fbpx
Таг: Агенција за катастар на недвижности

таг: Агенција за катастар на недвижности

Поскапеа геодетските услуги

Веќе пет дена е на сила нов тарифник за геодетските работи, со нови, повисоки надоместоци. Како што објаснува Агенцијата за катастар на недвижности, станува збор за поскапување што е неопходно поради зголемените реални трошоци на овластените геодети-поединци и геодетските фирми - струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл. Цените може да се видат тука. Владата...

Истрага против 13 лица кои го срушиле споменикот на културата, хотел „Шар Ан“

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, единиците на МВР спровеле акција при што биле извршени претреси на повеќе локации во градот Скопје, информира Јавното обвинителство. Во акцијата биле одземени бројни материјални докази и приведени биле девет осомничени лица, а две лица се недостапни за органите...

Некој прикачува, друг не е обучен и не знае: Хаос со објавувањето отворени податоци кај институциите

Истражувачкото новинарство, создавањето на креативни визуелизации и анализи на одредени теми, изработката на ИТ решенија и истражувања од било каков вид денес е извонредно тешко да се создадат без постоењето на отворените податоци. И додека вештачката интелигенција со голема брзина го освојува светот, македонските институции се заглавени во космосот на нередовно објавување податоци во отворен формат. Во случаите кога...

Порталб: Иницијатива за промена на имињата на улиците во Тетово и постапката низ која ќе се одвива процесот

Започнаа првите активности на јавната расправа за промена на имињата на улици, училишта и јавни установи во Тетово, иницијатива која се спроведува во соработка меѓу Академското здружение на Албанците за уметност и наука и Општина Тетово. И покрај тоа што во минатото имало обиди да за вакви измени, тие или биле неуспешни или не се одело до крај. Касами...

Граѓаните талкаат од општините до Катастарот и обратно, бидејќи институциите немаат заеднички електронски систем

Во претходната сторија објаснивме како за издавање на документ од катастар, треба да се извади уверение од општината, денеска ќе објасниме како за издавање на документ од општината, треба да се земе уверение од катастар. Значи административен апсурд, при што две институции бараат од граѓаните да ја докажат автентичноста на документите, нешто што би можеле сами да го направат...

Корона вирусот доведе до голем пад на тргувањето на пазарот на недвижности

Драстично намалување на обемот на тргување на пазарот на недвижности во периодот од 1 април до 30 јуни годинава откриваат новите податоци од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности. Во второто тримесечје од 2020 година, кога се разгоре кризата предизвикана од корона вирусот, евидентирани се вкупно 4.073 трансакции, што е помалку за 3.085 трансакции...

Попова Шапка, постапката за лиценцирање на жичарата со шест седишта е вратена од почеток

Постапката за лиценцирање на жичарата со шест седишта во Попова Шапка е покрената од почеток заради неколку грешки во претходното барање испратено од „ЕЛЕМ Турс“. Од „ЕЛЕМ Турс“ велат дека најбрзиот начин за исправање на грешките во барањето било да се изготви ново барање. А од Министерството за транспорт и врски истакнуваат дека сега веќе оформиле комисии и го...

Канцеларии на Катастар и во Македонска Каменица и во Чашка

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија отвори две нови канцеларии, во Македонска Каменица и во Чашка. Граѓаните на овие две општини досега  мораа да патуваат во блиските градови за да извадат имотен лист или да направат каква било измена во податоците. Во двете нови канцеларии ќе се вршат вообичаените постапки од сферата на недвижностите.

За да добијат бесплатни документи, новинарите треба да објаснат зошто ги бараат

Централниот регистар денеска информираше на кој начин новинарите може да го остварат своето право на бесплатен пристап до информации откако Владата на 26. седница донесе ваква одлука. Во одлуката на Владата стои дека Централниот регистар и Агенцијата за катастар за недвижности треба во рок од 30 дена да им овозможат на новинарите бесплатен пристап до јавните исправи кои ги издаваат...

ССНМ го поздрави бесплатниот пристап до документи од Карастарот и од Централниот регистар

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја поздрави одлуката на Владата за бесплатен пристап на истражувачките новинари до документите од Централен регистар и од Агенцијата за катастар на недвижностите, и истовремено побара власта да го измени Законот за пристап до информации од јавен карактер. „Сметаме дека со оваа одлука на истражувачките новинари ќе им се олесни пристапот до...

Почнува двосменското работење во институциите и во градинките

Од денеска повеќе државни институции почнуваат со двосменско работење, во согласност со одлуката што ја донесе Владата. Управата за јавни приходи, Царинската управа, градинките, Управата за водење матични книги, службите за издавање лични карти и пасоши во МВР и одделенијата за одбрана во градовите и во општините во рамките на Министерството за одбрана се првите кои почнуваат со работа...

Финансиска полиција: Во акцијата „Геодет“ уапсени 19 лица за катастарски малверзации

Вкупно 19 лица, од кои деветмина актуелни и двајца поранешни вработени во Агенцијата за катастар на недвижности, еден сопственик на приватна геодетска фирма од Скопје и седум лица кои незаконски стекнале недвижен имот, биле уапсени во акција на Финансиската полиција под оперативното име „Геодет“, соопшти денеска Управата за финансиска полиција. Како што информираат оттаму, уапсените се товарат за повеќе кривични дела, односно...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...