fbpx
Таг: аеродром

таг: аеродром

Албански медиуми ја проголтаа српската „патка“ за Груевски

Минатата седмица една дезинформација што беше пласирана од провладиниот српски дневен весник „Политика“, излажа голем број албански медиуми што непроверено ја пренесоа веста. „Политика“ повикувајќи се на свои извори, тврдеше дека Никола Груевски одлетал во Будимпешта од Тирана. Еден од најпопуларните медиуми во Албанија, „Газета Мапо“ ја пренесе таа информација со дополнително „зачинување“ - пишувајќи дека поранешниот македонски премиер бил...

„Виз ер“ воспостави нова авиолинија од Охрид до Виена

„Виз ер“ воспостави новата директна линија Виена-Охрид-Виена, а летови ќе има во текот на целата година. За почеток два пати неделно, односно секој вторник и секоја сабота, со време на пристигнување на аеродромот Св. Апостол Павле во 17 часот и време на заминување кон Меѓународниот аеродром Виена во 17.30 часот. „Од 4 декември, времето на пристигнување во Охрид ќе се промени...

Полициите на Албанија и Црна Гора потврдија дека Груевски ги минал нивните граници

Полициите и на Албанија и на Црна Гора вчеравечер се огласија со соопштенија по бројните написи во медиумите дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски за Будимпешта заминал преку двете земји. Двете земји потврдија дека во неделата Груевски ги напуштил земјите. Со оглед на фактот дека од Подгорица и од Тиват тој ден немало летови за Будимпешта, најверојатно Груевски ја...

Груевски побегнал преку Албанија, тврди белградска „Политика“

Српскиот весник „Политика“, познат како активен поддржувач на власта во Србија, објави дека според нивните информации, поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Будимпешта побегнал преку Тирана. Во денешното издание на насловната страница на весникот е објавен текст потпишан како „редакциски“ во кој се тврди дека Груевски со лажен пасош ноќе ја минал македонско-албанската граница и стасал во амбасадата на Унгарија во...

Сугарески: Понудата од „Виз ер“ не одговараше со условите во јавниот повик

По повод поништениот јавен повик за финансиска поддршка на авиокомпании што беше објавен на 13 септември годинава, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески информираше дека авиокомпанијата „Виз ер“, била единствената која доставила понуда, но таа не одговарала со условите и критериумите пропишани во јавниот повик за финансиска поддршка за авиокомпании. Тој објасни кои делови од условите, компанијата „Виз ер“ не...

Ништо ново: Полураспаднати и ишарани учебници на почетокот на годината (галерија)

Некои се искинати, други се повлечени и не се вратени, трети не се испечатени, за четврти доцнат нарачките. И годинава, истата слика со учебниците, како и на секој почеток на нова учебна година. Хаосот се создава по први септември, кога наставата започнува без овие помагала. Додека се чекаат нови комплети, на часовите се користат стари учебници, од кои добар дел...

Без вода утре и задутре голем дел од општините Кисела Вода и Аеродром

Поради реконструкција на водоводна линија што ќе се изведува кај новиот кружен тек меѓу булевар Србија и улицата Христо Татарчев кај последна 24-ка, од утре во 20 часот до сабота претпладне или напладне, без вода ќе биде голем дел од источното подрачје на Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи - Скопје. Без вода ќе бидат Аеродром и Ново Лисиче...

Tендерот за субвенционирање на нискобуџетски авиокомпании, до крај на месецот

Тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании ќе биде распишан до крајот на месецот, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Тој додаде дека субвенционирањето продолжува и оти заложбата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром. - Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани, што значи дека продолжуваме со субвенцирање на нискобуџетските компании со...

Ќе се гради нов мост кој ќе ги поврзува Аеродром и Гази Баба

Град Скопје за 24 месеци ќе изгради има нов мост во должина од 120 метри на булеварот „АСНОМ“, кај хотелот „Русија“ кој ќе ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба. - За проектот е предвидено пробивање и продолжување на нов булевар во должина од 2.107 метри, од хотелот „Русија“, преку Вардар и населбата Керамидница се до Скопски саем. Ќе има...

Се урна авион со 67 патници во Непал

Авион на бангладешката компанија „УС-Бангла“ денеска по слетувањето на меѓународниот аеродром во Катманду, Непал, се излизга од пистата, а потоа се запали. Во авионот биле 67 патници и четири членови на екипажот. Бројката на загинати сè уште не е утврдена. Познато е само дека досега се спасени 17 лица. Пожарот се гасне, а сите полетувања и слетувања од аеродромот се откажани.

Општина Аеродром бара начин да спречи изградба на деветкатница пред „Мајчин дом“

Општина Аеродром соопшти дека е против изградбата на деветкатница на плацот пред „Мајчин дом“, ги разгледува сите правни механизми и бара начин да го спречи тоа. Реакцијата уследи откако на теренот почна да работи машина за бушење, што во медиумите беше оценето како почеток на изградба на објектот, против кој, минатата година се изјаснија стотици граѓани на Аеродром. Според соопштението, во...

Отстранет споменикот на Александар Македонски од скопскиот аеродром

Од скопскиот аеродром синоќа е отстранет споменикот на Александар Македонски, откако пред неколку дена беше тргнат и натписот „Александар Велики“. Споменикот на аеродромот беше поставен во 2011 година откако ТАВ стана концесионер. Одлуката за преименување на аеродромот и на автопатот, беше донесена на седница на Владата во почетокот на февруари годинава, а во знак на добра волја и затоплување на односите...

Бутарис: Погрешно бев протолкуван, не предлагам промена на името на солунскиот аеродром

Погрешно беа протолкувани моите изјави, никогаш не предложив, ниту предлагам промена на името на аеродромот, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, по реакциите што ги предизвика велејќи дека треба да се размисли за промена на името на аеродромот во Солун кој се вика „Македонија“. Бутарис, изрази жалење што, како што рече, бил изваден и објавен само еден дел од изјавите, а...

Бутарис: Туристите мислат дека слетуваат во Скопје, а не во Солун

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“ бидејќи туристите кога слетуваат во Солун мислат дека доаѓаат во Скопје. – Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да размислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ го подели светот, не подели нас и од тоа сите губиме...

Аеродромот „Сити“ во Лондон затворен поради пронајдена бомба

Лондонскиот аеродром „Сити“ е затворен откако бомба од Втората светска војна била пронајдена во близина на реката Темза. Аеродромот ќе биде затворен цел ден и сите летови се откажани, а тоа ќе има влијание врз 16.000 патници, изјави портпаролката на аеродромот. Полицијата воспостави забранета зона од 214 метри, поради што лондонскиот „Сити“ аеродром сега е затворен, стои во соопштението на...

ВМРО-ДПМНЕ: И СДСМ одбегнува да каже на која држава е Заев премиер

СДСМ исто како и Зоран Заев одбегнува да каже на која држава е тој премиер, стои во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ, а во врска со вчерашната средба на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас во Давос. „Од што се срами и од што бегаат и СДСМ и Заев? Наместо конкретни одговори и...

Евакуиран аеродромот во Софија поради дојава за бомба

Аеродромот во Софија е евакуиран поради истрага која се спроведува откако била добиена дојава за поставена бомба, јавуваат светските медиуми. Евакуацијата ја наредил министерот за внатрешни работи по повикот кој пристигнал во 13 часот и 20 минути по локално време, пренесе бугарската новинска агенција „Бгнес“. На лице место веднаш пристигнале повеќе полициски единици, а на возилата не им е дозволен пристап до аеродромот.

Поплава на меѓународниот терминал на ЏФК во Њујорк, одложени повеќе летови

На аеродромот ЏФК во Њујорк се случила поплава во одделението за багаж при што поплавени биле багажите на патниците. Неколку меѓународни летови од Терминалот 4 се одложени на неодредено. Терминалот бил делумно евакуиран, откако голема количина вода се слеала низ ѕидот на терминалот. Засега нема пријавно повредени, а се уште не е позната причината за истекувањето на водата. Терминалот 4 е главен терминал...

Србија ќе има приходи од 1,5 милијарди евра од концесијата на аеродромот „Никола Тесла“

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека планираните приходи од концесијата на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, ќе бидат 1,5 милијарди евра. Концесијата ја доби француската компанија „Ванци ерпорт“, која со аеродромот ќе стопанисува во наредните 25 години, а потоа аеродромот ќе се врати во сопствеништво на државата. Таа сопшти дека француската корпорација дала најдоба понуда за концесија и станува збор...

Бутарис: Прашањето за името е „надувано“ поради глупавоста на политичарите

Мора да имате добри односи со соседите. Прашањето за името е надувано пред се поради глупавоста на политичарите. Луѓето сакаат да си најдат идентитет. Со отстапки од двете страни, но и од опозицијата, подготвени се за компромис. Господинот Заев рече дека ќе го смени името на аеродромот, ќе ги смени таблите на улиците, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...