fbpx
Таг: 11 октомври

таг: 11 октомври

Ковачевски: Антиевропската агенда е антимакедонска

„Сиот прогрес што е направен до денес - е одраз на нашиот непокор и слободата на избор“, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето во чест на 11 Октомври – Ден на народното востание. Како што соопшти Владата, Ковачевски посочил оти „На ова македонско парче земја никогаш не се бегало - ни од пламен, ни од окупатори, ни од одлуки. Со...

Пендаровски по повод 11 Октомври: Носители на НОБ беа младите

Денот на народното востание - 11 Октомври го честиташе и претседателот Стево Пендаровски, потенцирајќи дека носители на Народноослободителната борба беа младите луѓе. „Слободата и правдата се идеали што ја придвижуваат човековата историја. Понесени од овие идеали, на 11 октомври 1941 година, 16 млади борци од прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ ги нападнаа симболите на фашистичката окупаторска власт и го означија...

Како Ковачевски и Мицкоски го честитаа 11 Октомври – Денот на народното востание

И премиерот и претседател на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски, и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го честитаа големиот државен празник, 11 Октомври - Денот на народното востание кога македонскиот народ се кренал на вооружено антифашистичко востание во 1941 година. Иако навидум двете честитки се многу слични, во нив може да се забележат драстични разлики. Така, премиерот Ковачевски на неколку наврати...

Автобусите во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата ќе работи вообичаено

Во текот на утрешниот ден, кога во земјава се одбележува државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Ќе има две дежурни билетарници, кои ќе работат од 8 до 14 часот: таа на Транспортен Центар (на излез) и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичаицата ќе работи вообичаено од 10...

Културен настан во Тетово во чест на уметникот Павле Кузмановски

Доделувањето на највисоката национална награда за животно дело „11 Октомври“ на академскиот сликар Павле Кузмановски, беше одбележано со културен настан во негова чест во Тетово. Организаторот на настанот, Даријан Сотировски со кратко обраќање му се заблагодари на Кузмановски за неговата дејност и дело поканувајќи го да одржи говор. „Како млад човек во ова општество сведочам за човек со силно изразена морална...

Доделена наградата за животно дело – „11 Октомври“

Празнувањето на еден од најзначајните национални празници за македонскиот народ и оваа година беше одбележано со традиционалното доделување на високите награди за животно дело. На вчерашниот ден во Собранието на Република Северна Македонија се одржа церемонијално врачување на призанијата од страна на член на Одборот, Атанас Костовски. Академскиот уметник Павле Кузмановски, актерката Бедиа Беговска, професорот д-р Атанас Вангелов и политикологот Махи...

Пендаровски: Ако не бевме дел од антифашистичката коалиција денес немаше да имаме своја држава

„Можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава. Само како дел од неа, можевме да дојдеме до своја и сопствена држав“, рече претседателот Стево Пендаровски на Могилата на непобедените во Прилеп, на одбележувањето на 80-годинината од 11 Октомври – Денот на народното востание, почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето...

Заев со честитка за 11-ти Октомври: Се сеќаваме и им се поклонуваме на сите оние кои никогаш не се запрашаа за цената на слободата

„Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато. Денеска се сеќаваме и им се поклонуваме на сите оние кои никогаш не се запрашаа за цената на слободата, правдата и социјалната еднаквост. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври –...

Започна свеченоста по повод јубилејот 80 години од Денот на народното востание – 11 Октомври (Во живо)

Продолжуваат свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание и во чест на 80 годишнината од овој настан. Денеска во Прилеп, делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство, ќе положат венци свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу, и на спомен...

Денеска и утре се чествува 80 годишниот јубилеј, Денот на народното востание-11 Октомври

Република Северна Македонија денеска и утре го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. Програмските содржини од централната манифестација, во организација на Владата и Општина Прилеп започнуваат денеска со свечен почеток на...

Заев: Нашето место во ОН е потврда за македонскиот јазик и македонскиот идентитет (Видео)

Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и со сите постулати на државност, нашето место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности и настани. Во европските институции во Брисел и во Стразбур. Одбележувањето на ваквите денови...

Димитров: Ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, нема да ја заслужи придавка „европска“

Ако Европската Унија (ЕУ) дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка тогаш нема да ја заслужи во своето име „европска“, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров од Прилеп, каде ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание. - Една работа ќе кажам. Мислам дека е неевропски предизвик македонскиот јазик да стане...

Џафери: Поделбите никому не носат добро, само сплотеноста води кон прогрес

Лекциите од минатото треба да се научат и да се запомнат, за никогаш повеќе да не се повторат затоа што поделбите никому не носат ништо добро и во овој свет само сплотеноста носи кон прогрес, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери, во својата честитка до граѓаните за 11 Октомври. „Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, дозволете ми да Ви го...

Пендаровски: Кога фашизмот изгледаше застрашувачки, македонските граѓани имаа храброст да се соочат со тоа зло

Карактерот на еден народ се цени според неговото однесување во пресвртни историски периоди. За време на Втората светска војна, кога поголемиот дел од Европа беше окупиран, а милиони луѓе беа обесправени, фашизмот, на врвот на својата моќ, изгледаше застрашувачки. Токму во тие мрачни времиња, македонските граѓани имаа храброст да се соочат со најголемото зло на 20-от век, порача претседателот...

Децата од домот „11 Октомври“ до средината на месецов ќе преминат во групни домови

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека до средината на јануари целосно ќе се трансформира Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. „Дел од децата веќе се сместени во два групни дома во Скопје, а до крајот на неделата дел од децата ќе се згрижат во мал групен дом во Штип. Последната група деца се очекува Домот...

Четврток, 11 октомври, неработен ден за сите граѓани

Денот на народното востание 11 Октомври (четврток) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. МТСП им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.

Груевски: Нашата борба е за просперитетна Македонија, интегрирана во НАТО и во ЕУ

Денот на народното востание ја демонстрираше желбата на македонскиот народ за слобода и за сопствена држава, а нашата борба е борба за економски просперитетна Македонија, целосно интегрирана во НАТО и во ЕУ, каде и природно припаѓа, се вели во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание. „11 Октомври е повеќе од...

Непобедени се сите оние кои се бореле за слобода, порача Шекеринска од Прилеп

Непобедени се сите оние кои се бореле за слобода и како резултат на нивната борба пред многу години, денес Македонија е независна и суверена држава, но секоја генерација има своја борба, изјави за медиумите вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, во рамките на денешната свеченост во Прилеп по повод 11 Октомври - Денот на народното востание. Шекеринска ја предводеше...

Заев: На идните генерации треба да им дадеме причини за да го слават нашиот патриотизам

Нашиот патриотизам идните генерации ќе го слават само ако им дадеме повеќе причини за тоа, истакна премиерот Зоран Заев во својот говор на централниот настан од одбележувањето на 11 Октомври - Денот на народното востание, кој се одржа пред Споменикот на ослободителите на Скопје, во дворот на Владата. - Празнувањето на големите датуми и оддавањето чест на сите наши претходници...

Иванов: Да останеме верни на македонската традиција на соживот

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври – Денот на антифашистичкото востание, упати честитка до граѓаните на Македонија, во која истакнува дека пред точно 76 години, Македонија го избра патот на борба против најголемите зла во историјата на човештвото – фашизмот и нацизмот. „Во оваа борба, народот на Македонија се препороди и се почувствува слободен да си ја...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...