fbpx
Таг: 27 април

таг: 27 април

Адвокатите на Дурловски сметаат дека и куќниот притвор е престрога мерка

На денешното рочиште во Апелацискиот суд, адвокатите на оперскиот пејач Игор Дурловски, побараа укинување на притворот и негова замена со куќен притвор или друга поблага алтернативна мерка за неговото учество во насилството во Собранието на 27 април минатата година. Неговиот бранител Ставре Џиков наведе дека, „со укинувањето на притворот ќе се постигне правичност“. Тој истакна дека со притворот не само...

Судењето на напаѓачите на Села во Собранието закажано за 26 јануари

На 26 јанаури Кривичниот суд го закажа почетокот на судењето на напаѓачите на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кои се товарат за обид за убиство. Села беше еден од најтешко повредените за време на насилствата во Собранието од 27 април. Судењето, како што јавува „Телевизија 24“ ќе го води судијката Славица Андреевска. За обидот за убиство на Села се обвинети...

Апелација денеска ќе одржи јавни седници за жалбите на притворените за 27 април

Апелацискиот суд за денеска ги закажа јавните сендици на кои ќе се разгледуваат жалбите на дел од притворените за насилствата во Собранието од 27, април, минатата година. Првата седница, како што информираат од Апелација, е закажана во 14 часот, откако второстепениот суд вчера ги добил одговорите на жалбите од Вишото јавно обвинителство. Јавни седници за разгледување на жалбите побараа актерот Владо...

Мицкоски: Подготвуваме закон за амнестија за притворените за 27 април

Новиот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во интервју за јавниот сервис - МТВ - најави дека партијата подготвува закон за амнестија за притворените за насилствата во Собранието од 27 април минатата година, кој ќе го поднесе во Собранието. - Во моментов има една сериозна дебата во партијата како да дејствуваме како пратеничка група, институционално и вониституционално. Пратеничката група предвидува неколку чекори...

Владо Јовановски и уште тројца од 27 април бараат јавни седници за жалбите за притворите

Актерот Владо Јовановски, поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски, Оливер Поповски од шестата управа и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање побарале Апелацискиот суд на јавна седница да ги разгледува нивните жалби за продолжувањето на притворот. Од Апелација потврдија дека кај нив стигнале осумте жалби и дека се испратени на одговор во Вишото јавно обвинителство и откако...

Распишана потерница преку Интерпол за петмина осомничени за 27 април

Министерството за внатрешни работи преку канцеларијата на Интерпол во земјава, распиша меѓународна потерница за петмина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, кои се во бегство. Станува збор за Никола Митревски - Кољо, Александар Василевски - Нинџа, Младен Додевски, Дејан Давидовски и Митре Питроповски, кои досега се бараа само со домашна потерница. Сите петмина, Основното јавно обвинителство за...

Досега жалби за само осум притворени за 27 април, адвокатите на другите уште не ги примиле решенијата

Адвокатите на поголемиот дел од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година сè уште не ги примиле решенијата на Кривичниот суд во Скопје за продолжување притворот поради што досега не доставиле жалби на одлуките. Инаку, жалбите се поднесуваат преку Кривичниот суд, од каде, по нивното комплетирање се доставуваат во Апелација. Од Кривичен за „Мета“ велат дека досега кај...

Апелација досега не добила ниту една жалба за продолжениот притвор на осомничените за 27 април

Во Апелацискиот суд Скопје сè уште не пристигнала ниту една жалба на одбраната за продолжувањето на притворот на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, велат за „Мета“ од судот. - Досега ниту жалба не е пристигната. Кога ќе пристигнат, ќе видиме колку се и ќе ги разгледаме предметите- ни изјави судијата на Апелацискиот суд Скопје, Сафет...

ВМРО-ДПМНЕ бара судот да ги ослободи притворените за 27 април

Десетици неосновано притворени граѓани наместо со своите семејства новата година ја поминаа во ладни ќелии, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и реагираат на продолжениот притвор на осомничени за насилствата во Собранието од 27 април. Од партијата велат дека притворените се „жртви на политички прогон, кои ја чувствуваат инквизицијата на 21 век на сопствена кожа“. „Притворените граѓани се лишени од загарантираните човекови права,...

„Тврдокорни“ ќе ја дочекаат Новата година пред затворот во Шуто Оризари

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ соопшти дека вечерва ќе организира дочек на Новата година пред истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, како поддршка за притворените за насилствата во Собранието од 27 април. „Новогодишната ноќ пред истражниот затвор 'Шутка' ќе биде во знак на поддршка на притворените уставобранители“, се вели во соопштеноето од здружението „Тврдокорни“. Кривичниот суд во Скопје на 27...

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите не смеат да бидат алатка за политички прогон

Не постои никаква правна аргументација уметници, оперски пејачи, актери, режисери, архитекти, доктори, полициски службеници, пратеници и останатите неправедно обвинети за тероризам да се држат во притвор, се вели во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која реагира на продолжувањето на притворот на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април. „Тие се целосно невини и секоја поинаква одлука од страна...

Мемети: Полицијата го прекршила правото на имунитет при приведувањето на пратениците

Полицијата го повредила правото на пратeнички имунитет и начелото на презумпција на невиност при приведувањето на тројцата пратеници на 28 ноември, годинава, како дел од 36-мината осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, констатирал Народниот правобранител. Според Омбудсманот, полицијата во случајов не го почитувала Правилникот за начин и вршење на полициски работи. На денешниот брифинг со новинарите, народниот правобранител Иџет...

Продолжен притворот на пратениците и на Чавков, Илиевски, Дамовски, Дурловски…

Кривичниот суд во Скопје денеска им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во...

Судот денеска или утре ќе одлучува за притворот на осомничените од 27 април

Кривичниот суд од Скопје денеска, а најдоцна утре треба да одлучи по барањето на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за продолжување на притворите на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чаквов, Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и уште петнаесетина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април оваа...

ОЈО побарало продолжување на притворот на Чавков, Илиевски, Дамовски, Дурловски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побарало од Кривичниот суд да им ја продолжи мерката притвор на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април. „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави во надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје предлог за продолжување на изречената мерка притвор за лицата осомничени во предметот за...

Судот им одреди притвор на четворицата осомничени за 27 април кои се во бегство

Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 им одредил мерка притвор на четворица осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година, кои се во бегство и против нив треба да биде распишана потерница, соопшти судот. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по добиено известување од надлежните органи дека лицата А.В., Н.М.,...

ВМРО-ДПМНЕ една вечер ќе протестира пред Министерство за правда, друга пред „Шутка“

Од утре ВМРО-ДПМНЕ ќе ја менува рутата и локацијата на протестите против притворањето на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои се и шестмина пратеници на опозициската партија. Ова на вечерашниот протест пред Министерството за правда во најави Александар Николовски, кој во своето обраќање пред насобраните граѓани рече дека од утре па натаму една вечер протести ќе...

Василевски останува во „Шутка“, а Димовски во домашен притвор – судот им ги одби жалбите

Пратениците во Собранието, Сашо Василевски и Љупчо Димовски остануваат во притвор, односно во куќен притвор откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска им ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка. Василевски и Димовски се дел од шестмината пратеници осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година. „Постапувајќи по жалби изјавени против решенија...

Притворен припадник на собраниското обезбедување поради 27 април

Кривичниот суд во Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена на припадник на обезбедувањето на Собранието, кој е дел од осомничените за насилствата од 27 април, оваа година. Како што пренесуваат медиумите станува збор за Абдулфетах Алими, кој се товари за непостапување во службата, односно е осомничен дека ги дал клучевите од вратите на Собранието. Тој денеска сам се пријавил...

ВМРО-ДПМНЕ без најава за блокирање на раскрсници, ќе протестира пред Министерството за правда

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска нема најавено блокирање на раскрсници во Скопје, а протестот против притворањето на триесетина лица поради насилствата во Собранието од 27 април е закажан во 18 часот пред Министерството за правда. Од партијата велат дека „Македонија е земја на политички затвореници, со монтирани обвиненија за тероризам“ и нагласуваат дека остануваат на улиците „се додека хунтата ги гази...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...