fbpx
Таг: Албанија

таг: Албанија

Албанско МНР: Политичарите да покажат умереност и да избегнат запалива реторика

Албанското Министерство за надворешни работи преку соопштение до јавноста изрази загриженост за насилствата во македонското собрание. „Таквите судири и сцени на насилство против претставници избрани од граѓаните на Македонија се неприфатливи и не се достојни за парламентарна демократија. Насилството воопшто не помага во решавање на настаната ситуација. Ги повикуваме силите за безбедност да се вклучат во зачувување на јавниот ред...

Пропаднаа преговорите меѓу власта и опозицијата во Албанија, посредувани од ЕП

Преговорите меѓу власта и опозацијата во Албанија, посредувани од европарламентарците Кнут Флекенштајн и Дејвид Мекалистер, не успеаја да донесат никакви резултати, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Опозицијата, предводена од Љуљзим Баша, смета дека критериумите за техничка влада не треба да бидат предмет на преговори. Разговорите на двајцата европратеници со претставниците на власта и на опозацијата траеја нeколку часа. Извори...

Хан: Изјавите за промени на границите се неприфатливи и контрапродуктивни

Европскиот комесар Јоханес Хан денеска ги отфрли како неприфатливи и контрапродуктивни изјавите на „одредени лидери од Западен Балкан кои имплицираат промени на границите“. - Изразувам разочарување и, можам да кажам, и лутина поради изјавите на одредени лидери во регионот. Ваквите изјави, кои можат да бидат протолкувани како мешање во соседните земји и имплицираат измена на границите, не се прифатливи и...

Баша повика на граѓанска непослушност и на блокирање на патишта

Претседателот на албанската Демократска партија, Љуљзим Баша, вчера повика на засилување на протестите против власта и за денеска најави блокада на главните патишта, притоа критикувајќи ја полицијата што не издала дозвола за протестите. Баша рече дека сите полицајци што ќе се обидат да ги сопрат демонстрантите, ќе бидат снимани и со дронови и од тлото. Во текот на кампањата во...

Дачиќ одговори на амбасадорите на САД: Дали ќе реагиравте вака ако го споменаа Скопје?

Како опасни, а не „невнимателни“ ги оквалификува денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјавите на премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателот на Косово, Хашим Тачи, и на Јонуз Муслиу, градоначалникот на општина Бујановац, за обединување на сите Албанци и за создавање на „голема Албанија“. Со тоа тој одговори на амбасадорите на САД во Белград, Приштина и во...

Дачиќ ги повика ЕУ, САД и Британија да реагираат на изјавите за „голема Албанија“

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Европската Унија, САД и Велика Британија ќе бидат директно одговорни за последиците доколку не реагираат на последните изјави на албански политичари за соединување на Албанија, Косово и на три општини од југот на Србија, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Во реакција на изјавата на претседателот на општината Бујановац,...

Партиите во албанскиот парламент тактизираат со изборот на шеф на државата

Парламентот на Албанија денеска го одржа вториот круг од гласањето за избор на нов претседател на државата. Сепак, гласање воопшто немаше, бидејќи сè уште нема предложени кандидати за шеф на државата, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Лидерите на парламентарното мнозинство, премиерот на Албанија, Еди Рама, и претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, изјавија дека досега не предложиле кандидати бидејќи...

Вучиќ ја повика ЕУ да реагира на изјавите на Рама и на Тачи

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска апелираше до политичките претставници на Албанците да не излегуваат во јавност со изјави дека е потребно сите Албанци во регионот да формираат единствена држава доколку биде запрен процесот на европските интеграции. „Ние ги молиме, повторувам, ги молиме, бидејќи тоа не придонесува за добри односи во регионот, ниту за создавање атмосфера на соработка и за...

Бушати: Имаше договор со Груевски кој беше одбиен од причини неповрзани со Албанија

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, кој престојува во Вашингтон, негира дека постои „тиранска платформа“ и дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија. Бушати, кој беше гостин на тинк-тенкот „Германски Маршалов фонд“, одби да одговори на прашањето од американските експерти што значи изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за единство на Косово и Албанија, пренесе „Македонската радио-телевизија“. – Не...

ЕК му порача на Рама да одржува добри односи со соседите

Најважно да се одржат добри соседски односи и соработката со сите мора да биде рамноправна, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговорајќи на прашање како ја коментира изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за обединување на Албанија и на Косово. Коцијанчич рече дека каква било форма на политичко влијание е штетна за зацврстување на добрососедските односи. - Како што е...

Косово не планира да влегува во други унии, освен во ЕУ, вели Иса Мустафа

Изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, за обединување на Албанија и на Косово е популистичка, оцени косовскиот премиер, Иса Мустафа. - Не планираме да одиме во други унии, освен во Европската Унија. Ако не нè примат низ врата, ќе влеземе низ прозорец – рече Мустафа. Тој, исто така, изјави дека Косово нема бесконечно да чека на формирањето на својата војска...

Дачиќ: Изјавата на Рама е потврда дека „голема Албанија“ е платформа на сите Албанци

Изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама, за обединувањето на Албанија и на Косово е уште една потврда дека создавањето на „голема Албанија“ е заедничка платформа на сите Албанци, што претставува најголема закана за мирот и за стабилноста на Балканот и во Европа, оцени денеска првиот потпретседател на владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ. - Ја прашувам...

Рама ја уценува ЕУ заканувајќи се со војна, оцени Вулин

Албанскиот премиер Еди Рама со своите изјави сака да ја уцени Европската Унија, оцени српскиот министер за работа, вработување, боречки и социјални прашања, Александар Вулин, додавајќи дека Рама е подготвен да предизвика војна и судири на Балканот. Реакцијата на Вулин доаѓа откако Рама изјави дека ако перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ продолжи да бледее, не ја исклучува...

Зголемени безбедносните мерки за заштита на лидерот на албанската опозиција

Безбедносните мерки за заштита на лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, се зголемени откако се појавија информации дека добил смртни закани, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Заканите по живот следат по последните јавни расправии меѓу власта и опозицијата. Информацијата ја потврди и претседателот на Албанија, Бујар Нишани, кој истакна дека се зголемени безбедносните мерки. Премиерот Еди Рама вчера соопшти...

Државната телевизија на Албанија почнува со емитување на јазиците на малцинствата

Предлог-законот за малцинства што го усвои владата на Република Албанија и го испрати во парламентот, за етничките Македонци во оваа земја претставува чекор напред и правна рамка за остварување на нивните права. Со него, како национални малцинства во Албанија се прогласуваат Македонците, Грците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите. Нико Китани, претставник на македонското малцинство во државниот Комитет на малцинства на...

„Илинден“: Тирана ја потврди реалноста – во Албанија живеат Македонци, а не Бугари

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана денеска се огласи со соопштение, поздравувајќи го усвоениот предлог-закон за малцинства од страна на владата на Република Албанија. Со него, како национални малцинства во Албанија се прогласуваат Македонците, Грците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите. - Ова е чекор напред и правна рамка за остварување на други права. Предлог-законот за заштита на националните малцинства набргу...

Албанската опозиција реши да ги бојкотира парламентарните избори во јуни

Демократската партија на Албанија, предводено од Љуљзим Баша, заедно со претставници на другите опозициски партии, донесоа конечна одлука опозицијата да не учествува на парламентарните избори закажани за 18 јуни. „На овој начин потврдуваме дека нема да учествуваме на изборите без реализирање на нашите барања за техничка влада, која ќе спроведе слободни и фер избори“, стои во соопштението од средбата, пренесено...

Коцијанчич за Албанија: Политичката дебата треба да се случува во парламентот

Маја Коцијанчич, портпаролката на Европската Комисија, денеска на прес-конференција рече дека Комисијата е разочарана од бојкотот на Собранието од страна на опозицијата во Албанија и додаде дека политичката дебата треба да се случува во Собранието, а не надвор од него. „Од наша перспектива, соработката помеѓу владата и опозицијата во Албанија се клучни за амбицијата на земјата да се приклучи кон...

Запленети 12 тони марихуана во Албанија

Магацин со 12 тони марихуана открила албанската полиција во селото Пагри, кај Пермет, во рамки на голема акција за сузбивање на производството и трговијата со дрога. Магацинот бил контролиран и пред два месеца, но тогаш бил празен, а овој пат е најдена дрогата, која била делумно подготвена за продажба, а делумно се сушела. Уапсени се три лица, по сопственикот на магацинот...

Рама: Ќе има избори и опозиција и без учество на Демократската партија

Барањето на опозицијата за формирање техничка влада е апсурдно, оцени албанскиот премиер Еди Рама во својата неделна видеопорака, објавена на неговиот официјален профил на „Фејсбук“. Тој истакна дека единствена цел на Демократската партија е да го блокира процесот на проверка и оти протестот претставува своевиден чадор кој треба да ги заштити корумпираните политичари и судии. Рама инсистира што е можно побргу да...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...