fbpx
Таг: АЕК

таг: АЕК

АНКЕТА: Кражбата на идентитет, расната омраза и верскиот екстремизам најголеми „онлајн“ стравови на граѓаните

Над 71 отсто од македонските граѓани веруваат дека ризикот да се стане сајбер-жртва се зголемува. Само една третина сметаат дека можат доволно да се заштитат од опасностите на криминалот кои демнат онлајн, па поради ова, најголем дел од граѓаните, а особено помладите и оние со повисок степен на образование, се внимателни кога се вклучени на интернет. Од сите видови на...

Хакерскиот напад врз АЕК не резултираше со исплата на откуп од 70.000 евра

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) не им ја исплатила побараната сума од 70.000 до 80.000 евра од страна на престапниците по извршениот хакерски напад пролетва врз оваа институција, открива директорот на АЕК, Јетон Акику во интервјуто за Радио Слободна Европа на македонски јазик. Директорот на АЕК вели дека го запреле хакерскиот напад многу брзо, иако хакерите побарале откуп. „Ние имавме еден...

Македонски Телеком и А1 изедначени во процентот на мобилни корисници

Во четвртиот квартал на 2022 година, најголемите мобилни оператори Македонски Телеком и А1 Македонија биле изедначени според бројот на мобилни корисници, односно секој од нив има по 47,83 отсто од корисниците на мобилната телефонија, кои во последното тромесечје на минатата година биле вкупно 1.932.871, се дознава од најновиот квартален извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Од вкупниот број корисници...

Поради сајбер-нападот врз АЕК, нивните онлајн услуги се привремено недостапни

Официјално е потврден сајбер-нападот врз Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), кој се случил на 6 април. Од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (МКД-ЦИРТ) при АЕК за Мета.мк изјавија дека сајбер-нападот бил прекинат истиот ден и дека во тек е анализа за да се утврди начинот на изведба и атрибуција. „Нападот е детектиран и е спречено негово понатамошно ширење....

Агенцијата за електронски комуникации под хакерски напад

Електронските системи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се под сајбер-напад, дознава Мета.мк. Нападот над АЕК, за Мета.мк го потврдија и од МВР. „Минатата недела Секторот за компјутерски криминал беше известен од АЕК за хакерски напад врз оваа институција и преземени се содветни мерки“, велат од МВР. Директорот на АЕК, Јетон Акику во телефонски разговор ни потврди дека имало „мал инцидент“...

Пораст на бројот на претплатници на фиксна и мобилна телефонија во земјава

Пораст на бројот на претплатници на фиксни телефонски линии, на мобилната телефонија и на широкопојасен интернет имало во третиот квартал од 2020 година, откриваат новите податоци на Агенцијата за електронски комуникации. Вкупниот број на фиксни линии во третиот квартал од минатата година изнесувал 408.618, што е зголемување за 1,21 отсто во споредба со вториот квартал од 2020 година. Споредено со...

Пад на бројот на претплатници во мобилната телефонија, пораст во фиксната

Пораст на бројот на фиксни телефонски линии, а намалување на бројот на активни претплатници во мобилната телефонија, открива новиот извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за развојот на пазарот во вториот квартал од 2020 година. Вкупниот број на фиксни линии во овој период изнесувал 403.715, што е зголемување од 3,75 отсто во однос на вториот квартал од 2019 година...

АЕК распиша тендер за научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и од 5Г врз здравјето и околината

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи научна студија - „Влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди и технологии врз здравјето на луѓето и околината – животната средина која не опкружува (4Г, 5Г)“. Тендерот е објавен во Бирото за јавни набавки, а заинтересираните компании кои ќе ги исполнат бараните критериуми zа стручноста, искуството...

Радио станиците бараат АЕК да ги ослободи од плаќањето на радио фреквенции за годинава

Радио станиците од земјава бараат Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да ја испочитува владината одлука за ослободување од плаќање фреквенции кон АЕК, како дел од помошта на медиумите за состојбата со ковид-19. Од Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на Македонија (АПЕММ) бараат АЕК да ги сторнира сите фактури, да излезе во пресрет на медиумите и да ја почитува одлуката...

АЕК: Пад на претплатниците на мобилната, зголемување кај фиксната телефонија

Зголемен интерес кај граѓаните за фиксна телефонија или пак поголема продажба на пакетите на операторите за интернет и фиксна телефонија на една сметка? Невообичаен пресврт има на пазарот на електронски комуникации во земјава, каде што во изминатиов период има тренд на пораст на бројот на корисници на фиксна телефонија, а истовремено намалување на бројот на активни претплатници на мобилна...

Објавен периодичниот извештај на Евротинк за работата на АЕК и ААВМУ

Иако редовно се објавуваат записниците од состаноците на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, сепак тие не вклучуваат детали за текот и за содржината на дискусиите. Ова го покажува шестиот периодичен извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (ААВМУ), спроведен од Евротинк – Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност...

Во земјава има над 400.000 претплатници на ТВ-услуги (инфографик)

Колку граѓани ќе го загубат телевизискиот сигнал е прашање што заслужува внимание по најавата на операторите дека ќе прекинат со реемитување на програмата на сите канали, освен на МРТ, поради тоа што не се согласуваат со измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации, вкупниот број на претплатници на ТВ-услуги во второто...

МВР: Телефонските провајдери се исклучиво одговорни за заштитата на граѓаните

МВР е запознаено со масовните телефонски јавувања од странски броеви, но за заштита на граѓаните се одговорни исклучиво провајдерите, одговори денеска Министерството на прашањето на „Мета.мк“ „дали и што презема по масовните повици што македонските телефонски корисници денеска ги добиваат од непознати странски броеви“. „Министерството за внатрешни работи – Секторот за компјутерски криминал е запознаен со оваа појава и е...

Истражување: Само 20 отсто од испитаниците сметаат дека АВМУ и АЕК се независни од политиката и бизнисот

Само 20 проценти од од граѓаните сметат дека Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се независни од бизнис и политика, покажува истражувањето на јавното мислење поврзано со АЕК и АВМУ како и за задоволството на граѓаните од услугите и цените на мобилната телефонија, спроведено од  „Евротинк“ – Центар за европски стратегии. Според...

Манчевски: За сајбер-безбедноста соработката помеѓу јавниот и приватен сектор е важна

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се обрати на отворањето на регионалната конференција на тема: „Сајбер безбедност: Соработка и размена на информации“, во организација на АЕК и Канцеларијата на ОБСЕ во Македонија. „Сајбер-безбедноста не е само ИТ-тема. Од тука, за гарантирање на безбедноста соработката е клучна. Во наредниот период особено внимание ќе посветиме и на зајакнување на...

„Вистиномер“: Владата ги надминува ингеренциите околу МРТ и ААВМУ

Владата на Република Македонија, најблаго речено, малку ги надминала ингеренциите што ги има во однос на Јавниот радиодифузен сервиси и Агенцијата за медиуми и на својата 69. Седница oдржана на 23.05.2018 година, донела заклучок да му даде на Собранието негативно мислење околу годишните извештаи за работата на ААВМУ и на Македонската радио телевизија (МРТ) за 2017 година, стои во анализата на „Вистиномер“. Заклучокот...

АЕК и ААВМУ за јавноста сè уште се главно „политички“ тела

Мал е процентот граѓани кои знаат што претставуваат двата регулатора во сферата на медиумите и на електронските комуникации и кои се нивните надлежности. Ова е заклучокот на презентацијата на завршниот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК. Во изминатите 18 месеци, „Евротинк“ во соработка со „НВО Инфоцентар“, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права ја следеше работата на двете...

Манчевски: Ќе работиме да создадеме услови за влез на трет мобилен оператор

Државата ќе ги направи неопходните чекори за влез на трет мобилен оператор на пазарот, со цел граѓаните да добијат поквалитетни услуги за пониски цени, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Тој додаде дека за тоа се потребни законски измени за да се овозможи изнајмување на државната инфраструктура на приватните компании. „Државата не знае што има и потребно е...

ААВМУ мора да се трансформира во вистински независен регулатор

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) мора да стане вистинско независно регулаторно тело за медиумите, со право да носи политики, и без какво било мешање на Собранието на Република Македонија и Владата, порача Дејан Георгиевски, извршен директор на Центарот за развој на медиуми на денешната презентација на петтиот мониторинг извештај за работата на ААВМУ и Агенцијата за...

Пониски цени на роамингот помеѓу Македонија и Бугарија, тема на Дигиталниот самит

Регулаторните тела за електронски комуникации на Македонија и на Бугарија разгледуваат можности за намалување на цените на роаминг на услугите помеѓу двете држави, информираат од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Новини за најавеното намалување на цените во роаминг помеѓу двете држави се очекуваат на претстојниот Дигитален самит, чиј домаќин ќе биде Македонија во април, и на Самитот за Западен Балкан,...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...