fbpx
Таг: администрација

таг: администрација

Заев – Бјорнстад: Норвешка ќе помага во области значајни за евроинтеграцијата

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арни Бјорнстад. На средбата била договорена поддршка од Кралството Норвешка на Македонија во повеќе области значајни за евроатлантските интеграции на земјава. „Станува збор за помош од Норвешка во подобрување на административните и на законските капацитети, во судството, за исполнување на условите од поглавјето 24 од Извештајот на ЕК за Македонија,...

Тевдовски: Обвинувањата за големи задолжувања се манипулација

На третиот ден на расправата за ребалансот на буџетот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта дека со овој буџет ќе има ново задолжување, нема да се заврши ниту еден проект и дека ќе се зголеми буџетскиот дефицит. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, ребалансот на буџетот ги признава успешните политики на претходната влада и здраво поставените економски фундаменти. - На глас...

ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски лаже за бројката од 7.708 лица вработени во администрацијата

Во врска со 7.708 лица кои наводно се вработени во државната администрација во периодот од донесување на одлуката за распишувањето на изборите на 17 октомври лани до денот на формирањето на новата влада на 31 мај годинава, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, лаже на нему својствен и дрзок начин, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Манчевски. Од...

Манчевски: Ќе има детален извештај за новите вработувања во Владата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска изјави дека во текот на оваа недела, Владата ќе соопшти детали за сите нови вработувања, но дека ќе излезе и со извештај за, како што рече, измамата околу вкупниот број на вработени во јавната администрација. - Во текот на оваа недела, многу побргу од предвидениот рок, ќе доставиме детална информација за...

Од 1 септември дел од администрацијата ќе работи во две смени

Ќе се воведе флексибилно работно време на сите вработени во државната управа, а во одредени институции и двосменско работно време, соопшти министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски информирајќи дека таква одлука донела Владата на Република Македонија на денешната седница. Одлуката ќе се применува од 1 септември и оттогаш почетокот на работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30...

Министерство за култура: Во времето на ВМРО-ДПМНЕ трипати се зголемил бројот на вработени

Пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во Министерството за култура биле вработени 51 лице, а во моментов се вработени дури 159 административни службеници, соопштија од Министерството за култура. Притоа, оттаму ги отфрлуваат обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека новиот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, избркал тројца од вработените во министерството. „Не се работи за административни службеници во редовен работен однос туку за...

Во јавниот сектор работат 129.653 лица

Во јавниот сектор во Македонија се вработени вкупно 129.653 лица, покажува најновиот годишен извештај за 2016 година на Министерството за информатичко општество и администрација, кој произлегува од регистарот на вработени во јавниот сектор. При презентацијата на извештајот, министерката за информатичко општество и администрација во заминување, Марта Арсовска-Томовска, изјави дека тој нуди сериозна анализа на обемот и на структурата на вработените според...

Коѕиас на средба со шефот на американската дипломатија, Тилерсон

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, вечерва ќе се сретне со новиот американски државен секретар, Рекс Тилерсон. Клучни теми на посетата се очекува да бидат грчката улога во регионалната безбедност, како и врските на Грција со Турција, кипарското прашање и врските со балканските земји. Пред заминувањето во Вашингтон, за грчката државна информативна агенција АНА, Коѕиас посочи дека се надева овие средби...

Груевски: Македонската влада ќе соработува со новата администрација на Трамп

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод промените што се случуваат на светската политичка сцена и очекувањата, за порталот „Телеграф“ изјави дека „македонската влада ќе биде во тесна комуникација и ќе соработува со новата администрација на Доналд Трамп за остварување на стратегиските цели на државата“. „Наш приоритет останува членството во НАТО и во Европската Унија, при што важна е соработката со нашите...

Се врши притисок врз администрацијата да оди на протест пред ДИК, тврди Кирацовски

„Од повеќе институции во Република Македонија имаме информации дека на вработените им се врши притисок од страна на раководителите, да дојдат пред ДИK и да протестираат за да извршат притисок врз нејзината работата и носењето на одлуки“, се огласи со соопштение, дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски. - Сакаме да ја информираме јавноста дека извршување на партиски и...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да врши притисок и да ги прејудицира одлуките на ДИК

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема да врши никаков притисок врз Државната изборна комисија (ДИК) и ќе остави да се испочитуваат процедурите и комисијата да ја заврши работата во согласност со законите, се вели во соопштението на опозициската партија. Од СДСМ апелираат ВМРО-ДПМНЕ да престане со „злоупотреби на локалната и на државната администрација, со носење на протести и на контрапротести...

„Ние одлучуваме“: Одработувањето на „Денот на дрвото“ не смее да биде ден пред изборите

Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ предупредува дека намерата 10 декември да биде работен ден за администрацијата е влијание на нормалниот тек на предизборниот ден и ангажманот на администрацијата вклучена во изборните органи кои го примаат изборниот материјал на избирачките места. „Одлуката 10 декември да биде работен ден, која е многу веројатно дека ќе биде донесена, е спорна поради можноста за директен...

Трамп назначи милионер и поранешен банкар за секретар за финансии

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го избра милионерот Стивен Мнучин за секретар за финансии во новата администрација. Мнучин 17 години беше партнер во банката „Голдман Сакс“, а во 2002 година основа сопствен фонд и беше главен финансиер на претседателската кампања на Трамп. Трамп, исто така, го именуваше и милионерот Вилбур Рос, познат по спасување пропаднати компании, за секретар за трговија,...

Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со притисоци и со заплашувања

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува со злоупотреба на сите државни и јавни ресурси од раководните кадри на владејачката партија за вршење притисоци, заплашувања, повреда на слободата на определување и поткуп врз вработените за изборни цели, вели дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацоски. Кирацоски го истакна последниот случај од Велес, каде родител на носител на листата за пратеници во...

Граѓанските организации бараат партиите да ги вратат демократските стандарди во државата

Неколку граѓански организации, учесници во иницијативата за итни демократски реформи, ги повикаа партиите што учествуваат на парламентарните избори да ги вратат демократските стандарди и вредности во Македонија. Тие бараат полтичките партии да се посветат на неколку приоритети, како јавни финансии и економија, правосудство, борба против корупција, медиуми, јавна администрација, образование. - Поради нарушена фискална дисциплина, бараме враќање на фискалната транспарентност и отчетност...

Земјоделците треба да ја подобрат технологијата за да ги намалат трошоците

Земјоделците треба да применуваат современи технолошки решенија доколку сакаат да бидат конкуретни на пазарот, беше истакнато на конференцијата „ИКТ во агробизнисот“, што денеска беше отворена во хотелот „Александар палас“. Конференцијата треба да понуди можности за поврзување на ИКТ-секторот со агросекторот за да им се помогне на земјоделците да ги намалат трошоците и да ги зголемат приносите. Министерката за информатичко општество и администрација, Марта...

Кирацовски побара од МВР да ги истражи злоупотребите на администрацијата

Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, денеска на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, му ја предал документацијата за пријавени злоупотреби во институциите за партиско-политички цели во предизборниот период. Како што соопштија денеска од кабинетот на Кирацовски, станува збор за сериозни индиции за сторени кривични дела и очекуваат тие ефикасно да бидат процесирани од МВР. „Денеска, лично до...

Тевдовски: Долгот по жител денес изнесува 2.350 евра

„Загрижувачка е брзината со која актуелната власт го зголемува долгот. Долгот по жител денес изнесува 2.350 евра и тој е трипати поголем во однос на 2008 година кога изнесуваше 750 евра по жител“, изјави претседателот на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ, Драган Тевдовски. Тој додаде дека од 2008 година, актуелната власт ја задолжува Македонија со еден милион...

Величковски: Проблемите не се решаваат со популизам, администрацијата да се намали

„Во моментот немаме претстава колку вработени има во администрацијата. Но, ако се потврди партиската превработеност во администрацијата, нема да има избор. Нема да ја консолидираме државата без консолидација на јавните финансии. Тоа значи промена на принципот и на ефикасноста на субвенционирањето од земјоделството до јавниот превоз. Истото се однесува и на администрацијата. Никој не сака отпуштање, но тоа што...

Заев до јавната администрација: Бидете спокојни, нема да отпуштаме

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во обраќање до вработените во државните институции, им порача да бидат спокојни, оти нема да има отпуштања во администрацијата. Тој истакна дека вработените во државните институции ќе бидат мотивирани да ја извршуваат својата работа, а не казнувани и оценувани како досега. „Ви се обраќам од главниот град, од административниот центар на Републиката да порачам дека...