fbpx
Таг: Русија

таг: Русија

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок. Правната основа за мерките е сериозно кршење на човековите права. Според извештајот, министрите за надворешни работи на земјите-членки на состанокот во Брисел се договориле да воведар санкции против претставници на...

Путин: Навални требаше да биде ослободен во размена на затвореници договорена со Западот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ја поддржувал идејата за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални при размена на затвореници, пред тој да биде пронајден мртов. „Се случува. Нема ништо што можете да направите. Тоа е живот“, бил првиот коментар на Путин во врска со смртта на Навални. Невообичаено било тоа што, оценува Асошиејтед прес, за прв пат во пет...

(ИНТЕРВЈУ) Малиукевичиус: Руското влијание се обидува да нè заслабне и натера да ја свртиме главата од Украина

Првично сметав дека целта на операциите на руско влијание е да се креираат одредени симпатии за рускиот режим и за руската идеологија. Но, нивната главна цел сега е едноставно да создадат поголем хаос внатре во соседните држави, за да нè направат да ја свртиме главата и да ги погледнеме нашите внатрешни проблеми, за да престанеме да ја поддржуваме Украина...

Руската пропаганда повторно шири паника за наводен пуч во Украина

Во регионот повторно кружат гласини дека украинските специјални служби се незадоволни од новото раководство на украинската армија и „подготвуваат“ државен удар. Како и претходно, дезинформациите доаѓаат од руската државна агенција „РИА Новости“, но овојпат главен извор се говорни пораки на еден член од тајна Телеграм група. Автентичноста на снимените говорни пораки не може да се верификува, ниту пак, идентитетот...

Уште еден врвен менаџер во рускиот сектор за нафта и гас е пронајден мртов

Виталиј Робертус (54), потпретседател на руската компанија за нафта и гас Лукоил, е пронајден мртов. Тој е четвртиот менаџер на Лукоил кој почина од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, соопшти Украинска правда. „Со длабока тага објавуваме дека Виталиј Владимирович Робертус, потпретседател на компанијата, ненадејно почина на 54-годишна возраст“, ​​се вели во соопштение за медиумите. Владимир Некрасов, претседател на Одборот...

Сојузникот на Навални, Леонид Волков вети дека ќе ја продолжи борбата против Путин откако беше нападнат со чекан

Леонид Волков, долгогодишен помошник на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, вети дека ќе ја продолжи борбата против рускиот претседател Владимир Путин, откако беше нападнат со чекан пред неговиот дом во Литванија, пренесува Гардијан. „Ќе работиме и нема да се откажеме“, рече тој во видео објавенo на Телеграм денес, тврдејќи дека нападот што го остави со скршена рака е „карактеристичен...

Не е точно дека Мексико сака да се приклучи на БРИКС

Тврдењето дека Мексико сака да се приклучи на БРИКС во 2024 година е невистинито и беше демантирано дека има ваква одлука од властите во Мексико, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На Фејсбук објава прикачена е фотографија од заедничка средба на лидерите на Мексико и Кина и напишан е текст кој тврди дека Мексико сака да...

Руски студент заврши во затвор поради про-украинско име на „Wi-Fi“ мрежа во студентски дом

Студент е осуден на 10-дневен затвор во Москва, откако ја именувал својата „Wi-Fi“ мрежа со про-украински слоган, пренесе Би-би-си. Студентот на Московскиот државен универзитет ја преименувал својата интернет мрежа во „Slava Ukraini!“ (Слава на Украина!). Московскиот суд во четвртокот го прогласи за виновен за прикажување „симболи на екстремистички организации“. Студентот бил уапсен во средата наутро, откако полицаец го пријавил името на мрежата...

Се реактуелизира рускиот дезинфо наратив за постоење лаборатории за биолошко оружје во Украина

Приказната за „тајните американски биолаборатории во Украина” е мит на руската пропаганда. За таа цел се злоупотребува изјавата на Викторија Нуланд од март 2022 година, дека има биолошки лаборатории за истражување во Украина. Нуланд тогаш пред Сенатот на САД кажа дека Украина има подлога за биолошко истражување, додавајќи дека е загрижена дека руските воени сили настојуваат да ги заземат...

Петкатниот автобус не е руски, фотографијата е направена со вештачка интелигенција

Петспратниот автобус прикажан во објавата што ја анализираме нема никаква врска со Русија. Истиот е производ на вештачка интелигенција, односно креиран е со помош на алатката Bing Image Creator, што е јасно наведено на Редит, каде што е објавена оваа фотографија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија, при што...

Амбасадата на САД во Москва предупреди на можни терористички напади во Русија

Амбасадата на САД во Русија ги предупреди државјаните на САД кои престојуваат во земјата да избегнуваат големи собири во следните 48 часа поради закани од терористички напади, односно напади при поголеми собири, вклучително и концерти. Според известувањето, државјаните на САД треба да внимаваат што се случува во нивната околина, да избегнуваат толпи и да следат на локалните медиуми за нови...

Руски разорни дезинформации ја потпалуваат американската политичка сцена

Kлучниот сведок во истрагата за импичмент на претседателот Џо Бајден,  за наводно примање мито од украинска фирма преку неговиот син Хантер Бајден, покрената од републикански политичар од претставничкиот дом на САД, испадна дека не ја говорел вистината кога споделувал доверливи информации до Федералното истражно биро (ФБИ). Не само тоа, туку и според неговите изјави, тој имал контакт со руски претставници кои...

Макрон ги повика сојузниците на Украина да не бидат „кукавици“

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера во Прага рече оти наближува момент во Европа кога веќе нема да е „соодветно да сме кукавици“, пренесува Ројтерс. Оваа изјава доаѓа откако претходната недела Макрон изјави дека не ја исклучува опцијата да се пратат европски војници на бојното поле во Украина. Вчера Макрон рече дека стои зад изјавата, на која неколку европски лидери, вклучувајќи...

Руски дезинформации сејат магла и антизападно расположение во С. Македонија

Бројни дезинформациски наративи се истурија во земјава преку странски канали за да го свртат јавното мислење во полза на Русија, а на штета на Украина од почетокот на воената инвазија до денес. Анализата на пет најчести дезинформациски наративи, како и разговорите со безбедносни експерти и политички фактори, укажуваат на тоа дека руските дезинформации не доминираат во јавниот простор, но...

Германија поради Русија ги засили мерките против шпионажа

Русија нема да успее да создаде поделби во Германија, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во врска со неодамнешното руско шпионирање на германската армија, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Пропагандната машина на Путин сака да ја дискредитира нашата земја, да манипулира со јавното мислење и да го подели нашето општество“, изјави денеска министерката за медиумите од медиумската група „Функе“. „Ги...

Писториус: Тврдењата на Кремљ дека Германија планира војна со Русија се апсурдни

Руските власти соопштија дека наводна снимка од германска воена дискусија покажува оти вооружените сили на Германија разговарале за планови за напад на руска територија, пренесува Гардијан. Руските медиуми во петокот објавија 38-минутна снимка од разговор во кој наводно се слушаат германски службеници како разговараат за оружје за Украина и потенцијален удар од Киев на Кримскиот мост, што ги натера властите...

Најмалку 120 луѓе уапсени во Русија за учество на собири во спомен на Навални

Најмалку 120 луѓе беа уапсени во Русија за учество на собири во спомен на Алексеј Навални, кој вчера беше погребан во Москва по неговата сомнителна смрт во затвор минатиот месец. Навални беше погребан на гробиштата во близина на неговиот дом од детството во Москва, додека десетици илјади симпатизери беа спречувани од полицијата да се приклучат на церемонијата. На роднините и...

Навални погребан во Москва, го испратија илјадници Руси под силно полициско присуство

Илјадници Руси го скандираа името на Алексеј Навални изјавувајќи дека нема да им простат на властите за неговата смрт, додека денеска во Москва траеше погребот на најголемиот опонент на Владимир Путин. На видеата кои се емитуваа во живо од гробиштата Борисовски, мајката на Навални, Људмила и таткото Анатолиј се наведнаа над неговиот отворен ковчег за да го бакнат за последен...

Москва не сака преспански јаболка, а бананите од Еквадор сепак ѝ биле повкусни од индиските

Ако притисокот на Русија не беше толку лесно воочлив во македонскиот случај со забраната за увоз на ресенски јаболка, оној со Еквадор е прилично јасен. Со вешто маневрирање на бизнис секторот, притисокот на еквадорското раководство успешно влијаеше да се премисли за понудата на САД за замена на старото советско оружје и хардвер со нови и софистицирани оружја, во спротивно...

Путин повторно предупреди на ризик од нуклеарна војна

Во своето годишно обраќање во рускиот парламент, рускиот претседател Владимир Путин ги уште еднаш предупреди Западот и НАТО дека доколку пратат свои војници во Украина постои вистински ризик за нуклеарна војна, потенцирајќи оти Русија има свои цели во Западот. Иако и генералниот секретар на НАТО, како и САД и Обединетото Кралство јавно посочија дека не би пратиле свои војници во...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...