fbpx
Таг: Албанија

таг: Албанија

Српскиот патријарх г.г. Иринеј ги нарече Македонци во областа Гора „одродени Срби“

Патријархот на СПЦ, г.г. Иринеј, етничките Македонци во областа Гора ги нарече „одродени Срби“. Поглаварот на СПЦ, таквата квалификација ја дал во опширно интервју за телевизиски канал на СПЦ, „Храм“, на што реагираше македонското друштво „Илинден“ од Тирана. - Искажаното од страна на патријархот Иринеј, го сметаме за скандалозен став. Тој тврди дека Горанците биле Срби, кои го зборувале најчистиот српски...

Попоски: Изјавата на Бушати е одраз на неговото воспитување и култура

Не е добро политичари од регионот да влечат чекори за потребите на претстојни избори, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, коментирајќи ја изјавата на министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, кој коментирајќи ги внатрешните случувања во Македонија, ги нарече Македонците „славомакедонци“. - Целта е да создадат слика дека раководат со сите политички партии со етнички предзнак во регионот....

Излезе од печат разгледница со народни носии на Македонците од Албанија

Излезе од печат разгледница со народни носии на етничките Македонци во Албанија. Разгледницата, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, содржи слики на лица облечени во народни носи од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и од Врник. Печатена е со финансиската помош на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), со седиште...

Попоски: Тирана и Приштина да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска го оцени како непристојно и несоодветно мешањето на Албанија и на Косово во внатрешните работи на Македонија. - Не е пристојно, ниту соодветно кога премиер или претседател од соседна земја директно се меша во внатрешни работи, особено не во период по демократски спроведени избори и пред формирање влада. Се испраќаат погрешни сигнали во...

Бушати: Албанија не се меша во можните коалиции во Македонија

Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, вчера изјави дека официјална Тирана немала никаква улога во однос на можните владини коалиции во Македонија, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Бушати истакна дека Албанија не се меша во внатрешните работи на соседната земја, ниту, пак, вршела некакво влијание за можните коалиции и додаде дека ќе поддржат кој било процес што ќе осигура демократија...

Дачиќ: Албанската дијаспора планира заземање на српски дипломатски претставништва

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека има информации дека во албанската дијаспора се планира заземање на некое дипломатско-конзуларно претставништво на Србија во САД или Европа за Србија да биде принудена да се откаже од барањето за судење на поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај. Дачиќ рече дека тоа покажува дека албанските политичари се подготвени „дури и...

Бушати и Мета ја поздравија платформата на албанските партии во Македонија

Албанските власти ја поздравија заедничката платформа на албанските партии во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, оцени дека тоа е договор за посилна и подемократска Македонија, додека претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, смета дека договорот позитивно ќе влијае на меѓуетничките односи во земјата. Албанскиот премиер Еди Рама во саботата, по објавувањето на платформата,...

НДМ: Албанија и Косово со сеалбанската платформа ѝ објавија војна на Македонија

Народно движење за Македонија денеска изрази длабока загриженост и силно ја осуди вклученоста на Албанија и на Косово во донесувањето на т.н. сеалбанска платформа која повикува на редефинирање на уставниот поредок на Македонија. „Ова особено добива сериозност ако се знае дека според правилата на општото меѓународно задолжително право, ваквиот атак на Албанија и на Косово спрема македонскиот суверенитет и интегритет...

Во Албанија од грип починале четири лица

Грипот во Албанија усмрти четири лица кои биле хронично болни, јавуваат албанските медиуми. – Регистрирани се четири жртви на грипот. Станува збор, главно, за хронично болни лица. Компликациите од грипот може да предизвикаат фатални последици по животот, при што најризична група се хронично болните, односно лицата што боледуваат од хронична пневмонија, кардиоваскуларни заболувања и од дијабет - вели пневмологот Арјан Мезини. До 31 декември,...

Големи врнежи од снег и во Албанија

Големите врнежи од снег што синоќа ја зафатија Албанија предизвикаа проблеми во сообраќајот, особено на главниот автопат кој ги поврзува североисточниот дел на земјата и главниот град Тирана. Најголеми проблеми поради снегот има на делницата од автопатот кај тунелот Тира, каде снежната покривка достигнала 60 сантиметри. Министерот за транспорт на Албанија, Сокол Дервиши, изјави дека не ја исклучува можноста од затворање на...

Во Албанија 18.000 лица заболени од сезонски грип

За една недела, повеќе од 18.000 лица се официјално избројани како погодени од сезонскиот грип во Албанија. Лекарите велат дека ситуацијата е загрижувачка и дека оваа бројка на заболени е само од тие што побарале помош, но не се вбројани заболените што не се обратиле на доктор или во здравствени установи. Артан Меси, директорот на епидемиолошкото одделение при институтот за јавно здравје во...

Албанија го одложи отворањето на училиштата поради ниската температура

Поради ниската дневна температура и ширењето на грипот, Албанија го одложи отворањето на училиштата по новогодишните празници. Според прогнозите, температурата до крајот на неделата ќе падне на минус 15 Целзиусови степени, а снег ќе има во цела Албанија. Министерството за здравство денеска предупреди дека се „создаваат поволни услови за понатамошно ширење на вирусниот грип“ и наложи цела оваа недела да бидат затворени...

Заклучоците од Тирана не се црвени линии, туку начела за разговори за влада, вели Ахмети

Документот што ќе произлезе од вчерашната средба во Тирана на албанските партии од Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците, со албанскиот премиер Еди Рама, ќе содржи заклучоци кои ѝ се познати на македонската јавност, како што се јазична рамноправност, судски реформи и други реформи значајни за Албанците во Македонија, соопшти денеска пред почетокот на конститутивната седница на Собранието, лидерот на ДУИ,...

Рама ги седна Беса и ДУИ на иста маса

Албанскиот премиер Еди Рама успеа првпат да ги седне на заедничка маса лидерот на Беса, Билал Касами, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавуваат албанските медиуми. Засега нема јавна декларација за исходот од средбата, но албанските медиуми јавуваат дека средбата минала во најдобар ред. Како што јавува дописникот на „Мета“ од Тирана, повикувајќи се на доверливи извори, ставот на Рама не е...

Европската комисија одобри 90 милиони евра како поддршка за влез на Албанија во ЕУ

Европската комисија одобри околу 90 милиони евра како поддршка на Албанија за нејзиниот пат кон членство во Европска Унија, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Програмата наменета за Албанија ја следи политиката на проширување со фокусирање на областите како владеење на правото, економски развој и конкурентност. Исто така, се поддржува и имплементацијата на албанската стратегија за борба против корупцијата и реформите во...

Албанија: Тројца функционери би можеле да останат без мандат поради криминални досиеја

Основното јавно обвинителство на Албанија побара од албанската изборна комисија да ги поништи мандатите на двајца пратеници и на еден градоначалник поради нивните криминални досиеја, јавува дописникот на „Мета“ од Албанија. Ова ќе биде прв ваков случај во Албанија, откако парламентот минатата година донесе закон со кој се забранува лица со криминално досие да бидат вршители на јавни функции. Обвинителството соопшти...

Ахмети по средбата со Рама: Рано е да се зборува за нова коалиција со Груевски

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при вчерашната посета на Тирана имал средби со премиерот на Албанија, Еди Рама, со спикерот на албанскиот парламент, Илир Мета, и со претседателот на државата Бујар Нишани, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. „Охридскиот договор, членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија, економскиот развој и еднаквоста меѓу етничките заедници ќе бидат принципите врз...

Тирана: Ахмети и Нишани разговараа за постизборната ситуација во Македонија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа во Тирана разговарал со албанскиот претседател Бујар Нишани за ситуација во Македонија по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември. Како што јавуваат албанските медиуми, Нишани му ја честитал победата на Ахмети и го поздравил ангажирањето и придонесот на македонските албански партии во изборниот процес и во процесот на демократизација и на интеграција на...

Ахмети ја одложил средбата со Рама

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја одложил средбата со албанскиот премиер Еди Рама, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Рама го покани Ахмети, како и лидерите на другите албански партии во Македонија што освоија место во парламентот, на средба во Тирана. Албанските медиуми јавуваат дека лидерот на ДУИ ја одбил поканата поради тензичната постизборна ситуација во Македонија. Според одредени извори, средбата не е...

Социјалистите во Албанија бараат и порталите да бидат под надзор за време на избори

Членовите на албанскиот парламент од Социјалистичката партија бараат промени во изборниот закон на земјата со кои се предлага регистрација на интернет-порталите за време на изборната кампања. Со измените на законот, се бара на регулаторното тело за медиуми да му се овозможи да ги казнува порталите доколку шират пропаганда за време на избори. Социјалистичката партија преку предложените измени на изборниот закон бара...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...