fbpx
Таг: Агенција за млади и спорт

таг: Агенција за млади и спорт

Европската младинска картичка во Македонија е илузија – системот неразработен, попустите тешко остварливи

Ветувањата – неисполнети, трпението на младите – на тест, попустите – одбиени. Во коридорите на бирократските гаранции и ветувања за финансиска помош за младите, некогаш на-големо најавуваната Европска младинска картичка, денес во земјава повеќе е симбол на фрустрација, отколку на зајакнување на младинскиот стандард. Изненадувачки висок процент на млади воопшто и не знаат за постоењето на оваа картичка, исто...

Грковска: Законот за борба против допинг е финализиран, очекувам консензус за брзо усвојување

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше работен состанок со претставници на Светската анти-допинг агенција (WADA), со цел да се интензивира постапката за усвојување на Законот за борба против допингот и негово спречување, што е обврска за нашата држава според меѓународниот анти-допинг код. Грковска информираше дека нацрт-текстот на овој закон е веќе...

Мета факт: Реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Карпош е во завршна фаза

Култната спортска сала „Партизан“ во скопската населба Карпош 3 во моментов интензивно се реконструира и се наоѓа во завршна фаза на реализација. Овој спортски објект со години наназад беше разурнат, иако е донација од француската влада по скопскиот земјотрес од 1963 година. Со средства од буџетот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), салата „Партизан“ почна да се реконструира...

Младите бестрашно уриваат бариери за редефинирање на иднината, порачаа тие од скопскиот Градски парк

Младите да се вклучат во различни активности наменети за нив, креативно да се изразуваат и делуваат и да учествуваат во процесите на донесување одлуки. Ова беше истакнато на настанот по повод Меѓународниот ден на младите, што во петокот се одржа во градскиот парк – Школка во Скопје, соопштија од Младинскиот образовен форум (МОФ). Настанот беше организиран од Канцеларијата на Фондот...

Новинарот во Мета и креатор на „Студентарија“, Гоше Николов, ја доби Наградата за младинско учество

Новинарот во новинската агенција Мета.мк и креатор на страницата „Студентарија“ (@studentarijamk) на Инстаграм, Гоше Николов, ја доби Наградата за младинско учество во индивидуална категорија што ја доделуваат Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Николов беше номиниран за наградата за неговиот ангажман како онлајн активист и креатор на содржини и за реагирањето на проблемите и...

Националниот младински совет со повик за номинации за Наградата за младинско учество

Сите иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации во Република Северна Македонија кои покажале јасна визија, исклучителна креативност, иновативност и лидерство и мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството, ќе имаат можност да конкурираат и да добијат една од наградите кои ги доделуваат Агенцијата за млади и...

Почна изработката на новата Национална стратегија за млади

Националната стратегија за млади е повеќе од важен документ за младите во Република Северна Македонија. Таа ги поставува основните принципи и насоки за акција на сите чинители во општеството кои ќе водат кон подобрување на социо-економската положба на младите и кон создавање на средина која ќе им овозможи на младите да ги остварат своите права, потреби и интереси. Ова...

Креативен конкурс за млади на тема – Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас?

Младите на возраст од 15 до 29 години кои создаваат дизајни и други креативни содржини на социјалните мрежи ќе имаат можност да учествуваат на конкурс на тема тема од областа на безбедноста, солидарноста и соработката. Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), распиша конкурс на кој младите...

Агенцијата за млади и спорт ќе го организира Охридскиот маратон

Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон, соопштуваат оттаму. „Годинава е 60 годишниот јубилеј на Охридскиот маратон. Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата и Агенцијата за млади и спорт и сите надлежни институции, нема да дозволат овој...

Изабела Јакимова, „Младите на Една може“ и „Гоу Грин“ се добитници на Наградата за младинско учество

Познати се добитниците на Наградата за младинско учество која ја доделува Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Годинава, наградата во индивидуална категорија ја доби актерката Изабела Јакимова. Неформалната група на млади „Младите на Една може“ (One Can Youth) победија во категоријата на неформални групи на млади, додека здружението „Гоу Грин“ (Go...

АМС: Младите да се вклучат во креирањето на новата Национална стратегија за млади

Агенцијата за млади и спорт (АМС) на денешната прес-конференција најави дека ќе се креира нова Национална стратегија за млади преку која, како што беше посочено, ќе се дефинираат основните принципи и насоки за подобрување на квалитетот на живот на младите луѓе во државата во наредните пет години. На конференцијата што беше организирана по повод започнување на неделата на млади, присутните...

Отворен е повикот за номинации за Наградата за младинско учество

Отворен е повикот за номинации за овогодинешната Награда за младинско учество што ја доделуваат Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Целта на наградата е да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. Сите заинтересирани можат да поднесат номинација за Наградата за младинско учество со пополнување на...

Национален младински совет на Македонија против „најавената деградација“ на Агенција за млади и спорт

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) со отворено писмо се обрати до Владата на Република Северна Македонија “изразувајќи длабока загриженост, незадоволство и разочараност во врска со најавената реорганизација на органите на државната управа“, со која се предвидува спуштање на Агенцијата за млади и спорт (АМС) на пониско ниво. „Со предложената реорганизација, Агенцијата за млади и спорт од досегашниот статус на...

По 17 години барање, гејмањето стана официјален спорт во Македонија

Агенцијата за млади и спорт (АМС) го призна електронскиот спорт (Еспорт) за официјален спорт во државата. Директорот на АМС, Наумче Мојсоски денеска му врачи „Решение за дејност спорт“ на претседателот на Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) и генерален секретар на Меѓународната Еспорт федерација, Бобан Тотовски. „Навистина ми е голема чест и задоволство што денеска и официјално еспорт федерацијата станува дел од...

Младите против насилство: За успешна превенција од радикализација неопходен е поттик на талентите на младите

Во светот сè уште се соочуваме со безбедносни предизвици. Подрачјето на Балканот, поготово на Западен Балкан е подрачје кое традиционално се соочува со одредени безбедносни проблеми. Не може да збруваме само со верски екстремизам, туку и со етнички екстремизам, а во некои случаи и со десничарски екстремизам. Значи мора да работиме на превенција, а за тоа да го постигнеме...

Само една општина има отворено младински центар, градоначалниците да ја исполнат оваа обврска

НМСМ АСМ СМР
Во организација на Сојузот за младинска работа (СМР) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а во соработка со Агенцијата за млади и спорт (АМС), денеска се одржа прес конференција за моменталната состојба со отворањето на младински центри во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Настанот се одржа во „МладиХаб“, по повод Меѓународниот ден на човековите права,...

По објавите на Порталб, Агенцијата за млади и спорт ја пушти во употреба привремената веб-страница на албански јазик

По неколку написи на Порталб.мк поврзани со преводот на албански јазик на веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт (АРС), од таму потврдија дека работите се при крај и гарантираат дека се очекува веб-страницата да биде пуштена во употреба во рок од две-три недели. Заменик - директорот Авни Рустеми синоќа соопшти дека во моментов е пуштена во употреба привремената...

Порталб: Веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт на албански јазик сè уште не е готова

Агенцијата за млади и спорт сè уште ја нема подготвено албанската верзија на веб-страницата, иако во август за Порталб.мк најавија дека кон средината на септември ќе биде готова. Заменик-директорот на Агенцијата, Авни Рустеми, иако е на чело на оваа институција една година, сè уште не успеал да ја преведе веб-страницата на Агенцијата, а освен тоа, истиот не е достапен...

Порталб: Агенцијата за млади и спорт сѐ уште нема готова веб-страница на албански јазик

Агенцијата за млади и спорт сѐ уште нема верзија на албански јазик на веб-страницата, иако пред еден месец за Порталб.мк рекоа дека до средината од септември ќе биде пуштена во функција. Од Агенцијата за млади и спорт, за Порталб.мк минатиот месец информираа дека им пристигнала донацијата од ОБСЕ за новата веб-страница, што ќе биде на три јазици: албански, македонски и англиски. Прашањата...

Седум бронзени медали освоија млади хемичари од земјава на меѓународна олимпијада во Јапонија

Младите хемичари од средни училишта во земјава освоија седум бронзени медали на 53-тата Меѓународна олимпијада по хемија која што се одржа онлајн, а нејзин домаќин беше Јапонија. Агенцијата за млади и спорт и оваа година ги поддржа нашите хемичари да учествуваат на 53-та олимпијада, при што земјава учествува на настанот од 2013 година. Годинава на Меѓународната олимпијада учествуваа 312 ученици...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...