fbpx
Таг: кредити

таг: кредити

(АНАЛИЗА) Полесно до кредити: новоодобрените со пониски камати, условите ќе „олабавуваат“, побарувачката ќе се зголемува

Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 2 милијарди евра. Кредитните услови, пред сè, преку каматите и провизиите, ќе олеснуваат, пишува Порталб.мк. Со почетокот на оваа економска година банкарите очекуваат зголемена побарувачка на кредити - и од страна на фирмите и од граѓаните. Просечната камата на вкупните кредити на ниво од 5,55% Минатата година помина во знакот на „поскапи“ кредити...

НБРСМ: Во октомври депозитите малку се намалиле, кредитите малку се зголемиле

Вкупните депозити во земјава во октомври во однос на септември се намалиле за 0,3 отсто, како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата остварија раст. Споредено на годишно ниво, пак, вкупните депозити бележат раст од 8,0%, којшто се должи на повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“, соопшти Народна банка...

Банката за развој на Советот на Европа со 50 милиони евра за нашата економија

Македонските претпријатија ќе имаат пристап до нови 50 милиони евра за поттикнување на отворањето нови работни места и инвестирање во основни и обртни средства. Административниот совет на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ), на седницата одржана на 16 и 17 ноември 2023 година донел одлука за одобрување на Програмски заем во износ од 50 милиони евра за...

Компании и граѓани ќе имаат пристап до кредити за обновлива енергија и енергетска ефикасност

Преку инструментот „Зелен финансиски инструмент“ се обезбедени финансии од 46 милиони евра кои ќе можат да ги искористат мали и средни претпријатија и граѓани од ранливи категории за воведување на технологии од обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска се обрати на настанот за промоција на финансиските продукти од проектот „Зелен финансиски инструмент", кој се имплементира...

ЕБОР со кредит од 100 милиони евра за ЕСМ за зајакнување на енергетската безбедност

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поддржува енергетската безбедност во Северна Македонија со кредит од 100 милиони евра одобрен на државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). „Кредитот за итна ликвидност на ЕБОР ќе му помогне на ЕСМ да ја одржи финансиската отпорност и да продолжи да ги обезбедува основните услуги. Средствата од кредитот ќе се користат и...

Народна банка: Банкарскиот сектор е стабилен и соодветно се справува со предизвиците

Банкарскиот сектор е стабилен и соодветно се справува со тековните предизвици, при што окружувањето и натаму е неизвесно како резултат на глобалните фактори и проследено со сѐ уште високи, иако намалени, стапки на инфлација и затегнување на финансиските услови. Вака е оценето во Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2023 година што утрово го разгледа...

Кина ја одби Србија за одложено плаќање на кредитите, Александар Вучиќ бара помош од ЕУ

Српската влада неодамна се обидела да договори репрограмирање на долгот што го има кон кинеските кредитори, но партнерите од Пекинг не биле заинтересирани за било какви отстапки за одложено плаќање на кредитите, пишува српскиот портал Демостат кој го пренесува и белградскиот неделник Време. По негативниот одговор што го добиле од Кина, претседателот Александар Вучиќ побарал помош од премиерот на Луксембург,...

АНАЛИЗА: Банките ги заострија кредитните услови, фирмите и граѓаните воздржани за нови задолжувања

Дури 80 отсто од директорите на големите банки оценуваат дека висината на каматата на кредитите е еден од условите што се смениле во поглед на одобрувањето кредити, а 24,6 отсто изјавиле дека во изминатите месеци е намалена побарувачката за кредити од страна на малите и средни фирми, пишува Порталб.мк. Банкарите оценуваат дека во следниот период ќе има олабавување на кредитните...

АНАЛИЗА: Се стега кредитниот ремен, каматата надмина 5 отсто

Кредитите и дефинитивно значајно поскапеа. Ако 2022 година започна со камата од 4,3 отсто, во оваа нова банкарска година каматата на вкупните кредити достигна 5%, а новоодобрените дури се и со повисока камата. Високите камати веќе се одразија врз кредитирањето и има забавено темпо во првиот квартал од оваа година. Кај граѓаните најголем дел од долгот кон банките е...

Кинески капитал во регионот: Србија светски рекордер, Македонија во „златна средина“ [инфографик]

Во последните две години, Србија постанала светски рекордер според приливот на кинески капитал и кредитното задолжување од Кина. Алармантните податоци кај северниот сосед не се идентични со состојбата во Северна Македонија, која во изминативе три години немала забележителна инвестиција од Кина или кредит којшто бил подигнат од надлежните власти. Албанија и Косово се на самото дно според приливот на...

Недељник: Србија е светски шампион во задолжување и прилив на капитал од Кина

Србија во 2022 и 2021 година била светски првак според задолжувањата и приливот на капитал од Кина, пишува српскиот неделник „Недељник“. Србија земала вкупно 8,03 милијарди долари како кредити од Кина, вклучувајќи ги и кинеските инвестиции, со што нашиот северен сосед во изминативе две години се искачил на самиот врв во светот, се наведува во истражувањето „China Global Investment...

Мета факт: Добиен заем од 50 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето

Владата во својата Програма за работа за периодот од 2022 до 2024 година има ветено дека ќе се обезбеди заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во висина од 50 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето во земјава. Овие средства од страна на македонската влада беа обезбедени кон крајот на 2022 година од ЕИБ, но реализацијата на проектите за реконструкција...

АНАЛИЗА: Парите ги трошиме сега, камата ќе плаќаме следните 15 години – колку и по кој основ должи државата на домашните кредитори

Само кон домашните кредитори, банки, осигурителни компании, пензиски фондови, по основ на земен заем државата должи повеќе од 2.500.000.000 евра, пишува Порталб.мк. Внатрешниот долг кон домашните кредитори значајно е зголемен, но во исто време драматично е променета структурата – над 76 отсто од долгот е долгорочен. 1,1 милијарда евра или скоро половина од внатрешниот долг е со рок на отплата...

АНАЛИЗА: Зголемени камати за „минусот“ на картичките, раст и на каматите за кредитите

За само една година, значајно зголемување на каматите на новоодобрените кредити за фирмите - просечната камата надмина 5 отсто. Зголемени се и каматите за минусните салда на трансакциските сметки, пишува Порталб.мк. Расте бројот на банкари кои го следат сигналот од Народната банка за раст на каматите – тој број го достигна нивото од кризната 2008 година. Каматите на кредитите за...

Топловодните цевки од РЕК стигнаа до Битола, парно во 2025 година

Цевките кои ќе пренесуваат топлинска енергија од РЕК стигнаа до Битола. Првите приклучоци на централно греење во овој град се очекуваат веќе во 2025 година. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека започнале градежните активности за спроведување на топловодот во индустрискиот дел од градот. Изградени се дванаесет километри од топловодната гранка од РЕК до Битола, информираше денеска директорот на...

Анализа на „Порталб“: Заострени услови за кредитирање за фирмите и за граѓаните

Заострената монетарната политика се одрази врз каматите на кредитите – банките ги зголемија, што е еден од факторите за заострување на условите за кредитирање. Банкарите очекуваат дека овој тренд ќе се одржи до крајот на оваа година. На 31 октомври вкупната кредитна задолженост на граѓаните и на фирмите надмина 6,7 милијарди евра, пишува Порталб. Кредитирање на фирмите Компаниите во банките на...

Новиот клинички центар за три години исцица половина милион евра за дваесетина хонорарци

Вистиномер го проверуваше секое лице на чија сметка се слеале пари во последните три години од проектната единица за изградба на нов Клинички центар – сумите се движат од 5.500 до 90.000 денари месечно. Што точно работеле овие лица останува нејасно, бидејќи нема никаква најава за изградба на нов клинички центар во Скопје, а не беше направена ниту реконструкција...

Град Скопје одби да гради брз автобуски транспорт, со ребалансот повлечени парите за нов јавен превоз

Скопјани нема да добијат брз автобуски транспорт (БРТ) во Скопје оти градските власти одбиваат да го реализираат проектот вреден 70 милиони евра, за кој веќе се обезбедени средства преку заемот од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Инаку, претходното градско раководство во октомври лани го распиша меѓународниот тендер за изведба на првата БРТ линија од Ново Лисиче до...

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка на 2,5 отсто поради инфлацијата

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка се одлучи на ново зголемување на основната каматна стапка на благајничките записи за 0,5 процентни поени до нивото од 2,5 отсто, информираат од Народната банка. Понудата на благајнички записи на редовната аукција не се промени и изнесува 10 милијарди денари, одлучил Комитетот на редовната седница што се одржала вчера. „Се очекува дека...

Анализа на Порталб: Банките во пресметка – раст на каматите за кредити и за депозити

Литар масло за јадење 2,5 евра. Празнично зголемена потрошувачка – но и зголемени цени на прехранбените производи. Инфлацијата и натаму ќе забрзува. Токму со ова образложение Народната банка направи „скромен", но прв чекор кој навестува затегнување на монетарната политика, пишува Порталб.мк. Банкарите велат дека се пресметуваат повисоки камати за кредити и за депозити. Каматите ќе растат По потегот на Народната банка за...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...