fbpx
Таг: адвокати

таг: адвокати

Врховен суд: СЈО не смеело да отвора истраги по рокот од 18 месеци

Специјалното јавно обвинителство не смеело да отвора нови случаи по истекот на „рокот на траење“ од 18 месеци, заклучи Врховниот суд. На денешната општа седница Врховниот суд утврдил вакво начелно правно мислење, по иницијативите на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов. - Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите...

Груевски денеска не се појави на суд, адвокатите бараат изземање на Јанева

Адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски побараа изземање на обвинителката Катица Јанева на денешното продолжение на јавната седница во Апелациониот суд, за жалбата за затворските казни за Груевски и Ѓоко Поповски во предметот „Тенк.“ По ова барање, беше дадена пауза, за Судскиот совет да реши како ќе продолжи седницата. Груевски вчера на прес-конференција најави дека денеска нема...

Апелација на роденденот на Груевски решава за пресудата за „Тенк“

Во Апелациски суд - Скопје за денеска е закажана јавна седница по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата од две години затвор во случајот „Тенк", за набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес". Инаку, на Груевски денеска му е роденден - полни 48 години. Јавна седница требаше да се одржува вчера, но Груевски и неговиот адвокати не дојдоа, бидејќи беа на...

Сите корисници да се запознаат со правните рамки за слободата на изразување на и вон интернет

Постои голема потреба знаењата за правните рамки кои ја регулираат слободата на изразување онлајн, но и офлајн, да се усвојат од правосудните органи, правниците и генерално сите корисници на интернет на кои тие влијаат беше еден од заклучоците на денешната работилница организирана од Фондацијата „Метаморфозис“ во Клубот на новинари во Скопје.  Основа за работилницата беше онлајн-публикацијата „Први чекори во разбирањето...

Одложена расправата за „Титаник“, адвокатите бараат време за увид во доказите

По речиси два часа изнесување на приговори од адвокатите на обвинитетите, пред почетокот на главната расправа за случајот „Титаник“, судијата Осман Шабани го одложи рочиштето за 12 април, за да им даде на бранителите дополнтелно време за увид во доказниот материјал од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Четворица од адвокатите приговорија на листите на доказите доставени со цедињата заедно со обвинителниот...

Адвокатите на Канческа – Милевска ги спорат вештачењата на СЈО, следното рочиште на 13 март

Со приговори на одбраната околу вештачењето на доказите и за надлежноста на Специјалното јавно обвинителство помина првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа - Милевска. Претседателот на судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје, Осман Шабани, го прекина рочиштето и следното го закажа за 13 март, кога ќе треба...

Адвокатите се обидуваат да го спречат објавувањето на новата книга за Трамп

Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп се обидуваат да го спречат објавувањето на новата книга за претседателот на САД, во која тој е претставен како неук човек и милијардер-фалбаџија, јавуваат американските медиуми. Книгата чиј автор е новинарот Мајкл Волф, насловена „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, излегува на 9 јануари. Американскиот претседател вчера соопшти дека ги прекинал сите контакти...

Досега жалби за само осум притворени за 27 април, адвокатите на другите уште не ги примиле решенијата

Адвокатите на поголемиот дел од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година сè уште не ги примиле решенијата на Кривичниот суд во Скопје за продолжување притворот поради што досега не доставиле жалби на одлуките. Инаку, жалбите се поднесуваат преку Кривичниот суд, од каде, по нивното комплетирање се доставуваат во Апелација. Од Кривичен за „Мета“ велат дека досега кај...

По Груевски и Латас, и Талески бара снимање на судењето за „Транспортер“

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и останатите 20 обвинети во случајот „Транспортер“ на денешното рочиште побараа од Кривичниот суд во Скопје визуелно и тонско снимање на главната расправа за овој предмет. Претходно, снимање на рочиштата побара и одбраната на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски и екс министерот за транспорт...

Двочасовна пауза на рочиштето за „Труст“, СЈО не ги нумерирало доказите за одбраната

Примерокот од листата на докази на СЈО за случајот „Труст“ повторно предизвика застој на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, поради што судијката Лидија Зимбовска даде двочасовна пауза. СЈО денеска почна со изведување на доказите, но адвокатите на одбраната реагираа дека во листата што ја добиле од обвинителството, доказите не се нумерирани и не можат да го следат обвинителот...

В понеделник завршни зборови за „Тврдина 2“, СЈО очекува осудителна пресуда

На денешното рочиште заврши доказната постапка за случајот „Тврдина 2“, а судијката Лидија Петровска за понеледник ги закажа завршните зборови на Специјалното јавно обвинителство и на одбраната, по што треба да биде донесена пресудата. На рочиштето денеска се изведени докази, декласифицирани само за судскиот процес, поради што јавноста, односно медиумите беа исклучени од овој дел од расправата, која траеше околу...

„Бомбите“, сепак, ќе се користат како доказ на судењето на Канческа-Милевска за „Тендери“

Апелацискиот суд Скопје ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство, со што прислушуваните разговори ќе можат да се користат во судскиот процес за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Како што потврдиле за „Телевизија 24“ од Апелацискиот суд, ваквата одлука била донесена врз основа и на претходните две одлуки на судот со кои се...

Груевски останува без пасош, одлучил Апелацискиот суд

Апелацискиот суд Скопје ја отфрлил жалбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со која тој бараше да му биде вратен пасошот, потврдила за „Телевизија 24“ судијката Лилјана Ивановска-Шопова, која претседаваше со тричлениот совет на судии што одлучуваше по жалбата на јавна седница. Инаку, Груевски, кој е првообвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, четврти месец е без пасош, кој му беше одземен...

Груевски бара да му го вратат пасошот за да се сретне со Орбан

Со одземениот пасош на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не се попречуваат правата само на едно лице, туку се одземаат правата на стотици илјади лица - членови, гласачи и поддржувачи на најголемата опозициска партија во државата. Ова беше дел од аргументацијата на адвокатите на Груевски на денешната јавна седница во Апелацискиот суд, по повод жалбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Рочиштето за „Сопот“ повторно одложено, следното закажано на 18 октомври

Денешното рочиште од судењето за случајот „Сопот“ беше одложено, а следното судот го закажа за 18 октомври. Денешното рочиште беше одложено на барање на одбраната на десеттемина обвинети поради промена на судиите во кривичниот совет и поради тоа што обвинението за случајот сега го застапува Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, се согласи со барањата на одбраната, но...

Врховниот суд повторно ја одложи јавната седница за „Монструм“

Врховниот суд денеска по четврти пат ја одложи јавната седница за случајот „Монструм“, бидејќи полицијата не можела да донесе едно од осудените лица од затвор. Јавната седница, на која треба да бидат разгледувани и да се одлучува по жалбите на шесттемина осудени на доживотни затворски казни за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, овојпат е презакажана за 3 октомври. Претседателот на Врховниот...

Џафери распиша оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, распиша оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители. Огласот Џафери го распишал вчера, а денеска е објавен во дел од дневните весници, а треба да биде објавен и во „Службен весник“. Како што стои во објавата, станува збор за избор на член на Советот од „редовите на универзитетски професори по право, адвокати...

Притворот на Кочан утре повторно на суд по барање на СЈО

Кривичниот суд во Скопје, односно судија на претходна постапка, утре ќе одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, дознава „Мета“. Од СЈО потврдуваат дека сослушувањето е закажано за утре во 10 часот и на него, како и претходниот пат, ќе присуствуваат обвинител на СЈО и адвокатите на Кочан, кои треба...

Вангеловски: Неделкова е изземена од предметите на СЈО бидејќи син ѝ таму е ангажиран

Врховната судијка Лидија Неделкова била изземена од одлучувањето за предметите на Специјалното јавно обвинителство поради „состојба на блискост“, односно затоа што нејзиниот син бил во некаков работен однос во СЈО, рече претседателот на Врховниот суд, Јово Вангелвоски, на денешниот бирфинг со новинарите. Станува збор за случаите за апсењето на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, во случајот „Титаник“...

Апелација на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Кочан

Апелацискиот суд денеска, во 12 часот, на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на одбраната за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Седницата ќе биде јавна, на барање на Специјалното јавно обвинителство, потврдија оттаму за „Мета“. Завчера од Кривичниот суд информираа дека предметот по жалбата на одбраната на Кочан бил...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...