fbpx
Таг: Ахмет Давутоглу

таг: Ахмет Давутоглу

Давутоглу на средбата со Заев: Иднината на Македонија е во НАТО

Македонија веќе е успешна приказна и иднината на земјата е во НАТО, порачал поранешниот премиер на Турција и актуелен пратеник во турскиот парламент, Ахмет Давутоглу, на средбата со премиерот Зоран Заев. - Република Македонија веќе е успешна приказна, бидејки прогресот е видлив, државата е клучен фактор за стабилноста на Балканот и продолжете да работите со енергичната посветеност на реформите, вашата...

ДУИ: Давутоглу рече дека Ахмети е клучен фактор за стабилноста во Македонија

Поранешниот турски премиер, Ахмет Давутоглу, на денешната средба со претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во Скопје, рекол дека Ахмети е клучен фактор за стабилноста на Македонија и на регионот, земајќи предвид дека Албанците живеат во шест држави низ регионот и се главна оска на стабилноста на Балканот, соопшти ДУИ. Претседателот на партијата на средбата со Давутоглу, кој...

Поранешниот турски премиер, Ахмет Давутоглу, во посета на Македонија

Поранешниот премиер на Република Турција, Ахмет Давутоглу, од утре до 29 септември ќе престојува во работна посета на Република Македонија. Во рамки на посетата, Давутоглу ќе има средби со претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, и со премиерот Зоран Заев. Давутоглу на 28 септември ќе се обрати на панел-дискусијата за „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, во организација на Здружението...

Време е за промена на турскиот устав, порача новиот лидер на владејачката АКП

Бинали Јилдирим денеска, по неговиот избор за нов лидер на партијата на правдата и развојот (АКП), повика дека Турција треба да премине на претседателски систем на владеење, јавуваат медиумите. Обраќајќи се на конгресот на партијата, пред и офцијално да биде прогласен за лидер, Јилдирим рекол дека е потребен нов устав, додавајќи дека е време моменталната „де факто ситуација“ да стане...

Давутоглу потврди – заминува од премиерската функција

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска потврди дека заминува од позицијата претседател на владата. Давутоглу рече дека на претстојниот конгрес нема да се кандидира за претседател на владејачката Партија на правдата и на развојот, што автоматски и по статутот на партијата значи дека не може да биде ниту премиер, затоа што двете функции се поврзани. - Одлучив дека за единство на партијата,...

Давутоглу размислува да поднесе оставка

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, размислува да поднесе оставка поради борбата за превласт што ја води со претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат турските медиуи. Весникот „Хуриет“ пишува дека премиерот Давутоглу неодамна се судрил со Ердоган поради планираните промени на уставот, кои би довеле до зајакнување на претседателската функција. Давутоглу вчера изјави дека попрво ќе го „прегази своето его“ отколку да ги загрози интересите...

Туск: Договорот ЕУ – Турција дава резултати

Договорот на Европската Унија и на Турција за решавање на мигрантската криза почна да дава резултати, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. - Забележавме дека нагло е променет текот на илегалната миграција – изјави Туск, кој заедно со германската канцеларка, Ангела Меркел, е во официјална посета на Турција. Тој ја пофали владата на Турција и рече дека таа земја преставува...

Давутоглу: ЕУ да си го одржи зборот или ништо од договорот

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, денеска изјави дека Анкара би можела да се откаже од договорот со Европска Унија за прифаќање мигранти доколку во следните два месеца не бидат воведени визните олеснувања за граѓаните на Турција. Според договорот меѓу Брисел и Анкара, Турција почна да прифаќа мигранти депортирани од Европа во замена за полесно добивање европски визи за турските граѓани. Давутоглу истакна дека...

Давутоглу: Ја гаѓавме ИД

Турската војска гаѓала позиции на Исламска држава во Сирија во знак на одмазда откако четири ракети истрелани преку границата го погодија турскиот град Килис, изјави денеска премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу. Премиерот рече дека турската војска реагирала во согласност со своите правила за ангажирање. Гранатите истрелани од Сирија утринава го погодија Килис. Ова е трет ден по ред како турскиот град е...

Давутоглу: Турција и ЕУ потпишаа многу важен договор, денеска е историски ден

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, потврди дека лидерите на Европската Унија и Турција постигнале согласност за договор за ублажување на мигрантската криза. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денешниот ден го оцени како историски. - Денеска е историски ден, бидејќи Турција и ЕУ постигнаа многу важен договор. Свесни сме дека Турција и ЕУ ја делат истата судбина, истите предизвици и истата иднина...

Меркел и Давутоглу разговарале за слободата на медиумите

Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Ахмет Давутоглу синоќа разговарале за слободата на медиумите, објави портпаролот на германската влада, Кристијане Вирц. - Можете да претпоставите дека оваа тема била на дневен ред за време на неодамнешните разговори на германската канцеларка и на турскиот премиер – соопшти Вирц на прес-конференција, додавајќи дека разговорите следувале откако турските власти ја презеле контролата...

Давутоглу очекува пресврт во односите со ЕУ

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изрази надеж дека денешниот самит ЕУ - Трција за бегалската криза ќе претставува пресвртница во односите меѓу Брисел и Анкара. Доаѓајќи на самитот во Брисел, Давутоглу на новинарите им рекол дека фокус на состанокот ќе биде и членството на Турција во ЕУ и оти тоа ќе има ист третман како и прашањето за итното решавање на бегалската...

Давутоглу: Помош на сите кои се против Асад и Русија

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу потврди дека официјална Анкара им пружа помош на сите сили во Сирија кои се против режимот на Башар ал Асад. Тој истакна дека Турција е најзаслужна што во Сирија постои умерена опозиција, но наведе и дека Анкара ќе пружа помош на сите сили кои се борат против инвазијата на Русија и на Иран. - Ако денес навистина постои умерена...

Уапсени 22 лица за терористичкиот напад во Анкара

Турската полиција уапсила 22 лица во рамките на истрагата за терористичкиот напад во Анкара, кој се случи на 17 февруари, а во кој загинаа 28 луѓе, соопшти турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јавуваат агенциите. Според Давутоглу, припадниците на групата што стои зад нападот е поврзана со курдската работничка партија и силите за самоодбрана на сириските Курди. „Во рамките на истрагата за терористичкиот напад...

Давутоглу и Меркел бараат сопирање на офанзивата на Алепо

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска соопшти дека повеќе од 30.000 сириски бегалци го напуштиле подрачјето на Алепо и оти се наоѓаат на сириска територија во близина на границата со Турција. На заедничката прес-конференција со германската канцеларка Анегла Меркел, Давутоглу рече дека Турција ќе им овозможи на бегалците да влезат во земјата само доколку биде потребно, додавајќи дека руските воздушни напади...

Давутоглу им порача на Курдите: Положете го оружјето, па потоа преговори

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу порача дека нема да преговара за мир со курдските бунтовници сè додека тие не го положат оружјето. Давутоглу ова го изјави во Мардин, град на југоистокот на земјата, каде го изложил владиниот план за обнова на мнозинско курдскиот регион, по завршувањето на операциите на безбедносните сили против екстремистите поврзани со Работничката партија на Курдистан (ПКК). - Владате ќе се...

САД и Турција се подготвени за воено решавање на кризата во Сирија

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави денеска дека Вашингтон и Анкара се подготвени за воено решавање на кризата во Сирија, доколку не се постигне политички договор. - Знаеме дека е подобро ако се постигне политичко решение, но ако тоа не е можно, подготвени сме по воен пат да ја отстраниме Исламска држава – изјави Бајден на прес-конференција во Истанбул. По средбата со...

Давутоглу: ИД стои зад нападот во Истанбул

Исламска држава стои зад денешниот терористички напад во Истанбул, во кој се убиени 10 лица, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу, додавајќи дека бомбашот-самоубиец е странски државјанин, член на ИД. - Независно од каде доаѓа тероризмот, тој што извршува терористички напад, извршува злосторство против човештвото. Сите убиени во денешниот напад во нашата земја се странци. Овие наши гости за нас се...

Турскиот премиер Давутоглу свика итен безбедносен состанок

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу свика итен безбедносен состанок на министрите, по експлозијата за која постои сомнеж дека е напад, а во која утринава беа убиени десет лица. Меѓу учесниците на состанокот се министрите за внатрешни работи Ефкан Ала и шефот на известувачката служба Хакан Фидан, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на агенцијата „Анадолија“. Во меѓувреме, на периферијата на Истанбул се случил голем...

Давутоглу: Не наредив да се урне рускиот авион

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека не издал наредба турските сили на 24 ноември да го соборат рускиот авион „су-24“ кај границата со Сирија. Давутоглу за турскиот канал НТВ објасни оти не можел да даде таква наредба бидејќи рускиот авион бил само 17 секунди во турскиот воздушен простор. Сепак, турскиот премиер рече дека неколку дена пред инцидентот, Генерал-штабот на турската војска...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...