fbpx
Таг: АбдилаќимАдеми

таг: АбдилаќимАдеми

Отворен нов објект во училиштето за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“

На светскиот ден за лица со оштетен вид се отвори новиот училишен објект за учениците со оштетен вид од државаното училиште „Димитар Влахов“. Објектот е изграден и уреден со донација од европската команда на американската војска, реализирана преку Амбасадата на САД во Скопје. - Новиот објект е со површина од 463 квадратни метри и е донација на европската команда на армијата...

Фатени предизвикувачите на труење во „Арсени Јовков“, Адеми апелира на поголема безбедност

Три лица на возраст од 16 до 20 години се одговорни за прскање со непознат спреј во училница во средното училиште „Арсени Јовков“, по што 13 ученици и еден наставник беа хоспитализирани. Лицата се товарат за предизвикување општа опасност и по целосното заокружување на истрагата, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопшти портпаролот на МВР, Иво Котевски. Според него,...

Адеми: Нема амбиент да се расправа за новиот закон за образование

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, вели дека сè уште нема амбиент да се расправа во Собранието за новиот закон за образование, затоа што политичките партии, имајќи ја предвид актуелната ситуација во земјава, имаат други приоритети. - Ние пред неколку месеци почнавме со консултации и формиравме заеднички групи со УКИМ, со студентскиот и со професорскиот пленум, меѓутоа по неколку...

Адеми: Од септември нов концепт на државна матура

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, најави дека од септември ќе има нов концепт за државна матура и за екстерно тестирање, за што ќе биде направена детаљна анализа и ќе бидат консултирани сите засегнати страни. - За државната матура имаше отпор математиката да биде задолжителна, а од друга страна, имаме подобри резултати од минатата учебна година. Ова ни дава дополнително...

Интернационалата за образование задоволна од компромисот меѓу МОН и СОНК

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и претседателот на СОНК, Јаким Неделков, имаа средба со генералниот секретар на светска федерација на синдикати и организации во областа на образованието - Интернационалата за образование, Фред ван Лејвен, на која сите го искажаа задоволството од постигнатиот компромис меѓу МОН и СОНК. - На средбата дискутиравме за активностите и за проектите во образованието и...

Средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата

„Средношколски пленум“ ќе го стави во мирување бојкотот на наставата и ќе го распушти кампот во паркот на новинари бидејќи, како што велат, временскиот период не дозволува промена на моделот на екстерното тестирање. - Министерството за образование и наука со својот игнорантен однос дозволи колапс на средното образование и дозвили шест недели училишните клупи да бидат празни. Тие, како луѓе...

Средношколците од утре продолжуваат со бојкотот, го повикаа Адеми да ги посети

Средношколците денеска се вратија во училиштата да го ресетираат бројот од 25 дена дозволено отсуство, а од утре повторно продолжуваат со бојкотот на наставата. Тие го повикаа министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги посети и да оствари средба со нив за да постигнат компромис бидејќи, како што велат средношколците, се случуваат настани кои можат да им ја...

Барањата на средношколците ќе се дискутираат на владина седница

Преговорите помеѓу „Средношколски пленум“ и Министерстовото за обрзование и наука ќе продолжат, а барањата на средношколците ќе се разгледаат на денешната седница на Влада. По денешната средба, средношколците велат дека не добиле конкретно ветување, но се оптимисти и веруваат дека ќе наидат на разбирање од Министерството за образование и наука. Тие на средбата ги изложиле своите ставови и барања...

Средбата меѓу „Средношколски пленум“ и МОН заврши без договор

Средбата меѓу претставниците на „Средношколски пленум“ и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, неговиот заменик Спиро Ристовски и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, завршила без постигнат компромис, но со договор преговорите и средбите меѓу засегнатите страни да продолжат. Во меѓувреме, бојкотот на наставата ќе продолжи, а средношколците ноќта ќе ја поминат во шатори пред МОН во паркот...

За шест месеци, ново средно училиште во Сарај

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска ги посети Општина Сарај и објектот на новото средно училиште. - Денеска сме тука со градоначалниците на Град Скопје и на Општина Сарај да извршиме увид во градежните работи на ново средно училиште во оваа општина. Морам да напоменам дека договорот со претходниот изведувач на градежните работи беше раскинат поради непочитување на роковите...

Адеми: Ќе биде разгледано барањето на средношколците

По протестот на средношколците вчера, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, рече дека барањето што тие го доставија до МОН ќе биде разгледано и дека матурантите преку дебата ќе бидат информирани за предностите на полагање државна матура. Тој додаде дека предметот математика во државната матура ќе биде на основно ниво. - Се работи за основно ниво, а не за...

Адеми потпиша Меморандум за соработка со Британскиот совет

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и извршниот директор на Британскиот совет во Македонија, Елеонора Запрова, потпишаа Меморандум за оперативна соработка. „Целта на овој меморандум е да се воспостави соработка помеѓу Британскиот совет во Македонија и Министерството за образование и наука, за да се обезбедат консултантски услги за спроведување подготвителни активности за проектот „Имплементација на легислативата за заемно признавање...

Адеми: Наша цел е да го подобриме статусот на наставниците

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на дебатата „Предизвиците на албанското образование“, која се одржа по повод 7 Март, Денот на учителот. Во своето обраќање, Адеми посебно се осврна на значајната улога што ја имаат наставниците во текот на едукацијата на учениците. - Секое време носи свои предизвици. Со академијата за наставници, ќе се направат огромни чекори кон...

Министерот Адеми ги додели наградите „Лидер“

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска ги додели наградите од натпреварот „Лидер“ за најдобар ученик во струката. Натпреварот го организираа Министерството за образование и наука и Центарот за средно стручно образование. - Можам да кажам дека сум задоволен од интересот на учениците и на наставниците за учество на натпреварот, кој ќе биде традиционален, односно ќе се одржува секоја...

СДСМ во Центар ќе бара разрешување на директорката на основното училиште „11 Октомври“

Советничката група на СДСМ и на коалицијата, денеска во Советот на Општина Центар ќе предложи заклучок за разрешување на директорката на основното училиште „11 Октомври“, која, според советничката група на социјалдемократите, била незаконски поставена на функцијата. - До градоначалникот беше доставен предлог за избор на директор од двајца кандидати за коишто членовите на училишниот одбор гласале двапати, а дозволено е...

Адеми: Ќе бидат прифатени предлози во вид на амандмани од пратеничките групи

До крај ќе се залагам за да се стави крај на негативните појави во образованието затоа што наша одговорност е да обезбедиме квалитетно образование за здраво општество и за европска визија на нашата држава. Се надевам дека за ова ќе имам подршка и од вас, академската заедница, истакна министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на јавната дебата што се...

„Студентски пленум“: Министрe, го слушнавте ли гласот на 10.000 студенти?

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ си заминаа по два часа чекање пред Министерството за образование, каде зад затворени врати министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и заменик-министерот, Спиро Ристовски, имаа работна средба со деканите на педагошките факултети. Средбата беше префрлена во последен момент, па наместо најавената јавна дебата по повод предложените предлог-закони која беше првично закажана на Педагошкиот...

МОН доделува стипендии за 2.905 студенти

Министерството за образование и наука за академската 2014/2015 година ќе додели вкупно 2.905 стипендии кои се поделени во три групи. Студентите треба да ги поднесат документите во Министерството за образование и наука од 15 до 30 декември, а резултатите ќе бидат објавени на порталот stipendii.gov.mk на 3 фебруари следната година. - Право да добијат стипендија имаат редовните студенти на јавните...

Студентите му закажаа на Адеми

Студентите сакаат да се сретнат со Министерот за образование и наука во петок во 12 часот
Претставници на неформалната студентска организација „Студентски пленум“ го поканија министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на средба, на која преку директна комуникација би го изложиле нивниот став во однос на предложената реформа. „Би сакале да ја оствариме таа средба со Вас на 28 ноември 2014 година (петок) во 12 часот, на која би присуствувале следниве претставници на „Студентски пленум“: Владимир Делов,...

Адеми за „Алсат-М“: Студирав осум години, од кои пет беа ефективни

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на гостувањето во емисијата 360 степени на Алсат М телевизија
Во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат-М“, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, го појасни недоразбирањето што настана околу терминологијата за завршните испити кои студентите треба да ги полагаат во втора и во четврта година. Премиерот Никола Груевски рече дека она што се разгледува не е екстерно туку државен испит, а зборот „државен испит“ во „есктерно“ го сменила опозицијата. – Ние од...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...