меѓусебното почитување се придонес за перспективна Македонија

По повод 28 ноември, Денот на албанското знаме, СДСМ укажува дека одбележувањето на ваквите настани треба да бидат во насока на градење мостови на толеранција и на доверба помеѓу етничките заедници во Република Македонија. Меѓуетничката толеранција, солидарноста и меѓусебното почитување се придонес за перспективна Република Македонија, држава на сите нејзини граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...