fbpx
Таг: активности

таг: активности

Проекција на филм и дискусија во Тетово на тема дигитално родово базирано насилство

Мрежата „Стела“ започнува активности за справување со дигиталното родово базирано насилство. За таа цел планираат да организираат пет настани. Првиот ќе се одржи на 25 октомври во „Спејс“ Тетово со дискусија за книга и проекција на филмот „Круг“. Во склоп на дискусијата, ќе се дискутира и за поимник на родово базираното насилство извршено со (зло)употреба на технологиjата. „Ќе го одбележиме...

Дискусии за младите и менталното здравје во повеќе градови во државата

УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика, со посета на повеќе градови во земјата ќе отворат дискусија со децата и младите за менталното здравје за да се намали стигмата поврзана со менталното здравје. Караванот започнува денеска од Струмица и Валандово, a во текот на следните седмици ќе продолжи во Пробиштип, Кратово, Штип, Кочани, Тетово, Гостивар, Виница, Блатец, Прилеп,...

Очајни 10 отсто од активностите за борба против корупцијата биле спроведени лани

Наместо да има унапредување на мерките и активностите за надминување на ризичните фактори кои ја поттикнуваат корупцијата во државата, лани имало очајно исполнување на ваквите активности кои водат кон борбата против корупцијата. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска изјави дека 10 отсто од активностите предвидени за 2022 година се спроведени, а како споредба, во...

Британскиот премиер ја засилува поддршката на Украина пред годишнината од војната на Путин

Британскиот премиер Риши Сунак најави дека Обединетото Кралство ќе испрати тенкови и самоодни топови во поддршка на украинската офанзива. Во пресрет на првата годишнина од војната, премиерот ја нагласи потребата од меѓународна стратегија за надминување на застојот, информираат од Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје. Премиерот Сунак има намера да ја забрза дипломатската и воената поддршка на Обединетото Кралство за...

5 ноември – Ден посветен на младите на Конференцијата за климатски промени (КОП 26)

Денешниот ден (5 ноември) е посветен на младите во рамки на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), кој се одвива во Глазгов, Обединетото Кралство. Мила Јовановска, претседателка на Здружението Гоу Грин, вели дека младите се директно засегнати од климатската криза. Тие најмалку придонеле, но сепак директно ќе ги чувствуваат најлошите последици во наредните години. Затоа е многу важно...

Македонскиот стрип центар дел од меѓународниот проект „Can for Balkans“

Стрип центарот на Македонија-Велес (СЦМ) започна со локална имплементација на меѓународниот проектот CAN (Comic alliance Networking) FOR BALKANS - финансиран од страна на програмата „Креативна Европа“ - подпрогама за култура на Европската унија. “Основа на овој проект е историскиот стрип во наведените земји што му додава додатна важност во две насоки: афирмирање на социјалната примена на стрипот, во овој случај...

Лицата во конзуларните претставништва во странство и нивните семејства ќе се попишуваат од 1 до 15 март

Бујар Османи
Лицата кои имаат место на живеење во РСМ, а за време на спроведувањето на престојниот попис се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва во странство, како и членовите на нивните семејства кои се со нив, ќе бидат попишувани  во периодот од 1 март до 15 март 2021 година. Додека самопопишувањето/саморегистрацијата на нерезидентното население, но и сите други државјани кои по...

Низа активности и ветувања за младите од власта во наредните четири години (инфографик)

„Убедени сме дека стапката на невработеност на млади од 15 до 29 години значително ќе се намали, на ниво под 17 проценти до 2024 година“, се вели во програмата „Можеме“ на СДСМ, која партијата ја понуди пред парламентарните избори во јули годинава. Во програмата која треба да се реализира во наредните четири години, може да се прочитаат низа ветувања...

„Дома“ доби поинакво значење: Карантинот им го смени секојдневието на младите

За Давид Стоилковски, ученик од средното училиште „Раде Јовчевски - Корчагин“, зборот дома добил поинакво значење откако започнале рестриктивните мерки. Како личност која учествува во многу вон училишни активности поврзани со матура, „Корчагинска просветилка“ и други активности, кои притоа се откажале поради воведените мерки, неговото секојдневие значително се променило. „За време на каратнинот мислам дека сите сакаме да имаме некои...

За Градот во ред се јавните манифестации на загаден воздух – оти биле однапред планирани

„Сите манифестации кои се одвиваат на отворено, а се организирани или поддржани од Град Скопје и скопскиот градоначалник се однапред планирани активности и не сме можеле да знаеме колкав степен на загадување ќе има тогаш кога тие ќе се одржат“, е одговорот на службата за информирање на Градот на прашањето зошто Шилегов и локалната самоуправа организираат манифестации на отворено...

Еурактив: Брисел очекува конкретни резултати од Македонија и од Грција за името

Европската комисија (ЕК) ги поздравува активностите на македонската Влада за решавање на 25-годишниот спор за името го Грција и очекува „конкретни резултати“ во врска со ова прашање, изјавил неименуван функционер на ЕК за „Еурактив“, независната паневропска мрежа на медиуми специјализирана за политиките на ЕУ. Според претставникот на ЕК, одржувањето на добрите односи меѓу соседите, вклучувајќи го и договореното и заемно прифатливо...

Заев учествуваше на дипломатскиот прием организиран од Трамп

Премиерот Зоран Заев учествуваше на дипломатскиот прием организиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во рамките на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. „Дипломатскиот прием организиран од претседателот на САД на ГС на ОН е можност за зацврстување на пријателствата и за идни соработки во интерес на нашите држави“, напиша Заев на „Твитер“. https://twitter.com/Zoran_Zaev/status/910766474972876802 Премиерот Заев, во рамките...

Владата ќе одржи седница на која ќе расправа за штетите во поплавените подрачја во Порој

Владата денеска ќе ја одржи третата седница со почеток во 18.30 часот. На седницата ќе се расправа за преземање соодветни мерки и активности за заштита на граѓаните од настанатите штети во поплавените подрачја во Порој, Тетовско.

„Гардијан“: Русија една деценија работела на оддалечување на Македонија од НАТО

Руски шпиони и дипломати речиси една деценија работеле на ширење пропаганда и на провоцирање раздор во Македонија, како дел од пошироките напори на Кремљ да го зголеми своето влијание во земјите од поранешна Југославија и да го спречи нивното членство во НАТО, како и да ги држи подалеку од западното влијание, пишува британскиот весник „Гардијан“. Овие активности почнале во 2008...

Голем одрон го затрупа патот кон тетовско Бањиче

Вчера попладне на патот кој води кон рекреативното место Бањиче во Тетовско, наспроти објектот на хидроцентралата на реката Пена, паднал голем одрон од земја и од камења. Според Секторот за сообраќај и патишта при Општина Тетово, одронот за неколку часа е отстранет, но оттаму апелираат овој патен правец да не се користи, освен во случај на голема потреба, затоа што...

Лажна дојава за бомба во Основен суд Тетово ги вознемири тетовци

Лажна дојава за бомба денеска ги вознемири вработените во Основен суд Тетово. Дојавата била пренесена преку писмо со назнака „ОВК“, оставена на подот од една адвокатска канцеларија, лоцирана на само неколку метри од зградата на судот. „На 13 април ќе се бомбардира судот во Тетово, големa количинa експлозија има внатре, доста игравте со народот, соопштение ОВК“, гласела пораката напишана на...

Жените во Македонија дневно поминуваат по два часа во чистење и по два часа во забава

Жените во Македонија сочинуваат 49,9 проценти од населението и во просек живеат 77,4 години, односно 3,9 години подолго од мажите, објави Државниот завод за статистика по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената. Од вкупниот број вработени жени, кој во 2015 година изнесувал 282.078 лица, 76,3 проценти се вработени во деловни субјекти во приватна сопственост. Во 2015 година, бројот на дипломирани...

ЦРМ бара „За заедничка Македонија“ да се погрижи за безбедноста на протестите

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) најостро го осудува вчерашниот напад на новинарите на информативниот портал „А1он“ од страна на учесници на протестот „За заедничка Македонија“ и бара брзо откривање и санкционирање на сторителите на нападот. - Колегите Александар Тодевски и Владимир Желчески совесно ја вршеле својата должност, да ја известуваат јавноста за настани од јавен интерес, и со ништо не...

Повеќе од 4 милиони евра за мерки против загадувањето на воздухот во 2017 година

За 2017 година, предвидени се повеќе од 4 милиони евра за конкретни мерки и активности што ќе придонесат за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух во Скопје, се вели во соопштението на Град Скопје. Оттаму информираат дека за подигнување на нови зелени површини и за посадување нови дрвја предвидени се 80 милиони денари, за изработка и за реализација на програми, планови и стратегии...

Утрово најзагадени се скопските населби Центар и Карпош

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање утрово измерија највисоки концентрации на честичките ПМ10 во Центар, односно 159,09 микрограми на еден кубен метар, во Карпош - 149,73 микрограми, Лисиче - 131,09 микрограми и во Гази Баба - 125,87 микрограми на еден кубен метар. Неодамна, на регионалниот форум на програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“  беше истакнато дека...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...