fbpx
Таг: активизам

таг: активизам

Младите зборуваа за активизам и заземањето јавен простор

Активизмот е двигател за позитивна промена во една општество, но што се случува кога граѓаните на истото општество сè помалку веруваат дека нивниот активизам ќе биде чуен? Дополнително, каде воопшто ќе си ги чујат и пренесат граѓани своите идеи во време на исчезнување на јавниот простор? Овие прашања, а и многу други, се дискутираа вчера на инспиративното дебитантско издание...

Дебата за конструктивни наративи: проблемите се системски, решението е во рацете на младите

Недовербата во јавните институции, корупцијата и родовите улоги доведуваат до деструктивни наративи и неангажираност кај младите, потенцираа говорниците и учесниците на регионална конференција за младински политики и конструктивни наративи на локално ниво „Младински соседски дијалози: Сега за Иднината!“. На настанот говореа Вели Креци, експерт за конструктивни наративи, Илона Олехлова, чешка активистка која долги години работи во Македонија и Сара...

Нобеловата награда за мир е доделена на иранска активистка која сè уште е во затвор

Активистката Наргес Мохамади е овогодишната добитничка на Нобеловата награда за мир поради нејзината долгогодишна борба за правата на жените. Таа моментално се наоѓа во озлогласениот затвор Евин во Техеран, пренесува Радио Слободна Европа. Таа е активистка уште од времето кога била студентка. Работела како новинарка и активистка во различни организации за човекови права. Во последните две децении е уапсена 13 пати,...

Грета Тунберг казнета од шведскиот суд за непочитување на полициска наредба

Грета Тунберг е казнета од шведскиот суд откако беше прогласена за виновна, за непочитување на полициската наредба за напуштање протест за клима, соопштува Гардиен. Активистката која од 2018 година стана заштитно лице на младинското движење за климата, призна дека учествувала на протестот во Малме во јуни, но се изјасни дека не е виновна, со образложение дека дејствувала од потреба. „Моите постапки...

Активисти затрупаа дупки на голф терени – герила акција во Шпанија против прекумерното трошење вода

Активисти низ Шпанија извршиле герила акција на десет терени за голф - ги затрупале дупките за голф со цемент и во нив никулци, во знак на револт на тешката суша во Шпанија, за која се смета дека е најтешката суша во последните 100 години, известува Си-ен-ен. 🔥Saboteamos 10 campos de golf en todo el territorio español 🔊Actuamos en diez campos de...

Младите ги користат социјалните мрежи за четување и видеа, ама не и за општествен активизам

Споделување на видеа од пребрзо возење на автомобили или мотори, од опасни предизвици како што е качувањето на тинејџери по железнички вагони или од глорифицирање на меѓусебни врснички тепачки или насилници. Вакви не толку забавни, а повеќе опасни видеа постанаа речиси секојдневие што може да се погледне на социјалните мрежи кај нас и го поставуваат прашањето за што на...

Младинскиот активизам, феминизмот и борбата за права во фокусот на „ENGAGE 2023“

Домашни и странски активисти го зедоа микрофонот на „ENGAGE 2023“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) и споделија лични инспиративни приказни на теми од онлајн активизмот, феминизмот и работничките права, па сè до читање слем поезија и борбата за глас на маргинализираните граѓани. Настанот го отвори црногорската активистка Николина Павиќевиќ, основач на популарната Инстаграм платформа „Критички“. Таа зборуваше за предноста на дигиталниот,...

Активистички говори, млади бендови и креативни работилници на „ENGAGE 2023“

Младински образовен форум и Радио МОФ го организираат дванаесеттото издание на Настанот за социјален активизам ENGAGE, кој ќе се одржи в петок, на 9 јуни, во Младински културен центар (МКЦ), со почеток во 13 часот. Присутните ќе можат да слушнат инспиративни говори од домашни и од странски активисти за друштвените мрежи како средство за промени, поезијата како отпор против патријархалните...

Младите од Западен Балкан во Тирана дискутираа за младинските перспективи на регионот

Во изминатите два дена, 120 млади од Западен Балкан присуствуваа на конференцијата организирана како дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Станува збор за регионална иницијатива која се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, а која работи на зајакнување на партнерствата помеѓу локалните власти и граѓанското општество,...

Млади активисти преку Фејсбук изградија куќа на семејство во социјален ризик

Две и пол години по првата објава со повик за потребни материјали објавена на социјалната мрежа Фејсбук, семејство под социјален ризик од скопската Општина Чучер Сандево доби нова куќа и, со тоа, нови услови за живот. Станува збор за дом каде, според активистите вклучени во акцијата, недостасувале егзистенцијални услови за живот, недостаток на елементи од бела техника, наместен под и...

Утре и задутре ќе се одржи конференцијата „Време за ресетирање“ во Јавна соба

Центарот за современи уметности - Скопје и Фондацијата Отворено Општество - Македонија утре и задутре во Јавна соба, Скопје ја организираат конференцијата „Време за ресетирање - Предефинирање на моќта на заедниците преку креативен активизам и ангажирана уметност“. „Многу демократски влади на Западниот Балкан - па и надвор од него - бележат неповолни тенденции и се предмет на назадување поради тоа...

[ВИДЕО] Социјален експеримент за насилство врз бездомни мачки

Здружението за згрижување на бездомни мачки, Енџелкетс санктуари“ направи социјален експеримент за тоа како луѓето реагираат на насилство врз мачките. На експериментот снимен на видео и споделен на социјалните мрежи е претставена најлонска кеса во која е ставен мал звучник од кој се слуша како вреска мачка и „неодговорни луѓе“ што ја малтретираат. Погледнете како реагираат луѓето кога во нивна близина...

Општините мора да ги прашаат и да ги слушаат младите кога креираат еколошки политики

Младите да ги креираат политиките за заштита на животната средина на локално ниво, да поведуваат иницијативи и да се вмрежуваат и едуцираат, а нивниот глас да биде слушнат и ценет од страна на општинските власти и совети. Ова е целта на проектот „Младински активизам за позелени општини” кој ќе го имплементираат Македонското здружение на млади правници, здружението за одржлив...

[ФОТО] Не помина ни месец, една од кутиите за отпушоци во Тетово украдена, другите преполнети со отпад

Не помина ниту еден месец откако активистичката асоцијација „Мултикултура“ од Тетово на неколку места во градот ги постави „гласачките кутии“ за собирање на отпушоците од цигари, а веќе една од нив недостасува, додека останатите се  преполни со секакви отпадоци, освен со отпушоци од цигари. Мета.мк на терен забележа дека една од кутиите веќе ја нема на поставената локација. Инаку, активистите...

„Скопје живее во епидемија на сообраќајно насилство“: Вo среда 89-та велосипедска Критична маса

Велосипедистите од иницијативата „НаТочак“ во среда ќе ја возат 89-та Критична маса по улиците низ Скопје во знак на протест против пасивниот однос на локалната власт за преземање мерки за унапредување на очајната безбедност на улиците во главниот град. Возењето ќе започне во 17:30 часот од плоштад Македонија. Од оваа иницијатива велат дека „Скопје живее во епидемија на сообраќајно насилство“...

[ВИДЕО] Младиот активист Јане Велковски со „TED“ говор за моќта на асистивните технологии кај лицата со инвалидитет

Четиринаесет годишниот активист за пристапност, Јане Велковски кому му е дијагностицирана Спинална мускулна атрофија (СМА) во видео за американската медиумска компанија „TED“ говори за независната слобода што му е овозможена преку неговата асистивна инвалидска количка. Јане е ученик во државно училиште, а фудбалот претставува негова особена пасија. Од организацијата на УЕФА (Обединета европска фудбалска асоцијација) Јане добил покана да учествува...

Денес во Скопје организирана уметничката акција „Допри ме“ посветена на Ембла

Денес, во утринските часови во центарот на Скопје беше спроведена уметничката акција „Допри ме“ посветена на малечката Ембла Адеми. Поттикнати од последователните настани поврзани со ученичката во четврто одделение во ОУ „Башкими“ во Гостивар која не го започна второто полугодие со учениците од својата паралелека поради негодувањето и протестите на другите родителите за „агресивноста“ на 11 годишното девојче со Даунов...

Се одржа јубилејното 10-то издание на Конференција за социјален активизам ENGAGE 2021

Голем број домашни и странски активисти, поединци и иницијативи кои се залагаат за општествени промени во саботата беа дел од десеттото, јубилејно издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE, кое годинава го имаше своето прво хибридно издание каде што домашните говорници говореа во живо од Музејот на современа уметност (МСУ), додека пак странските говорници се вклучуваа преку платформата за...

„Мисли малце“: Млада активистка од Тетово преку постери испраќа пораки за подигнување на свеста

„Вистинските мажи плачат“, „Луѓето се поважни од профитот“, „Менструалниот циклус е природен феномен и нема потреба да се крие“, се само дел од пораките што граѓаните на Тетово ги читаат на секој агол од градот во текот на последните денови и тоа на албански, македонски и ромски јазик. Елена Савеска, 19 годишна активистка, преку овие пораки се обидува да...

Државата со цел да гради мали хидроцентрали, легално ја „узурпира“ приватната сопственост

Со помош на државата, некои инвеститори и бизнисмени легално „узурпираат“ приватни имоти на жители, за изградба на мали хидроцентрали. Тие нудат пари за земјиштето, игнорирајќи ја желбата на сопствениците да не го продаваат истото, пишува „Порталб.мк“ кој ексклузивно обезбеди докази за тоа. Оштетените жители и еко-активисти, кои сакаат да ја заштитат Шар Планина, го формираа „Зелениот фронт против малите хидроцентрали“...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...