fbpx
Таг: 24 април

таг: 24 април

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ ништо не е свето, ниту празници, ниту државни интереси

СДСМ покажува дека за него нема ништо свето, ниту празници, ниту национални и државни интереси, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на утринското соопштение на СДСМ. Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека тоа е очекувано од партијата која, како што велат, се однароди и се врза со нарко-мафијашкото подземје. „Народот јасно им порача дека нивното дилетантско политикантство не поминува. Народот јасно...

Тодоров: До овој момент одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е да има избори на 24 април

До овој момент одлуката на извршниот и на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е да има избори на 24 април, истакна Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во попладневните вести на телевизија „Сител“. - ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, со висок степен на демократија, внатрешна демократија, во органите и во телата на партијата. Во овој момент одлуката на извршниот комитет на...

Груевски ги повика функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да не ги заплашуваат гласачите

Ги повикувам и ги охрабрувам сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ да не помислат на вршење притисок или заплашување на гласачите, а и ги охрабрувам да испратат писмени упатства до нивните институции во иста насока, изјави претседателот на владејачката партија, Никола Груевски, во интервју за порталот „Телеграф“. - Сакам да ве потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ го смени изборниот законик при што воведе големи...

Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за распуштање на Собранието

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на пратеникот Павле Трајанов и на претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров, за неуставното распуштање на Собранието со одложена примена и се прогласи за ненадлежен да одлучува за распуштање на парламентот. Инаку, утринава на расправата на Уставниот суд по оваа иницијатива, судијата Наташа Габер, која е подготвувач на извештајот, кажа дека ваквата одлука на...

Димитриев: Датумот за избори е дел од Договорот од Пржино

„Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од Договорот од Пржино. Засега не гледам ниту една причина тој датум, односно закон да биде дискутабилен“, истакна денеска премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, во Владата, одговарајќи на новинарско прашање. - Сметам дека треба да се држиме до она што веќе...

„Мост“: Нема услови за фер избори на 24 април

Нема услови за одржување на фер избори на 24 април годинава, изјави денеска на прес-конференција претседателот на граѓанската асоцијација „Мост“, Дарко Алексов на која беше презентиран извештајот од набљудувањето на предизборниот период од 1 ноември до 31 декември минатата година. - Ако во јануари задоцнувањето со процесот за прочистување на избирачкиот список беше 50 дена, сега тоа задоцнување на 87 дена....

Ахмети по средбата со Бејли: Избори мора да има на 24 април за да се стави крај на кризата

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во седиштето на ДУИ во Тетово го пречека амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли. Ахмети и Бејли разговарале за актуелната политичка криза во земјата, спроведувањето на Договорот од Пржино, како и за вонредните парламентарни избори. Претседателот на ДУИ зборувал за важноста на одржувањето на веродостојни и демократски избори на...

Ахмети: Не поддржуваме нови договори, избори ќе има на 24 април

ДУИ не поддржува ниту нови, ниту рекомпонирани договори и стои на тоа изборите да се одржат на 24 април, изјави синоќа на средба со граѓаните во Дебар, Али Ахмети. Доколку тоа се случи, рече Ахмети, ДУИ ќе излезе со своја платформа и ќе остане доследна на договорот постигнат во јуни, односно јули. - Право е на секој да поставува вето, да...

Али Ахмети: Изборите мора да се одржат на 24 април

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека изборите треба да се одржат на 24 април затоа што мора да се почитува договореното, на кое потпис ставиле и домашните и странските преставници. - Сите се прашуваа дали да се одржат или да не се одржат избори на 24 април. Но, јас ќе ви кажам дека за 24 април е разговарано и...

Вељаноски: Ако партиите се договорат, можно е одложување на изборите

Кога четворицата лидери го ставиле потписот на Договорот во Пржино, веројатно имале предвид дека 24 април е изводлив датум за одржување предвремени избори, вели претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, за „Гласот на Америка“. Запрашан дали е можно одложување на изборите на 24 април, под кое било сценарио, тој додава дека сè е можно ако се договори. - Но, не е...

Ден на политички инфаркти, преврати и искушенија: Ќе има ли избори, кога и со кого?

Денешниот ден беше полн со политички пресврти. Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска речиси ненадејно, донесе одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, во согласност со Договорот од Пржино. „Одлуката на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдува дека Никола Груевски се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори“, реагираат од СДСМ на одлуката на ИК на...

СДСМ: Груевски се плаши од фер и демократски избори

Одлуката на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдува дека Никола Груевски се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори, реагираат од СДСМ на одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ изборите да се одржат на 24 април. „Груевски не сака прочистен избирачки список за да може да манипулира со фиктивни гласачи. Никола Груевски не сака слободни медиуми затоа што...

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучил изборите да се одржат на 24 април

Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ донел одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, во согласност со договорот од Пржино, јавуваат провладините медиуми. Денеска во 14.30 часот, во Порта Македонија, пак, закажана е средба на политичките партии од кoалицијата „За подобра Македонија“.

Чичаковски: Темелна проверка на избирачкиот список не е можна до 24 април

Избори на 24 април технички може да се спроведат, но не и темелна проверка на избирачкиот список. Ова го пишува во изјавата која претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски им ја подели на политичките партии кои во Клубот на пратеници разговараат за изборниот процес. „На прашањето дали избори на 24 април може да се спроведат, мојот одговор е дека...

Одложување на изборите бараат и од Партијата на пензионерите

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) смета дека не се реализирани најзначајните обврски договорени помеѓу партиите што го потпишаа Договорот од Пржино, а кои требаше да обезбедат и да гарантираат фер, демократски и кредибилни избори. - ПОПГМ не го крие своето разочарување од себичноста и од негрижата за иднината на Република Македонија од партиите на власт. Истите,...

СДСМ сака да разговара за одложување на изборите, ама нема со кого

СДСМ сака да разговара за тоа до каде е имплементацијата на Договорот од Пржино и дали има простор изборите да се одложат за извесно време, но нема со кого да разговара, тврдат извори од опозициската партија за „Мета“. - Ние сакаме да зборуваме за тоа што досега е реализирано од Договорот од Пржино и дали можеби се создадени услови за пролонгирање...

ОБСЕ/ОДИХР изборите на 24 април ќе ги следи со 300 набљудувачи

Предвремените парламентарни избори закажани за 24 април 2016 година ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи со 300 набљудувачи, стои во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР објавен на 27 ноември. Во извештајот се наведени наодите од скенирањето на актуелната политичка состојба во земјата и процените за потребите на мисијата при следењето на изборите, спроведено во периодот меѓу 2 и 5 ноември. Поради „тензичната и фрагилна политичка...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...