fbpx
Таг: администрација

таг: администрација

МИОА: Администрацијата брои 128.253 вработени

Во јавниот сектор има 128.253 вработени, официјално потври денеска Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), откако еврокомесарот Јоханес Хан обелодени дека во јавната администрација во земјава работат 185.000 луѓе. Податокот, соопшти МИОА, се однесува на вкупно 1.354 институции, вклучително и на јавните претпријатија. „Со новиот Закон за вработени за јавен сектор, кој стапи на сила во февруари оваа година, Министерството...

Во Белата куќа за прв пат ќе биде вработено трансродно лице

Белата куќа соопшти дека го вработила својот прв трансроден функционер, што е потег кој, според зборовите на американската администрација, потврдува дека Вашингтон вложува напори во борбата против нерамноправноста. Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Рафи Фридмен-Гурспен е именувана за директорка за вработување при Канцеларијата за персонал. Борците за заштита на човековите права наведуваат дека таа е прва отворена трансродна...

Вучиќ даде „зелено светло“, откази ќе добијат 9.000 вработени во администрацијата

Членовите на Владата на Србија се договориле за начинот на кој ќе почнат со рационализација на државната администрација, во рамките на која, од септември ќе почнат отпуштања на 9.000 лица, пишува „Блиц“. По неколку недели прекин, вчера на седницата на Владата било договорено како прецизно ќе изгледа процесот на отпуштање во државната администрација, во здравството, во образованието и во судството. -...

Воената и разузнавачката администрација на САД, цел на хакерски напад

Хакери, за кои постојат сомневања дека се поврзани со Кина, извршиле напад на системите на разузнавачката и на воената администрација на САД и, наводно, дошле до чувствителни информации за повеќе од еден милион вработени, пишува „Вашингтон пост“. Како што пренесува „Би-Би-Си“, информации за големиот хакерски напад се појавиле минатата недела, но официцијални лица на САД сега соопштуваат детали за нов пробив. Постојат...

Веб-страница за вработените во администрацијата

Министерството за информатичко општество и администрација денеска ја промовираше веб-страницата administracija.mk, наменета за сите вработени во јавната и во државната администрација. На веб-страницата се наоѓаат сите законски акти што се однесуваат на администрацијата, каталогот на работни позиции, кој содржи 3.300 работни места, и 12 примероци за систематизација што треба да бидат олеснување за институциите да ја направат сопствената систематизација. Веб-страницата се промовира...

Промоција на „администрација.мк“

Во Министерството за информатичко општество и администрација, денеска ќе биде промовиран веб-порталот „администрација.мк“. Промоцијата доаѓа по неодамнешното добивање можност Македонија во глобалниот интернет-простор да користи кириличен домен, а новиот веб-портал ќе биде претставен од министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

СДСМ: Законот за администрација е неуставен

Тоа на што укажуваше СДСМ, дека владиниот закон за административни службеници противуставно ќе удри со казни по администрацијата, го потврди и Народниот правобранител, рече на денешната прес-конференција Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Власта, во Законот што треба да стапи на сила за еден и пол месец, предвидува и оние вработени кои се веќе во работен однос, да полагаат...

Повисока плата за администрацијата – популизам или успешна политика?

Октомвриската плата за вработените во јавната администрација ќе биде зголемена за четири проценти, а според висината на платата, тоа ќе изнесува од 600 до 1.600 денари повеќе. На пример, ако еден вработен во администрација земал плата од 18.000 денари, со зголемувањето, за октомври, личниот доход ќе му изнесува 18.720 денари или 720 денари повеќе. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, кога ја најави мерката,...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...