fbpx
Таг: 1 мај

таг: 1 мај

ЦИВИЛ: Неприфатлива е политичката злоупотреба на работничките права

Овој ден е посветен на работничкиот протест и на гласните барања да се подобрат условите за работа и почитувањето на достоинството и правата на работничките и работниците, порача ЦИВИЛ – Центарот за слобода, во соопштението по повод Денот на работниците. Од таму велат дека синдикатите, граѓанските организации и политичките партии имаат обврска да покажат далеку повеќе искреност и посветеност во...

Првомајски протест на ССМ: Товарот на кризата да го понесат сите, а не само работниците

Линеарно зголемување на платите, нов статус за работниците преку колективни договори и повлекување на претставката поднесена пред Уставен суд за укинување на недела како неработен ден, се дел од барањата што Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги упати на денешниот протест. Под паролата „Сѐ да застане за работникот да опстане“ првомајскиот протест започна во 12:30 часот пред ССМ, од...

ССНМ: Работничките права се предуслов за професионално новинарство

Само солидаризирани во борбата, новинарите и медиумските работници можат да се изборат за своите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо, порача Павле Беловски, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во видео-обраќање по повод 1 мај, Меѓународниот ден на трудот. „Ако во земјава постоеја само десетмина новинари, седуммина ќе земаа потпросечна плата, четворица немаше...

Десетици илјади лица останаа без работа во ковид-кризата, најголемиот товар падна на грбот на сиромашните

Најголемиот товар на ковид-кризата, повторно падна на грбот на сиромашните, додека богатите продолжија да се богатат од трудот и маката на работничките и работниците, се вели во Првомајскиот проглас од повелбата на синдикати и здруженија. „Во Македонија, десетици илјади лица останаа без работа за време на кризата. Многу повеќе останаа без примања, додека богатите го дуплираа својот капитал, заштитени од мерките...

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места

Премиерот Зоран Заев со видео обраќање го честиташе Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај. Во обраќањето, Заев наведува дека освен здравјето на луѓето, кризата се заканила да загрози илјадници работни места и затоа, на прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на пандемијата бил македонскиот работник. „Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места, за илјадници...

Владата, синдикатите и работодавачите порачуваат дека зачувувањето на работните места останува приоритет

Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот (1 Мај), Економско социјалниот совет (ЕСС) одржа свечена седница. Заедничките пораки на претставниците на Владата, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и на Организацијата на работодавачите (ОРМ) се дека поддршката на работниците и зачувувањето на работните места останува во фокусот на нивните ангажмани, што се потврди во сите досегашни мерки и програми...

Хелсишки: Продолжуваме активно со заштитата на работничките права

Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе продолжи да ја следи состојбата со работничките права во државата и во секое време конструктивно ќе се вклучи во сите процеси за да се обезбеди почитување на трудот, стои во нивната порака по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај. Се потсетува дека по последните 6 месеци се регистрирани 214 пријави кои опфатија повеќе...

Честитка од Владата по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

„Оваа година Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, празникот на работничките и работниците, го славиме во вонредна состојба заради последиците што ги донесе економско-здравствената криза од корона вирусот. Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места и затоа Владата го стави здравјето на сите граѓани на врвно место во борбата за справување со пандемијата...

Градските автобуси во Скопје за празниците со неделен возен ред

Во текот на претстојните Велигденски празници и в среда, 1 Мај, Ден на трудот, автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Овој возен ред ќе се применува од петок до понеделник, а исто така и в среда, со исклучок на петок, кога одредени линии ќе сообраќаат по делничен возен ред. Тоа се линиите 11,...

СДСМ и ЛДП го честитаат 1 Мај: Сплотени обезбедуваме економски и социјално стабилни граѓани

Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај го честитаа и Зоран Заев, во свое име и во име на СДСМ, како и ЛДП. „Бидете горди на нашата заедничка борба за правда, за квалитетен живот, за достоинствени работни места, за пристојни плати и пензии, за напредна Македонија. Овој 1 мај 2017 година е ден на нашата истрајност и верба во живот...

Протест за работничките права во 12 часот на плоштадот кај „Ибни Пајко“ и во Кавадарци

Здруженијата што ги штитат работничките права за денеска, 1 Мај – Денот на трудот, во 12 часот, најавија голем синдикален протест на кој ќе ги истакнат нивните барања кои треба итно да бидат прифатени од страна на надлежните власти. Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права до работничките, работниците и до сите граѓанки...

Синдикален протест утре во 12 часот

Синдикатите и здруженијата што ги штитат работничките права за утре, 1 Мај - Денот на трудот, во 12 часот, најавија голем синдикален протест на кој ќе ги истакнат нивните барања кои треба итно да бидат прифатени од страна на надлежните власти. Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права до работничките, работниците и до...

Во Охрид за празникот најбројни ќе бидат туристите од Турција и од Западна Европа

Велигденската атмосфера во Охрид, како што најавуваат хотелиерите, ќе се повтори и за претстојниот продолжен првомајски празничен викенд. Освен домашните туристи, се очекуваат туристи од Германија, Шведска, Хрватска, Норвешка. Менаџерскиот тим на хотелот „Миленум палас“ информира за голем интерес кај туристите од Турција, што е новина на туристичкиот пазар. – Капацитетите за 2 мај се максимално исполнети, немаме ни едно празно место...

ССМ: Кампања за организирање и за мобилизирање ново членство

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со кампања за организирање и за мобилизирање ново членство. Кампањата ќе се реализира во текот на целата година, а ќе биде фокусирана и на зачленување во синдикатите на неорганизираните работници, давање институционална можност за остварување колективна заштита и обезбедување социјална правда, социјална инклузија, солидарност и колективно обезбедени...

1 и 2 мај се неработни денови

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 1 мај (недела), Денот на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Исто така, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија и 2 мај 2016 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден...

Град Скопје апелира да не се пали оган и да не се остава смет за 1 Мај

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ апелираат до граѓаните кои планираат претстојниот празник 1 Мај и деновите од продолжениот викенд да ги поминат во природа, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад. Тоа особено се однесува на граѓаните кои ќе ги посетат парк-шумата Водно, Паркот на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...