Затворен белградскиот аеродром поради инцидент со египетски авион


Белград, 12 септември, 2018 - 10:26 (META) 

Аеродромот „Никола Тесла” во Белград е привремено затворен за полетување и слетување поради инцидент на авион на египетскиот авиопревозник „Иџипт Ер“. Воздушниот сообраќај се пренасочува на соседните аеродроми, а не се знае кога најголемиот аеродром во Србија ќе биде повторно во функција.

На авионот Боинг 737-800 додека слетувал празен му се блокирале тркалата, по што се запалиле пневматиците и останатл на пистата.


Владата на Србија бара концесионер за белградскиот аеродром „Никола Тесла“


Белград, 12 февруари, 2017 - 17:13 (META) 

Владата на Србија и белградскиот аеродром „Никола Тесла“ објавија јавен повик за давање под концесија на аеродромот на 25 години, јавува дописникот на „Мета“ од Белград.

Концесијата се дава за финансирање, развој преку изградба и реконструкција, одржување и управување со инфраструктурата на аеродромот, како и извршување на дејноста оператор, се наведува во повикот објавен на интернет-страницата на белградскиот аеродром.

На огласот не можат да се пријават, односно концесија на можат да добијат компании кои управуваат со аеродроми во радиус од 450 километри од Белград.

Владата на Србија верува дека годишниот приход од концесијата за аеродромот „Никола Тесла“ би можел да изнесува 10-11 милиони евра, плус надоместокот за концесија од околу 350 милиони евра.