fbpx
Таг: Албанија

таг: Албанија

Опаѓа довербата на граѓаните кон институциите и кон партиите во Албанија

Анкета спроведена од германската фондација „Конрад Аденауер“ помеѓу граѓаните во Албанија, на репрезентативен примерок од 1.951 испитаник, покажува дека довербата на граѓаните кон институциите опаѓа. Само 9 отсто од анектираните му веруваат на претседателот на државата, 4 отсто доверба добил парламентот, владата има 12 отсто доверба, опозицијата - 10 отсто, а судството добило минимална доверба од 2 отсто. Истражувањето покажува...

Протестни концерти во Албанија целосно цензурирани од медиумите

Протестни концерти на албански пејачи и на артисти, кои се противат на изградба на електрани и на увоз на отпад, се одржаа во Националниот парк Валбона и во Тирана, но тие беа целосно игнорирани од главните албански медиуми. На протестот кој се одржа во Тирана минатата недела присуствуваа неколку илјади граѓани. Артистите извикуваа „Не допирајте ја Валбона“ и „Да не се увезува...

Дипломатски судир меѓу Грција и Албанија за комунален проблем во Химара

Жителите на Химара, град во Југозападна Албанија, минатата недела протестираа против намерата да им се урнат куќите за да се изгради булевар. Протестите ги поддржа и грчкото министерство за надворешни работи, кое преку декларација побараа албанските власти да се консултират со сопствениците на куќи пред тие да се урнат. Во декларацијата се вели дека „заштитата на правата на сопственост, особено на...

Албанија доби нова политичка партија – Либра

Социјалистичката партија на Албанија денеска, првпат по 2005 година, од својата внатрешна фракција доби противничка партија, Либра. Пратениците Бен Блуши и Мимоза Хафизи денеска ја официјализираа разделбата од Социјалистичката партија предводена од премиерот Еди Рама, по три години фракционерско дејствување во партијата и во парламентот. Формирањето на Либра доаѓа две недели по формирањето на партијата Предизвик за Албанија. Во своето обраќање, лидерот на...

Социјалистичката партија даде предлози за реформи на изборниот законик на Албанија

Додека специјалната комисија за изборните реформи сè уште не почнала да ги применува промените на изборниот законик, Социјалистичката партија на Албанија ги подготви своите предлози за измени во законската регулатива за изборите. Освен измените со кои им се овозможува да гласаат на албанските иселеници, Социјалистичката партија побара половична или целосна деполитизација на работата на второ и на трето ниво, но...

Уставниот суд на Албанија го укина законот за проверка на судии и на обвинители

Уставниот суд на Албанија го суспендираше законот за преодна ревалоризација на судии и на јавни обвинители, поинаку познат како закон за проверка. Оваа одлука, според албанскиот Уставен суд, ќе биде на сила сè додека потемелно не се испита законското решение. Демократската партија од Албанија на 5 октомври годинава апелираше до Уставниот суд на таа земја дека донесениот закон дозволува интервенција на владините институции...

Бегалци од Иран и од Авганистан блокирани на албанско-грчката граница

Албанија е привремена дестинација за десетици бегалци чија намера е да пристигнат во Западна Европа. Група бегалци кои доаѓаат од Авганистан и од Иран беа блокирани на албанско-грчката граница. Граничната полиција на Гирокастро соопшти дека блокирани се 14 бегалци од Авганистан и од Иран. Тие биле запрени од албанската полиција во близина на границата Какавија. Бегалците потоа, според меѓународниот договор помеѓу двете земји,...

Албанската полиција со акции против трговијата со дрога

Албанската полиција соопшти денеска дека за време на операцијата спроведена во руралните делови на Малакастро, запленети биле 380 килограми марихуана, а 11 луѓе биле уапсени. Полицијата потврди дека пронашле објекти за преработка на марихуана. Помеѓу уапсените има две постари жени кои, наводно, ги давале своите станови за таму да се складира дрогата. Околу 300 полицајци биле повикани во петокот за да...

Во Албанија е формирана нова политичка партија

Во Албанија е формирана нова политичка партија која се нарекува Предизвик за Албанија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Основачите на оваа партија биле подготвени да работат искрено и трпеливо и покрај немањето голема финансиска и медиумска моќ како другите политички партии. Како што велат, имале волја, желба и идеи за да направат промени во државата. На следните избори ќе ги претставувале оние Албанци...

Цензурирани албански портали и фејсбук-страници со антивладини содржини

На една од најпознатите страници на „Фејсбук“ во Албанија, позната како „Лолита“, неодамна се појави објава во која се наведува дека неколку претходни објави, поврзани со државници и со бизнисмени, биле отстранети од „Фејсбук“, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. ФБ-страницата „Лолита“ е отворена од тројца млади студенти кои засега сакаат да останат анонимни, а на неа се наоѓаат содржини со кои...

Албанија очекува да добие позитивна препорака за членство во ЕУ

Албанските медиуми пренесуваат дека официјални извори од Брисел потврдуваат дека Албанија ќе добие позитивна препорака за отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Главен услов за позитивна препорака се конкретните резултати од судските реформи што беа усвоени на 21 јули оваа година. Секоја година развојот на државата ќе биде надгледуван и забележан во извештај на Европската комисија, на што Советот на Европската...

Рама во Белград повторно ја повика Србија да го признае Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама, кој е во посета на Белград, денеска повторно ја повика Србија што поскоро да го признае Косово. Тој истовремено посочи дека силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина. - Косово е прашање за кое во целост не се согласуваме, бидејќи мојот став е дека што поскоро Србија го признае Косово, тоа е подобро за...

Технологијата помага да се урне медиумската цензура

Емисијата за истражувачко новинарство „Публикус“ која беше цензурирана од албанскиот телевизиски канал „Визион плус“, синоќа беше објавена на видеосервисот „Јутуб“. Според авторите на емисијата, „технологијата во овој случај помогнала да се урне цензурата“. Епизодата „Смртоносните ридови“ беше посветена на смртта на 17-годишниот Ардит Ѓоклај, кој беше пронајден мртов во депонијата Шара. Емисијата, исто така, дава светло на нивото на информациите во индустријата за...

Цензура во Албанија: Забранета ТВ-епизода на „Смртоносните ридови“

Во Албанија завчера требаше да се емитува третата епизода од емисијата „Публикус“ на телевизискиот канал „Визион плус“, но неочекувано емисијата не беше прикажана. Минатата недела авторите на оваа емисија објавија интернет-декларација за случајот, која ја нарекоа „Паѓање на екранот“. „Директорите на „Визион плус“ објавија дека нема да дозволат емитување на третата епизода на емисијата „Публикус“, наречена „Смртоносните ридови“, која требаше да...

Албански уметници со протестен концерт против изградба на хидроцентрали

Протестен концерт на 29 октомври во Валбона, а на 30 октомври во Тирана, против изградба на 14 хидроелектрични централи, ќе одржат познатите албански пејачки Еда Зари и Елина Дуни. Ова е првпат во Албанија уметници да протестираат против економските политики на власта. Преку пораката „Заштита на нашата земја, вода, воздух и живот“, пејачките ги повикаа и другите колеги да...

Албанија е претворена во огромна плантажа за канабис, оценуваат албанските разузнавачи

Албанската разузнавачка служба изготвила таен извештај во кој се наведува дека Албанија станала огромна плантажа за канабис, која се протега од северот па сè до југот за земјата и служи како главна рута за шверцерите на дрога, пишува албанскиот портал „360 грајд“, кој го објави документот. Како што јавува дописникот на „Мета“ од Тирана, во извештајот се изнесени детали за...

Промоција на дела за македонската историја во Корча, Албанија

Денеска попладне, во библотеката „Тими Митко“ во Корча, Албанија, ќе се одржи промоција на книгата „Македонско-австралиски народен сојуз 1946-1958“ од македонскиот иселеник Ицо Најдовски-Перин. Исто така, ќе биде промовирана и книгата „Кратка историја на македонскиот народ“ од авторот Спасе Мазенковски, кој живее во селото Леска, Општина Пустец. Промоцијата на книгите ја организира  Македонскиот културен центар „Сонце“.

Документи покажуваат дека Албанија увезувала отпад и кога имало забрана

Документи што протекоа во јавноста покажуваат дека Албанија дозволила увоз на отпад во 2014 година и покрај фактот што таков увоз беше забранет од владата на социјалистите, кои беа на власт во 2013 година. Според албанскиот портал „Лапси“, официјални документи од албанската царина покажуваат дека 333.553 тони различен вид отпад биле увезени во Албанија. Видот на отпадниот материјал варирал од пластика...

Албанската полиција уапси активисти за заштита на животната средина

Албанската полиција уапси двајца активисти за животна средина поради испишување на името на премиерот Еди Рама на контејнери за ѓубре. Откако собранието пред два дена го усвои Законот за увоз на отпад, активистите Клоди Лека и Бислим Лакна на социјалните мрежи повикаа на кампања за „украсување на контејнерите“ насловена „Декорирајте го вашиот град, посвојте канта за ѓубре“. Во меѓувреме, на социјалните...

Албанија усвои закон за увоз на отпад

Албанскиот парламент вчера го усвои законот за увоз на отпад од странство. Активистите за заштита на животната средина се противеа на законот поради што вчера протестираа пред парламентот. Претходната влада го донесе законот за увоз на отпад од странство во 2011 година, но тој наиде на голем отпор кај активистите за животна средина и кај тогашната опозициска Социјалистичка партија. - Единствената...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...