fbpx
Таг: зима

таг: зима

Зеленски: Шест милиони украински домаќинства сè уште се без струја

Шест милиони украински домаќинства сè уште се без струја, по масовните руски ракетни напади кои ја погодија земјата оваа недела, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски и посочи дека милиони луѓе, во очи на зимата, и понатаму се без светлина, вода или топлина, а меѓу најтешко погодените се регионите Одеса на југ, Лвив на запад, како и градови во централна...

Бектеши: Енергетски најтешката зима е пред нас, очекувам да нема рестрикции доколку сè оди според планот

Очекуваме тешка зима и затоа Министерството за економија планира во август да прогласи кризна состојба во делот на електричната енергија, најави денеска ресорниот министер Крешник Бектеши на брифинг со новинарите и порача дека нe очекува да има рестрикции доколку сè се одвива според планот. „Планираме да ја ставиме во функција Комисијата согласно Законот за енергетика и во август да прогласиме...

Патниот правец кој води низ Галичица и оваа зима останува затворен за сообраќај

Есенва, како и децении наназад, „Македонија пат“ стави забрана до 1 април за користење на патниот правец кој води преку Галичица од ресенското село Царина до Трпејца. Наместо државата сите овие изминати години да направи напор и да го санира, таа повторно става забрана за негово користење, и покрај тоа што Охрид е се поинтересна дестинација за сите оние кои...

Град Скопје ветува дека ќе ја забрза постапката за снабдување еколошки автобуси

Старите автобуси кои циркулираат повеќе од 30 години во Скопје спаѓаат меѓу најголемите загадувачи во градот. Со години граѓаните бараат нивна замена, додека Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и градот Скопје пред шест месеци ветија дека истите ќе бидат отстранети од употреба. Според информациите што ги обезбеди „Порталб“, ЈСП ја започна финалната фаза на снабдување 40 еко-автобуси кои директорот на...

Првиот ден на летото сончев со умерена облачност, на западот попладне невреме

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура се движеше од 14 до 19 Целзиусови степени, а  дневната ќе изнесува од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе биде 8. Во Македонија и на северната хемисфера денеска почнува летото, а истовремено на јужната...

Зимската служба на Скопје до сега фрлила 455 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатите часови ги поминале сите булевари и улици што се во нивна надлежност, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“, информираат од градската администрација. Во текот на вчерашниот ден и изутрината на градските улици и булевари фрлени биле 455 тони индустриска сол. „И во текот на денешниот ден...

Времето денеска сончево со слаб ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Претпладне по одделни котлини има појава на слаба магла. Температурите во текот на денот ќе се движат од 5 до 11 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер, претпладне со појава на слаба магла. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 6 Целзиусови степени. Во...

Старица почина од студ во пехчевско Црник

Поларната температура во Малешевијата ја зеде првата жртва. Ноќеска околу полноќ 80-годишна старица паднала во ходникот на семејната куќа, каде останала во текот на целата ноќ. Премрзната, со слаби знаци на живот, старицата изутрината ја нашол член на семејството. Веднаш дошла итна медицинска помош, чија екипа три часа се борела за животот на жената. - Ги применивме сите мерки за...

Од утре задолжително носење зимска опрема во возилата

Од утре, 15 ноември, на сила стапува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед каква е временската состојба во моментот, информира Автомото-сојузот на Македонија. Обврската ќе трае до 15 март 2017 година. Казната за неносење зимска опрема изнесува 45 евра.

Се зголемува невработеноста во САД

Во американската економија во март биле отворени 215.000 работни места, но стапката на невработеност се зголемила, покажуваат денеска објавените податоци на американското министерство за труд. Бројот на нови работни места е подобар во однос на очекувањата на аналитичарите кои прогнозирале отворање на 200.000 работни места, но и покрај тоа стапката на невработеност се зголемила на пет отсто од 4,9 отсто...

Заврши обврската за поседување зимска опрема

Денеска завршува законската обврска за возачите задолжително да поседуваат зимска опрема во возилата. Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата стапи на сила на 15 ноември минатата година.

Денеска сончево и потопло време

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 7 до 13 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината ќе биде променливо облачно со температура до 11 Целзиусови степени. Утре ќе има јужно воздушно струење кое ќе донесе умерено облачно време со повремени сончеви периоди и максимална...

Времето денеска сончево и потопло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 4 до 14 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 10 Целзиусови степени. Во наредните три дена ќе преовладува стабилно, суво и потопло...

Утринава негативни температури низ Македонија

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, која во текот на денот постепено ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Вредностите на утринската температура измерена во земјава се: минус 10 во Маврово, минус 9 во Лазарополе, минус 7 во Крушево, минус 6 во Крива Паланка, минус 5 во...

Времето денеска студено и ветровито

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито, со засилен ветер од северозападен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 70 километри на час. За време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. До понеделник ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Магливо утро, сончев ден

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а по котлините со појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено во Повардарието. Температурата ќе се движи од 9 до 16 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 11...

Времето денеска сончево, но студено

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, проследено со слаб ветер од северен правец. Дневната температура секаде ќе бидат над нулата, при што максималната ќе достигне до 6 Целзиусови степени.  

Денеска студено, најмногу снег на Маврово

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровитo и студено, со умерен северозападен ветер, кој ќе биде најсилен долж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи од минус 9 до 1 Целзиусов степен. Најмногу снег наврна на планините. Највисока снежна покривка има на Маврово, 43 сантиметри, потоа во Лазарополе - 34 сантиметри, во Дебар наврнаа 32 сантиметри, во Пожаране - 31 сантиметар, Крушево - 25,...

Времето денеска во Македонија облачно и посвежо

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег. Претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, а по одделни котлини, особено претпладне, ќе има појава на магла и на ниска облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер,...

14 семејства во Штип ги поминуваат зимските ноќи под ведро небо

Четврта ноќ по ред, под ведро небо, на негативна температура ќе преспијат педесетината станари на опожарената зграда на некогашното нервно одделение во Штип. Меѓу нив има и мали деца, стуткани под најлоните, поставени под стреите на околните згради. Еден мал дел е згрижен кај роднини, а другите ја очекуваат грижата од заедницата. Помошта, велат, тешко стигнува. Особен проблем е немањето храна. -...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...