fbpx
Таг: 8Септември

таг: 8Септември

Повици до Иванов да му го одземе орденот на Орбан

Корисниците на социјалните мрежи денеска индивидуално пишуваа статуси со кои го повикуваат претседателот Ѓорге Иванов да му го одземе орденот „8 Септември“ на унгарскиот претседател Виктор Орбан, поради насилството врз мигрантите и новинарите на српско-унгарската граница. Од кабинетот на Иванов ни соопштија дека засега немаат информација дали се размислува во таа насока. И дневниот весник „Вест“ во утрешниот број, на насловната...

САД: Остануваме посветени да ѝ помогнеме на Македонија

Државниот секретар на САД, Џон Кери, во име на претседателот Барак Обама и на САД, на граѓаните во Македонија им го честита Денот на независноста. „САД се горди што се пријател и партнер на Македонија. Остануваме посветени да ѝ помогнеме на Македонија да продолжи на патот кон евроатланската интеграција со зајакнување на владеењето на правото, промовирање на слободата на медиумите...

Заев: Идната година во вистинска слобода да го дочекаме Денот на независноста

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од партиска делегација, Денот на независноста го прослави со граѓаните во месноста Три Круши. Заев, на присутните им кажа дека делегацијата го посетила гробот на Киро Глигоров и својот говор го почна цитирајќи го првиот македонски претседател со говорот што го одржа на денот кога беше прогласена независноста. Претседателот на опозицијата кажа пред граѓаните...

Груевски: Од 8 Септември 1991 година сме свои на своето

„Од 8 Септември 1991 година сме свои на своето, сите теории дека Македонија е привремена држава паднаа во вода“. Ова денеска го кажа премиерот Никола Груевски, во своето обраќање во Македонскиот народен театар по повод Денот на независноста. - Сега, главниот предизвик е како подобро да се уреди животот и функционирањето на нашата држава, во рамките на демократските принципи, и...

Политичарите и граѓаните различно си го честитаа Денот на независноста

Положување цвеќе, ветувања за уште подобра иднина, патриотизам и гордост да се биде Македонец. Со вакви зборови беа исполнети честитките на политичарите кои денеска ги упатија кон граѓаните по повод 8 Септември - Денот на независноста. Едни зборуваат за тоа како придонеле за подобра иднина на Македонците по 24 години независност, други, пак, за тоа како ќе го подобрат животот...

Лазар Лечиќ е добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело

Лазар Лечиќ е годинешниот добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело. Другите добитници се алпинистот Здравко Дејановиќ, Димче Кичевски, доајен во карате, кој е одликуван постхумно, Руждија Калач, успешен боксер, тренер и селектор, како и Љупчо Стојчевски, тренер, селектор и меѓународен судија во кик-бокс. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Маријан Спасоски, на доделувањето на високото државно признание во...

Вељаноски: Да оставиме да нè оценуваат генерациите што доаѓаат

„Референдумот од 8 септември 1991 година е нашата најголема современа победа, а изразената волја на граѓаните претставува заокружување на стремежите, принципите и на сонувањата на генерациите од двата Илиндена. Денес, поради нас самите и евроинтегративните процеси, продолжуваме со реформите“, рече претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на свечениот прием во пресрет на празникот 8 Септември, Денот на независноста на Република...

Вељаноски ќе одржи прием по повод Денот на независноста

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, вечерва, по повод Денот на независноста, ќе приреди свечен прием. На приемот е поканет државниот врв, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието, дипломатскиот кор, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и на економскиот живот. Приемот ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието.

Вторник, 8 септември, неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 8 септември 2015 година (вторник), Денот на независноста, е неработен ден за граѓаните на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на независноста.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...