fbpx
Таг: Агенција за храна и ветеринарство

таг: Агенција за храна и ветеринарство

Од сабота бесплатно микрочипирање на домашните миленици

Набавени се 100.000 микрочипови за кучиња и мачки - домашни миленици и тие ќе бидат бесплатно вметнувани во телата на животните од страна на 135 ветеринарни друштва во земјава. Сопствениците ќе треба да платат само 120 денари за пасош за животното, со кој ќе може животното да го носат во странство. Акцијата ќе трае до 31 март следната година...

АХВ: Суперанализите потврдија присуство на ГМО во соините трошки и шницли

Резултатите од суперанализите на соините трошки и соините шницли, кои, на барање на операторот со храна се вршеа во референтна лабораторија во Европската унија, потврдија присуство на ГМО како што беше констатирано и со првичната лабораториска анализа, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство. Увезената соја е по потекло од компанијата „Сојапротеин” од Бечеј, Република Србија, а мострите биле...

АХВ: Запленети повеќе од тон генетски модифицирани соја и ориз

Вкупно 510 килограми соини шницли и соини трошки произведени во Србија со генетски модифицирана соја и увезени во Македонија, по откривањето се повлечени од продажба, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов. Во мај, пак, се откриени 550 килограми генетски модифициран ориз произведен во Кочанско од увозно семе. Оризот бил пронајден во магацин на операторот, но...

АХВ врши инспекција во пекарницата каде беше забележан стаорец

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се врши инспекција во пекарницата во центарот на Скопје, откако на социјалните мрежи се распространи фотографијата од стаорец во угостителскиот објект. Инспекциските служби на агенцијата вршат проверка дали овој оператор со храна ги почитува пропишаните општи и посебни барања за безбедност на храната, вклучително и тоа дали се спроведени мерките за дезинфекција,...

Забранет увоз на месо, млеко од овци и кози, како и на животни, од Бугарија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донела Решение со кое се забранува увоз од Бугарија и транзит преку македонска територија на живи домашни и диви мали преживари (овци и кози), како и сперма, јајце клетки и ембриони од домашни и диви мали преживари со потекло од оваа земја. АХБ забранува и увоз на месо, производи и преработки од месо...

АХВ: Пирошките што затруја свадбари се правени нелегално над објектот на фирмата

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера доцна попладне заплениле 300 килограми смеса за подготовка на пирошки, како и пирошки и јајца, во простории над операторот за храна ДПТУ „Гицов“ ДООЕЛ од Кочани, кој на 25 април беше затворен од страна на АХВ и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по труење на 20-тина лица во Штип...

Почна авионско расфрлање вакцинални мамки против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство почна со реализација на пролетната кампања за вакцинација на лисиците против беснило со авионско фрлање на вакцинални мамки од аеродромите во Скопје и во Штип. Со техничка и финансиска поддршка од Европската Унија, во наредниве десеттина дена, на територијата на цела држава ќе бидат фрлени 500 илјади мамки. Вакцинацијата има за цел прекинување на пренесување...

АХВ: Во Македонија не е увезено старо и небезбедно месо од Белгија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вели дека во Македонија не е увезен ниту килограм од старото и небезбедно месо од белгиската месна индустрија „Вевиба“. Како што објаснија од АХВ за „Мета“, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на Европската Унија, Агенцијата досега нема добиено известување дека белгиската месна индустрија „Вевиба“...

На Балканот завршило белгиско месо старо 12 години

Месарска компанија од Белгија ја загуби дозволата за работа, откако властите открија дека се фалсификувале податоците за рокот на траење на месо и месни производи, а во нив се ставале делови од животински тела кои воопшто не се дозволени за човечка консумација. Месото се извезувало и во Југоисточна Европа. „Мета“ испрати прашања до македонската Агенција за храна и ветеринарство дали...

Поради небезбедност повлечена млечната храна за доенчиња од „Селија“

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека од пазарот ќе бидат повлечени дел од производите за млечна храна за доенчиња од францускиот производител „Селија“ по информациите за нивна небезбедност добиени од Системот за брзо информирање и управување со небезбедна храна на ЕУ. „Преку апликацијата RASFF Window системот на ЕУ, во неколку наврати добиена е информација за небезбедна храна. Предмет на...

Потврдено присуството на кримска-конго хеморагична треска и кју-треска во Симница

Агенцијата за храна и ветеринарство открила присуство на кримска-конго хеморагична треска и кју-треска во крвта на овците во бачилото од гостиварското село Симница. Како што се наведува во соопштението од АХВ, станува збор за болести кои ги пренесуваат инсекти, крлежи, комарци и глодари и од кои може да заболат и животните и луѓето. Од АХВ наведуваат дека сè уште не се...

АХВ: Храната во „Леар“ била соодветно чувана и послужена, а мензата чиста

Храната во „Леар“, каде 23 лица вчера пријавија лесни симптоми на труење, била соодветно дистрибуирана, чувана и послужена, во оригиналното пакување и со адекватен рок на употреба, а мензата ги исполнува хигиенските услови поради што не е изречена мерка за нејзино привремено затворање, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство. Инспектори на АХВ во соработка со Санитарната инспекција денеска и...

Александрова: СДСМ крши закони, назначува директори без потврда дека зборуваат англиски

Владејачката партија се однесува крајно неодговорно, ги промовира непрофесионалноста и некомпетентноста и полека ја партизира државата, вработувајќи кадри за кои нема докази дека ги имаат бараните квалификации, обвини на прес-конференција Емилија Александрова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи на назначувањето нови директори. - Новите директори на Управата за јавни приходи, на Бирото за јавна безбедност, на Агенцијата за храна и ветеринарство и...

Покрај Чавков и Атанасовски, Владата разреши и други директори

На седницата вчеравечер, покрај донесувањето одлука до Собранието да се достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски и за избор на новите директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владата направи уште неколку смени на директори и на управни одбори и донесе мерки за одредени ситуации. Владата на вчерашната седница постави нови...

АХВ: Во Македонија нема увезено пилешко месо со салмонела од Хрватска

Во Република Македонија не се увезени преработки од месо од производителот „Перутнина“ од Птуј, со датум на производство и лот за кој хрватското Министерство за земјоделство вчеравечер наредило повлекување од пазарот во Република Хрватска поради утврдено присуство на бактеријата салмонела, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од агенцијата наведуваат контролата што ја извршиле дежурните инспекциски тимови е покажа дека преку...

Птичји грип регистриран во Македонија, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство регистрирала присуство на високозаразната болест авијарна инфлуенца (птичји грип), тип АХ5Н8, кај живина во стуршкото село Мороишта, соопшти денеска на прес-конференција директорот на агенцијата, Зоран Поповски. Според Поповски, вирусот е опасен за живината, но не се пренесува кај луѓето и во ниту еден случај не може да претставува закана за нивното здравје. – Првиот случај е детектиран...

АХВ ги засили мерките за борба против птичји грип

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го подигна нивото на внимателност по информациите дека во Германија, Данска, Холандија, Унгарија, Австрија, Хрватска и во други земји во регионот е регистрирано присуство на птичји грип. АХВ испратила допис до ветеринарните друштва за пријавување евентуална зголемена смртност кај живината во одгледувалиштата или за угинати птици преселници. „Птичјиот грип задолжително се пријавува и затоа апелираме...

Агенцијата за храна и ветеринарство не нашла стиропор во тортите во скопската слаткарница

Агенцијата за храна и ветеринарство не нашла стиропор во ниту една торта во позната скопска слаткарница во која извршиле инспекциски надзор, информираат од Агенцијата. Инспекцискиот надзор бил спроведен по поднесена претставка од граѓанин, со наводи дека делови од торта биле направени од стиропор. „Од страна на инспекциските служби ниту по направената контрола на готови торти кои имаат фигури на површината, не...

Дваесетина деца се затруле со храна во одморалиште во Дојран

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека изминатиот викенд се регистрирани два случаи на можни труења од храна, и покрај тоа што оттаму редовно апелираат и упатуваат препораки како да се ракува и да се консумира храната во летниот период. Поголемо труење имало во детското одморалиште во Дојран, при што со симптоми на труење, како повраќање и дијареа, хоспитализирани...

Набавени 50.000 вакцини за болеста „чвореста кожа“ кај говедата

Агенцијата за храна и ветеринарство обезбеди 50 илјади дози од вакцината против болеста „чвореста кожа“ кај говедата, за итна вакцинација на добитокот во 19 општини во источна и југоисточна Македонија. Со цел сузбивање и искоренување на болеста и намалување на ризикот од нејзино ширење, со вакцинацијата ќе бидат опфатени зоните под надзор и заштитните зони во општините каде има потврдени...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...